Пазарот на капител во земјава стагнира

Македонските берзи се многу мали во споредба со оние на меѓународниот пазар. Експертите кои учествуваа на 11-тата конференција на македонската берза, како еден од можните излези за надминување на ваквата состојба, ја гледаат во регионализација на берзите.

 |  Билјана Николовска  | 
konferencija
конференција

konferencijaВо Охрид се одржа 11-тата конференција на македонската берза. Годинава на овој настан присуствуваа 170 учесници. Организаторите на конференцијата задоволни од одзивот, посебно што овој пат изразено било присуството на еминентните гости од дипломатскиот кор, министрите за финансии на Македонија и Бугарија, претставниците од евроазиската федерација на берзи, како и од претставниците од регулаторните тела од Австрија и Словенија. Советничката на управата на македонската берза Евита Иванова вели дека за време на двата конференциски дена биле изнесени интересни ставови и  размислувања на експертите околу темите на кои се дискутирало.
За пазарот на капитал во нашата земја во моментов не може да се каже дека бележи позитивен тренд. Иванова рече дека на ова поле има стагнација со благи симптоми на придвижување на нештата.
Според експертите регионализацијата на берзите би помогнала да се излезе од моментално неповолната состојба. При тоа во предвид било земено дека во нашата земја берзите се мали во споредба со оние на меѓународниот пазар. Годинава исто така по трет пат беа доделени двете награди. За најдобар истражувачки труд беше награден Андреј Пулејков, додека пак наградата за најтранспарентно котирано друштво за 2009 ја понесе Комерцијална банка.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top