Во Струга под итно треба да се постави ред во комуналните дејности. За таа цел советот на општина Струга даде зелено светло на одлуката за воспоставување на комуналниот ред, за што пак општината има потреба од назначување на комунални редари. Секретарот на општина Струга Зоран Гулицоски, рече дека мерките за спроведување на комуналниот ред се важен сегмент за спроведувањето на законот.„Ако до вчера се жалевме дека немаме соодветни законски решенија по однос на комуналните инспекции и дека имаме одредени активности кои што не можеме да бидеме истовремено ставени во функција за изрекување на…
Струшките советници не попуштаат. Ниту пред истекот на нивниот мандат, кога станува збор за забелешки кои според нив се од суштинско значење за граѓаните, на денешната 48 редовна седница тие го изразија својот револт поради неприсуството на изготвувачите на програмата за 2013 год, од двете ЈП „Комунално“ и МЈП „Проаква“. Љуљзиме Зулали од ДПА вели дека ваквиот однос од нивна страна е крајно несериозен, посебно посочувајќи го ЈП „Комунално“, за кое претпријатие имала неколку сериозни забелешки и не е задоволна од одговорот на нивниот претставник. Зулали посебно го посочи проблемот со неис…
Струга градот на мостовите, сеуште чека изградба на нов премин. Само темел од метална конструкција на двата кеја од реката Црн Дрим, останаа како неми сведоци за мостот кој постоеше тука. Жителите на Струга, потсетуваат дека на местото каде пред година и пол беше демонтиран дрвениот пешачки мост, од памтивек постоел премин и сметаат дека тоа така треба да остане. Тие исто така велат дека мостот е само уште една жртва на не грижата на градските власти како во минатото така и денес.Стружани очигледно како да ја изгубиле надежта дека ќе се изгради нов бетонски мост со челична конструкција, спо…
Димитрија Ашталкоски го фати светиот крст од водите на Црн Дрим во Струга. Здравје среќа и бериќет ќе го следат годинава 26 годишниот стружанец, според верувањата на постарите. Преголемата возбуда на Ашталкоски, кој за прв пат скока на Богојавление и тоа не случајно, беше очигледна.„Многу сум горд, чест е да се фати крстот во Струга. Годинава одлучив да скокам по светиот крст бидејќе пред две недели сонував сон“-вели Ашталкоски.Одбележувањето на Богојавление во Струга не може да се замени со ниту едно друго место, велат стружани. Додаваат дека денес се слави најубавиот и најсветиот ден.Годи…
Неколку улици во Струга деновиве останаа без улично осветлување. Не станува збор само за улиците каде сеуште се врши замена на старото улично осветлување со ново, туку темно е и на влезот од градот и на неколку фрекфентни улици, каде веќе се поставени новите штедливи светилки. Првиот човек на градот Рамиз Мерко, признава дека постои проблем, но исто така вети дека за кратко време истиот ќе биде надминат.„Тоа не е по вина на приватниот партнер туку да речеме во наводници кажано вината е во општината бидејќи на неколку места треба да се отстранат старите бандери и да се стават нови, тоа се пр…
Вевчанскиот хумор бесмртен како и карневалот. Цели 14 векови традиција, од година во година се помасовен, се попосетен, се поенергичен. Вевчанскиот василичарски карневал уште еднаш успеа на едно место, во держава Вевчани, да собере илјадници луѓе, од целата држава, па и од целиот свет.
Со право ви треба посебен пасош за да влезете во ова историско место каде магијата оживува пред вашите очи. Ѓаволи, вештерки, султани, комити, зетот од Горна маала, Златниот човек… На Вевчанскиот карневал, се е возможно и остварливо. Од традиционални маски, па се до иронични претстави на македонското секојд…
Десет илјади евра, за нови автобуски постојки во Струга. Средствата стигнаа од компанијата Т-Мобиле. Ги испочитувавме сите законски прописи за наменското искористување на парите, а делото е пред граѓаните на Струга и струшко, вели градоначалникот на Струга Рамиз Мерко.„Имавме една донација од Т-Мобиле од 10 илјади евра. Распишавме тендер, кој го доби фирма од Струга и денес ги гледате и поставени автобуските постојки не само во градот туку и во руралните средини“-изјави Мерко.Пред година и пол Локалната самоуправа со средства на Прокредит банка во висина од 5000 евра, ги обнови автобуските …
Одложена е продажбата на вториот објект на МЈП Проаква, во Струга. На последната седница на струшкиот Совет не помина точката за оттуѓување на недвижниот имот на МЈП Проаква Р.Е. Струга. Истата беше одложена за наредната седница. Сепак, градските власти и раководниот тим на претпријатието, гледаат оправданост од една ваква постапка. Градоначалникот Рамиз Мерко смета дека продажбата на зградата би била во интерес на нови инвестиции за градот, а со самото тоа и ќе порасне и приливот на средства во општинската каса.„Во тој дел на градот има ДУП кој предвидува градба на добар и бизнис капацит…