46 годишен стружанец, денеска околу пладне, на женска плажа, при поставување на пумпа на струја за наводнување, добил струен удар како резулатат на краток спој. Тој веднаш бил пренесен во Општа болница Струга. Дежурниот доктор Мирко Лекоски, во телефонски разговор за ТелевизијА ТВМ изјави дека пациентот бил примен во состојба на бесознание, без срцева акција и дишење.„Ги презедовме сите мерки за реанимација и за среќа на пациентот а и наша се разбира, успеавме да го реанимираме и вратиме во живот. Воспоставивме нормално дишење и срцева акција и пациентот се наоѓа во една стабилна состојба …
Фестивалот СВП да се оддржи на достојно ниво. На тоа во иднина ќе работи новоназначениот директор на овој фестивал Мите Стефоски, мотивиран од потребата на книжевниците и љубителите на пишаниот збор, на кои всушност и им служи овој фестивал. Останаа два месеци до почетокот на СВП, и годинава нема да има некои позначајни измени, вели Стефоски. Но за два дена од неговото назначување тој веќе крои планови за реосмислување на фестивалот до година.„ Идејата ми беше да направам еден концепт на фестивалот за 21 век. Знаете има некои фестивалски содржини, кои се белези на тој фестивал, кои секако н…
Од денес, па во наредниве три дена, Струга во знакот на „ГОДИНА НА ЕСЕЈОТ“. Оваа реномирана меѓународна литературна манифестација по шести пат се одржува во поетска Струга, а е во организација на Медитеранската академија „Браќа Миладиновци“. Денес потомците на браќата Миладинови, положија букет цвеќе пред бистата, која се наоѓа пред спомен домот на познатите македонски преродбеници, а со тоа и официјално започна Годината на Есејот. Ристе Миладин потомокот на браќата годинава се обрати со нови стихови пред присутните.
„Јас како потомок по четвртото колено од родословието божјо, мојот поклон …
Во организација на Медитеранската академија „Браќа Миладиновци“ годинава во Струга по шести пат ќе се одржи Меѓународната литературна манифестација „Година на есејот“. Директорот на Академијата, Разме Кумбароски, изразувајќи се со поетски стил, потсети на значението на оваа академија, а посебно на овогодинешниот повод, 150 годишнината од смртта на браќата Миладиновци.
„На почетокот како да беше зборот, потоа Бог и се разбира словото, а сето тоа го чинам затоа што годинава одбележуваме 150 години од смртта на браќата Миладиновци, 150 години болка и жал или век и половина. Сето тоа го кажувам…
„Дипломата креира лидери, учи медицина.“ Ова е мотото под кое веќе трета година, се промовира Програмата за доделувањње медицински стипендии за роми. Анита Абазоска е една од заинтересираните средношколки, кои својата професионална иднина ја гледаат во сферата на медицината.„Медицината ја одбрав, бидејќи од секогаш сум имала желба и знам дека можам да станам едно од тие медицински лица, желбата ми беше огоромна и успеав во тоа и сакам да продолжам, а оваа програма за стипендија ќе ми помогне во тоа и многу сум задоволона ако се случи тоа“ вели Абазоска.Програмата за медицински стипендии за…
Екс муфтијата Ферат Полиси при донесувањето на одлука за рушење на дел на џамијата бил свесен за последиците. Како што веќе информиравме, тој потег го чинеше, негово разрешување. „Ако не го преземев овој чекор на своја рака и покрај предупредувањата на повисоките структури на ИВЗ, како и разните притисоци, муслиманите од Струга ќе се збогуваа со идејата за изградба на голема џамија во градот и центар за клањање“, истакнува Полиси. Додава дека и покрај огромниот притисок што го трпеле, тие си го направиле своето.„Но накрај ние го направивме она што требаше сметајќи дека на градот му треба …
Реакција за уривањето на дел од 5 вековната стара џамија во Струга пристигна од општинскито огранок на ДПА. Муфтијата Ферат Полиси и градоначалникот Рамиз Мерко со злоупотреби на нивните позиции го оцрнуваат имиџот на стружани, истакна на прес конференција, Лавдрим Елмази, претседател на општинскиот огранок на ДПА. Верниците од исламската вероисповед заслужуваат достоинствена џамија, но наместо да се руши џамијата стара 5 века, можеше да се најде место за изградба на нова, рече Елмази. На прашањето дали зад уривањето на џамијата стојат нечии интереси, претседателот на ДПА, со став.
„ Урива…
Уметност, индустрија, претприемништво, стопанство. Еве неколку поими кои имаат заедничко значење за Македонија и Грција. Но не на државно туку на општинско ниво. Младите од двете земји преку проектот „Контакти за заедничка иднина“ ќе ги рушат бариерите кои меѓу нас ги поставува политиката. Како дел од овој проект се одржале неколку подготвителни семинари во четири македонски и четири грчки градови во кои се споделиле искуства од најразлични области. А ова е заклучокот на претставниците од Грција.„Луѓето се многу отворени за соработка. Овој ѕид кој понекогаш го создаваат политичарите помеѓу …