Пастрмката се враќа во Црн Дрим

Примероци на речна пастрмка до 3 кгр, заблежани во водите на реката Црн Дрим, Струга. Концесионерот на овој риболовен ревир, на големо го најавува враќањето на овој вид риба, како што тоа било некогаш, за што зборува и примерокот од 16 кгр во Музејот д-р Никола Незлобински.

 |  Николоска Биљана  | 

Пастрмката се враќа во реката Црн Дрим Струга. Последниве две три години во водите на реката се забележува по некој примерок од овој вид риба, вели Емил Матоски претседател на концесионерот на риболовниот ревир Црн Дрим 1. Додава дека тое е резултат на нивната грижа, но и законска обврска преземена со концесионерството.

„Наша цел е секоја година се повеќе и повеќе да порибуваме со пастрмка, тое е наша обврска за да ја вратиме таа риба во реката Црн Дрим како што ја имало на времето. Можам да кажам дека изминативе години пастрмката веќе е застапена во уловот кај риболовците оваа година имаше солидни примероци уловено примероци до 2, 5 – 3 килограми риба– вели Матоски

Изминативе неколку години сериозна закана за уништување на рибниот фонд во реката Црн Дрим се рибокрадците. Таа појава отсекогаш постоела  и не може да се искорени, вели Матоски. Но  додава дека со нивните рибочуварски служби успеале да ја намалат.

„Ние со Државниот инспекторат за земјоделие, со МВР, заедно се трудиме да се намали рибокрадството и можам да кажам дека веќе за 70% е намалено рибокрадството. Конкретно во периодот на мрест имавме чести и засилени контроли и имаше поднесено над 20 пријави против рибокрадци што придонесе за заштита на рибите посебно во мрестот“ наагласува Матоски.

Инаку, во овој период нема забрана за ловење на топловодните видови риба нагласува Матоски. Но, за тоа треба сите љубители на рекреативниот риболов да исполнат одредени услови, додава тој.

„Дозволата може да се извади во риболовното здружение „Пастрмка“ Струга, чини 1600 денгодишна дозвола, 200 денари е дневна дозвола, 500 ден е неделна и 700 15 дневна дозвола. Дозвола може да се извади само со поседување на рекреативна легитимација. Дозволена количина за улов е 3 килограми од секој вид риба“ – кажува Матоски.

Речната пастрмката е автохтона риба и отсекогаш живеела на овие простори, нагласува Матоски. Таа според него има идеални услови за опстанок, бидејќи и одговара поладна вода. Летниот период мигрира кон Глобочичко Езеро, додека пак во зимскиот период се враќа во реката Црн Дрим.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top