Петко Кутаноски, ќе ги враќа долговите на ЈП Комунално

ТВМ неофицијално дознава дека тој ќе биде прв човек на ова претпријатие.

 |  Билјана Колоска  | 
Valjon Dzila
Ваљон Џила

Актуелниот директор на ЈП  Комунално, Ваљон Џила ќе биде заменет со член на ВМРО ДМНЕ. Ноефицијално веќе е договорено на директорската фотеља на претпријатието  да седне Петко Кутаноски, долгогодишен активист на ВМРО  ДПМНЕ. Ова е договорено по пазарењето помеѓу ДУИ и вмроовците за претседател на струшкиот совет.

ProakvaСпоред информациите на ТВМ, најверојатно промени во раководниот тим во  МЈП  Проаква нема да има. Неофицијално на актуелниот директор на претпријатието,  Агни Лена, инаку член на ДУИ,   ќе му биде продолжен мандатот за уште 4 години.

„Досега директорите на претпријатијата позитивно одговорија на своите обврски. Во иднина ќе видиме кои се заедничките интереси на на сите релевантни фактори и ќе одлучиме што понатаму“- вели  градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.

Дали пазарењата помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ ќе бидат реализирани, како што првично е договорено,  останува да видиме. Во градов, ова прашање деновиве е се поактуелно.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top