Место каде волонтерите може да ја откријат својата идна професија. Младинскиот центар од Струга, кој претставува дел од проектот „Подобрување на меѓуетничкиот дијалог и соработка помеѓу заедниците“, деновиве ги промовира своите реализирани проекти за само петте месеци од своето постоење. Младите волонтери од центарот, задоволни од стекнатите теоретски и практични знаења.
Додаваат дека тука стекнатите знаења, во голема мера ќе им помогнат во изборот на прифилот на високо образование, како и при изборот на самата нивна професија. Јовческа Славица, координатор на проекти во центарот, вели дека ваквите центри претставуваат вистинска можност како за средношколците така и за основците да ги развијат неопходните вештини кои се неопходни за целосно учество во мултикултурните заедници, каква што е и Струга.
„Засега е огромен интересот, досега работевме со околу 170 деца кои се распределени на различни активности. Имаме две програми, младинска лидерска програма, наменета за средношколците која преку обука им помага индивидуално да се развиваат, притоа да работат во етнички мешани групи на двата јазици. И програмата „Виножито“ програмата наменета за основци, каде имаме активности како танц, цртање, медијација, активнсти за компјутери и слично“, потенцира Јовческа.
Самото отварање на двата вакви центри во Струга и Кичево претставува одговор на загрижувачките трендови на етничка и јазична поделба помеѓу жителите од мултиетничките и мултикултурните средини. Отворените денови, беа наменети за промоција на центарот во Струга, како и на досегашните негови активности, а општо целта на центарот е зајакнување на меѓуетничките односи и соработка помеѓу заедниците преку заеднички интереси и хоби.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град