Мирни, но не и фер избори. Од ПЕИ не се задоволни како помина изборниот процес во Струга.
По бројните забелешки за нерегуларности, очекуваат дека во овој регион ќе се поништи гласањето.
Реагираа на многу неправилности при гласачкиот процес. Велат дека биле вршени многу нерегуларности и тоа во избирачките места каде доминира албанското население.
Повеќе групи оделе по избирачките места и гласале во име на други лица, полнеле кутии – но на поинаков начин од претходните избори, тврдат од ПЕИ.
Од оваа партија веќе се поднесени приговори до ОИК, за вкупно 26 избирачки места кои носат 3 илјади гласови. Најавија дека забелешките ќе ги достават и до Државната изборна комисија. „Без сомнение таму имаше полнење на кутии… за разлика од 2008 година, гласачкото тело е зголемено за 4 илјади гласа“ тврди Цаноски. За бројните нерегуларности го информирле и евроамбасадорот Фуере, кажуваат од ПЕИ.
„Доколку има правна држава – вели градоначаничкиот кандидат – ќе се поништи гласањето во неколкуте избирачки места, а големи се шансите целиот избирачки процес во Струга да падне во вода“ додава Цаноски.
Од ДУИ пак, единствена забелешка за овие избори е тоа што специјалните единици без причина нападнале четворица активисти на нивната партија. Еден од нив бил насилно претресуван, легнат на земја и малтретитан, а потоа приведен, тврдат од таму.
Инаку, во струшкиот регион се гласаше на 78 избирачки места, а право на глас имаа 53.371 гласач.
Според сегашните неофицијални резултати, градоначалничкиот кандидат од ДУИ, Рамиз Мерко освои вкупно 16 666 гласа додека кандидатот од ПЕИ, Фијат Цаноски 14 958.
Од претседателските кандидати Ѓорѓе Иванов, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ има освоено 8 359 гласа, додека неговиот против кандидат Љубомир Фрчкоски од СДСМ – 7 113 гласа.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град