Пет нови спортски сали

Локалната на Струга, веќе издаде одобренија за изградба за новите спортски објекти. Познат е и изведувачот. Станува збор за фирмата Гранит, која го доби тендерот од старна на Министерствот за образование.

 |  Билјана Николовска  | 
sportska sala
спортска сала

Во пет струшки населени места ќе се градат спортски сали. Приоритет ќе се даде на изградба на спортска сала во струшкото село Лабуништа, каде што веќе првиот човек на општина Струга, градоначалникот Рамиз Мерко и претставници на фирмата изведувач „Гранит“ од Скопје, имаат направено надзор. Развојот на спортот е од огромно значење, смета градоначалникот Мерко. Тој додаде дека спортските терени ќе се прават во модерен стил каде ќе има за секој по нешто и за локалната и за централната а најмогу за мештаните.

Ramiz MerkoМерко признава дека неколку спортски објекти се срам за градот и воопшто за државата. Пред се тука тој мислеше на двата руинирани пливачки базени кои се во ужасна состојба. Мерко остава отворен простор да се отпочне со преземање на мерки овие објекти да не се срам за градот туку напротив да се стават во нивна функција. Тука тој ја нуду и помошта на општина Струга, се во интерес на грдот.

Развојот на спортот во Струга е повеќе од потребен смета Мерко. Тој се надева дека нивните напори позитивно ќе резултираат и спортските објекти ќе бидат исполнети се млади, каде што всушност им е местото а не по кафетериите и останатите затворени простории од таков карактер.

 

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top