Два дена протестираат и струшките социјалдемократи. Го искажуваме својот револт за кршењето на демократијата, слободата и Уставот пред и во собранието на Р.М. од страна на актуелната власт, вели Ристе Ќушкоски актуелниот претседател на ОО на СДСМ – Струга.„Истовремено сакаме да ја информираме струшката јавност дека советничката група на СДСМ- Струаг не учествуваше во расправа на последната седница на Советот на општина Струга поради изгубената доверба на институциите на власта“ -истакна Ќушкоски.Ќушкоски го повтори ставот на нивната партија на централно ниво, дека можно е да се случи струшк…
Општина Струга во 2013 година на располагање ќе има околу 12 милиони евра. Толку е тежок струшкиот буџетот. Истиот, на денешната редовна 47 ма по ред седница на Советот на Струга, беше усвоен експресно, без поголема дебата. Повеќето од струшките советници се изјаснаа позитивно по предлог буџетот, бидејќи сметаат дека истиот е реален. Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко вели дека годинава одлучиле да бидат поскромни во проектирањето на буџетот, бидејќи според него, домашниот есап кој го планирале од продажба на неизградено градежно земјиште не излегол на пазар.„Намаливме доста ставки кои …
Грандиозното дело на д-р Никола Незлобински, после 70 години ставено на хартија. Неслучајно годинава, кога се навршуваат 7 децении од смртта на големиот доктор, хуманист, биолог и музеолог Др. Никола Незлобински излегува од печат монографијата „Никола и Марија Незлобински“. „Ова е наш генерациски долг“, вели првиот човек на музејот д-р Сашо Цветкоски. Тој додава дека монографијата произлегла од оргинални документи.„Еднаш да излеземе со едно заокружено дело, односно наше видување кон Незлобински и се она што беше негов легат негова оставштина да го презентираме на стружани на јавноста не сам…
По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, на 3-ти декември 2021 година во 14 часот во фоајето на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи настанот „Слушнете ги нашите приказни“.
Настанот е во организација на Порака Нова, Здружение на слепи лица Струга и Здружение на глуви и наглуви лица Струга.
Овогодинешната порака на МДЛП е „Лидерство и учество на лицата со попреченост во создавање на поинклузивен, попристапен и поодржлив пост-Ковид19 свет”.
Моменталната светска популација е нешто повеќе од 7 милјарди луѓе, од кои повеќе од 1 милјарда се луѓе кои жив…
Низ забава, игра, организирање работилници, на еден спонтан начин, полека но сигурно меѓуетничкиот дијалог застанува на нозе. Ова барем според резултатите од петмесечниот проект на Локалната агенција за развој од Струга за зајакнување на меѓукултурниот дијалог помеѓу младите. Учениците од средните општински училишта „Д-р Ибраим Темо“ и „Нико Нестор“ од Струга, кои зедоа свое учество во овој проект, не само што слушаа, туку и самите беа ставени во улога да предаваат на своите врсници.„Стекнавме многу знаења. Сето тоа знаење потоа се потрудивме да го пренесеме на нашите соученици со што се за…
Вевчани од четвртокот, 6 ти декември, е без струја. Прекинот трае дури по 20 часови, вели првиот човек на општината Перо Илиевски. Тој потенцира дека дефектите со електричното напојување во општината се чести и поради тоа сериозно е загрижен. Илиевски образложи дека во текот на вчерашниот ден како и денес не работи детската градинка и училиштето, но и тоа дека револтот кај родителите и останатите граѓани се повеќе расте, поради дефектите на електричните апарати кои откажуваат поради немањето на струја. Се што е потребно од наша страна е направивено и доколку продолжи ваквиот однос на ЕВН не…
Светот денес го одбележува меѓународниот ден на човековите права. „Мојот глас одлучува“ е мотото под кое денес се обединуваат државите во светот со цел да покажат дека битката за почитување на човековите права е постојана и никогаш не запира. Со ова се согласува и Драгица Попоска од невладината организација „Езерка“ од Струга.
Но, од она што како искуство го има оваа невладина организација, Попоска вели дека барем на територијата на Струга, граѓаните доколку им било прекршено некое право, помош бараат во невладините организации, а не во институциите. Додава дека невладините не се моќни зако…
Денеска православните верници го одбележаа верскиот празник Пречиста Богородица. Стружани масовно собрани пред малата црквичка посветена на оваа светица, уште еднаш покажаа дека верата, а посебно големите христијански празници може на едно место, во голем број да ги соединат и младите и старите без оглед на која политичка опција припаѓаат. Тие во своите домови за здравје и ксмет однесоа крстена вода, а после богослужбата каснаа по малку нафора и пченица.Денешниот ден е посветен на Воведение на Пресвета Богородица и масовно се слави во Струга и струшко. На многу фамилии им е куќна слава, в…