Но забраната за нејзина употреба за пиење и понатаму е на сила. Физичко хемиските и микролошки анализи кои ги прави Центарот за јавно здравје Охрид ќе покажат кога стружани ќе може да ја користат водата без последици по своето здравје.
Четврт ден водата во Сруга е забранета за пиење. Иако се стабилизира матноста, која денес е во границите на нормалата ќе следат физичко- хемиски и микролошки анализи во Центарот за јавно здравје, по што инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство се очекува да ја тргнат забраната.
„Ги информиравме граѓаните да избегнуваат за користење водата. Останатите параметри на водата и физичко хемиски и микробиолошки беше во ред немаше загадување што е добар сигнал. Имавме мало миркобиолошко загадување на извориштето во Шум , но таму водата не се дезинфицира . Овде на другите места количеството на хлор и денес исто така е во граници на дозволеното и таа вода по завршените анализи утре ќе може конечно да се каже дали таа е здрваствено безбедна за пиење“, вели Сашо Точков
Стружани револтирани. Деновите кога немаат исправна вода од градскиот водовод трошат пари за флаширана.
„Водата е матна во Струга. Неможеме да пиеме и затоа треба државата, но и општина да преземат мерки за оваа состојба.“
„Многу е матна водата поради дождовите кои врнеа деновиве. Ова е недозволиво за Струга кој е туристички град и е домаќин на многу гости, но и поради имиџот на нашиот град.“
Проблемот со водата во струшко е редовен. При поројни дождови доаѓа до нарушување на квалитетот во изворите во Шум и Белица. Локалната власт во Струга пред речиси една година најави решавање на овој проблем.
„Матната вода знаеме од што е заматена меѓутоа не занеме што тој муљ, блати тиња, носи со себе какви компоненти дали е аа тиња тука подолго време или се менува тоа се други анализи мисламдека е збеазалено да се испитува бидејки и тоа се менува треба да се избегне да не доаѓа воопшто до вакво заматување“, додава Точко.
Се препорачува граѓаните да не ја конзумираат водата се додека трае забраната. Заматената вода во водоводот може да предизвика здравствени проблеми кај населението.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град