Помалку средства за проекти на југозападен регион

Во програмата за 2012 застапени се повеќе проекти во споредба со минатата година, но скратени се средствата за реализација на истите.

 |  Билјана Николовска  | 
Sednica
седница Југозападен плански рег.

sednicaУправувањето со цврстиот отпад ќе оди со средства на ИПАРД фондовите. Оваа одлука едногласно ја прифатија градоначалниците на југозападниот регион. Со тоа пропаѓа идејата за издавање под концесија на локација за изградба на регионална депонија. Претседателот на Советот на Југозападниот регион Рамиз Мерко вели дека иако не ги добиваат потребните средства од државата тие ќе настојуваат да дадат приоритет на оние општини кои досега воопшто не добиле проект.

На денешната седница на југозападниот регион беше претставена и физибилити студијата за собирање, одведување и третман на отпадни води на потегот Градиште до комплексот Св. Наум. Изготвувачот Ангел Панов, вели дека одбрана е најпогодната според нив инвестициска вредност за овој голем проект, од 2 милиони евра што секако општините најнапред треба  да изнајдат средства како гаранција за да се отпочне.   

sednica strugaДоколку би се реализирал овој проект би се добила заштита на Охридското Езеро од највисок степен. Исто така и околните туристички места Пештани, Трпејца, Љубаништа, би се препородиле бидејќи одлевањето на шахтите ќе замине во историјата, смета Панов. Доколку се испаден како што терба овој проект би се реализирал до 2015 година.

Министерот за екологија Абдулаќим Адеми иако беше најавен, не дојде на седницата поради задолжително присуство на итната седница на Влада.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top