Стружани скромно ќе го одбележат големиот јубилеј, 70 години од смртта на Д-р.Никола Незлобински. Неговото име е тесно поврзано со почетоците на музејската дејност во Струга, бидејќи тој е човекот кој ги отвора вратите на првата музејска збирка, со што биле поставени основите на музеологијата во Македонија. Финишираат подготовките за одбележување на овој јубилеј, вели директорот на Музејот, Сашо Цветкоски. Тој додава дека единствено Министерството за култура донирало средства за одбележување на овој јубилеј, а со дел од средствата била подготвена спомен собата на Д-р.Никола Незлобински.
„Св…
И Горна Белица од утрово е покриена со снежна покривка.
Ова прекрасно планинско место кое се наоѓа во областа Дримкол, во околината на градот Струга денеска изгледа волшебно како од бајките.
Инаку, станува збор за доста атрактивно село каде што моментално има околу 200 викендички, а уште педесетина се во изградба. Прекрасните пејсажи мамат се повеќе луѓе во овој крај, кој има голема туристичка перспектива.
Фотографијата ја испратија наши читатели на фејсбук страницата на ТВМ Телевизија.
Прашањето за каменоломите во струшко Лабуништа никако да се најде на дневен ред на седниците на струшкиот Совет. Советникот од Нова Демократија, Абдула Ќазимоски во неколку наврати упорно ја наметнува оваа точка. Тој воедно ја образложува итноста од дискусијата на оваа тематика и предупредува на сериозноста на проблемот.„Незнам ако ги делиме некои работи правењето профит е секундарна работа здравјето животот на човекот е примарна работа. Ми се чини дека со ингеренции на општина Струга со нашите можности да делуваме требаше денес да се стави тоа и да се бара одговорност дали е тоа од Минист…
Со задоцнување од еден час од закажаното време отпочна 39 тата седница на струшкиот Совет. Пардон за доцнењето немаше од страна на претседателот на Советот, но затоа пак, седницата почна со извинувања и забелешки на дел од советниците, во врска фамозниот ДУП за крајбрежниот појас. Мацески пред се од морален аспект, побара предлог одлука за поништување на предлог одлуката за НП на локалното крајбрежје. Крајна цел на ваквото барање би било да се изготви друг план кој ќе биде во интерес на граѓаните, додаде тој.„Сакам да кажам дека ние како советничка група кои што гласавме за овој предлог На…
Пропаѓа споменикот на револуцијата во Струга. Малку остана од она што значи спомен и почит кон паднатите борци од НОБ. Надлежните ова место го запоставиле и малку водат грижа за да се зачува вредното, велат стружани. Додаваат дека секој ќош во општината има свое значење.„Треба да се води повеќе грижа за историските споменици. Во Струга се е од голема важност и треба тоа да се негува“Денес тука пред споменикот на револуцијата може да се забележи дека човечката рака само го доуништува она што забот на времето веќе одамна го прави. Искршени скалила, откорнати столови, а каналите за собирање на…
На стружани им се заканува криза за вода. Тоа ќе се случи доколку Министерството за земјоделие не ја преиспита својата одлука за давање под концесија на акомулацијата Шум.
„На последната седница на Советот на општина Струга се донесоа заклучоци каде што се бара веднаш да се прекине со понатамошни градежни зафати во акомулацијата Шум, затоа што претставува важен објект за снабдување на граѓаните на оштина Струга. Исто така општина Струга постапи со барање на времена мерка на суд, вчера и денеска судот треба да излезе на терен, така да постои голем ризик ако не се реши овој спор, наметнат од …
Со гумени чизми до канцалариите на државниот инспекторат. Тежок е пристапот до подрачните единици на Министерството за Образование, Министерството за Труд и социјална политика и неколкуте инспекциски служби во Струга. Причина, јамата која прелива и од каде се шири неподнослива реа, пред самиот влез на спомнатите институции. Проблемот е стар колку што е и стар и објектот, бидејќи оваа зграда не е приклучена во канализациониот систем. Водата од шахтата која прелива, ја има постојано и веќе си има оформено и свој басен, па уште малку треба да постане мала баричка. Но проблемот дополнително доа…
Заедничка цел но со различни методи. Студено НЕ од ВМРО-ДПМНЕ Струга на повикот на СДСМ за подршка на протестите против контроверзниот ДУП за струшкото крајбрежје. Од ДПМНЕ велат: „Замислете СДСМ протестираат против своите одлуки.“ Претседателот на струшката ВМРО-ДПМНЕ, Перо Петкоски со прашање за советничката од СДСМ, Наташа Пинтоска-Беќароска, зошто таа не гласала против предлог ДУП, туку била воздржана.„Гласајки воздржано таа покажува дека и е сеедно што со овој нацрт детален урбанистички план се уништува фудбалскиот стадион, сеедно и е што ќе го снема расадникот на ракометните херои,…