Стотици видови птици ја напуштија Струга. Причина, агресијата на човекот кој ја пали трската крај крајбрежјето.
Проблемот со палењето на трската не е нов. Таа се обновува, но исчезнуваат ретките видови на птици. Тоа посебно е изразено на езерскиот појас од Струга кон Калишта. Дали треба на тоа да останеме неми или да прашуваме и да не се откажуваме се додека не добиеме одговор…. Кој ја пали трската? Дали сторителите се свесни за нејзиното огромно значење за езерскиот биодиверзитет? И како е можно тоа дивеење и насилство на поединци да се толерира? Познато е ама добро е да се истакне. Последниве десет години крајбрежниот појас на Охридското Езеро е подложен на силна агресија од страна на човекот.
„Струшкиот дел на охридското крајбрежје ќе остане без неколку видови на специфични птици. Нивниот пекол е палењето на трската“.
Исправени пред проблемот со палењето на трската, кое дирекно делува врз исчезнувањето на ендемските видови птици, застанаа од НУЗМ „Др Никола Незлобински“. Проблемот е ургентен и итно треба да се делува вели Др. Сашо Цветкоски првиот човек на музејот. Според него доколку не се преземат потребните мерки утврдени со закон, со птиците ќе се збогуваме засекогаш и ќе ги гледаме само како изложени експонати од минатото, препарирани во музејот.
„Богатството со кое располагало Охридското Езеро и пределите на Струга посебно по течението на реката Црн Дрим се импресивни. Ние во континуитет освен што имаме можност да изложуваме, ние и како институција која се бави со научно истражувачка дејност во сферата на природното наследство, значи перманентно ја следиме состојбата и постојано сме на терен. Но сега ова што се случува последните години со катастрофалното палење на најтесниот крајбрежен појас, едноставно ние ќе ги изгубиме сите ендемски видови кои егзистирале со векови. Ќе го изгубиме засекогаш нивното природно живеалиште“, вели директорот.
Др. Цветкоски напоменува дека досега никој не го кажал пироманот кој ги врши овие злодела. Тој додава дека јавноста треба да знае што се се уништува од нашето природно богатство со палењето на трската.
„Целиот нивен животен циклус е поврзан со тој крајбрежен појас кај што е трската. Тука тие живеат тука се гнездат, ние тоа го следиме. Но сега во ова време последниве три четри години така е изразена таа девастација на тој појас тука, да ние веќе не можеме да најдеме ни птичка ни гнездо ни едно поголемо јато птици. А може да замислите кое богатство го имамевме. Стотици барски езерски птици поврзани со тој простор ни бегаат. Упатувам апел до сите да не дозволиме губење на една еко целина“, вели Цветкоски.
Диреккторто на струшкиот музеј информира дека дел на птиците се угинати а дел мигрирале на Преспанското Езеро. Како пример за тоа го посочи пеликанот и чапјата, кои некогаш егзистирале на Охридското Езеро, а сега голема колонија од овие видови се следат на островот Голем град во Преспа.
Оваа проблематика години наназад се провлекува, и досега надлежните не пронајдоа начин состојбата да се надмине. Крајно време е луѓето задолжени за неговата заштита да почнат да ги читаат законите за заштита на природата, на езерата, донесени во Собранието на Република Македонија и соодветните акти донесени на локално ниво, да ги применуваат. Уште повеќе што овај појас е под заштита и на УНЕСКО.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град