Подновени одбори на струшките гимназии

Струшките гимназии „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“со нови членови претставници во Управните одбори.

 |  Николовска Биљана  | 
Nikola Zaturoski
Никола Затуроски

Струшките гимназии „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“со нови членови претставници во Управните одбори.

sednicaОваа точка беше наметната во дневниот ред на петтата седница на советот на општина Струга. Советничката група на СДСМ затекната од ова нова состојба гласаше против.

Прескокната законска регулатива. Советникот од редовите на СДСМ Илија Мацески на петтата седница на советот на општина Струга, заедно со останатите претставници од неговата опција, гласаа против иницијативата на предлог решението за именување претставници членови на Управните одбори во двата средношколски центри, „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“. Мацески го образложи нивниот негативен став.

Директорот на „Нико Нестор“ Никола Затуроски пак, од друга страна за да не дојде до недоразбирање, ја образложи потребата од итноста на овој предлог. Како причина посочи тоа што во неговиот ресорен дел истекува мандатот на постоечкиот Управен одбор.

Иако точката за предлог решението за именување претставници членови на Управниот одбор била вметната како итна, советниците ја изгласаа, но многумина беа затекнати од истата, посебно советникот Мирсад Мемишоски кој беше крајно незадоволен воопшто од известувањето за седниците и дополнителните точки. Тој рече дека материјалите се доставуваат пет дена однапред, а не пет до дванаесет како што е досегашната неаѓурна пракса на општинската администрација.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top