„Патриотите“ ги предадоа стружани

СДСМ упати критики до ВМРО ДПМНЕ бидејќи го подржаа кандидатот на ДУИ, за претседател на совет.

 |  Билјана Колоска  | 
Александар Попоски
Aleksandar Poposki

Не стивнуваат реакциите на политичките партии во Струга, по изборот на претседател на советот.
Овој пак, се огласи струшкиот огранок на СДСМ. Од таму упатија многу критики на адреса на ВМРО ДПМНЕ, за кои тврдат оти направиле непоправлива грешка со тоа што го подржале кандидатот за претседател на ДУИ.

Aleksandar Poposki“Најпатриотската партија кој ветуваше спас на македонштината на Струга, даде предност на личните интереси и му се  додворва на градоначалниот Рамиз Мерко. Гласаа со наведнати гласи и кренати раце“-вели претседател на ОК на СДСМ, Александар Попоски.

Како советничка група на СДСМ сметавме дека неопходно беше претседател на совет да биде македонец, вели Попоски. Тоа би било во интерес на подобрување на меѓунационалните односи во градот. Бидејќи градоначалник имаме албанец дека неопходно е претедателот на советот да биде Македонец, затоа го предложивме и колегата Момчило Аврамоски, вела од СДСМ. Со тоа што тој самиот не го прифати предлог и даде смешно образложение,  оти нема време да ја извршува таа функција, зборува повеќе од потребното, истакна Попоски.

Од СДСМ забележуваат и на тоа што беше избран претседател на совет,  без претходно да знаат кој всушност е предложениот кандидат.
Од таму уште еднаш потенцираа дека во натамошната работа на советот, советничката група на СДСМ ќе биде конструктивна опозиција. Велат ќе ги подржат сите проекти кои се во интерес на граѓаните на о.Струга и се покриени со  издржани аргументи.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top