Жалбата на подносителот на заедничката советничка листа на СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ, Струга, се уважува. Ова е одлуката на судот со која се поништува решението не ОИК од Струга, со кое доцна синоќа беше отфрлена заедничката советничка листа. Во тужбата од подносителот на листата СДСМ Струга, било укажано на неправилностите во постапката при донесувањето на решението на ОИК Струга, затоа што Комисијата ја донела оспорената одлука без притоа да има предвид дека ДИК претходно веќе констатирала повлекување на листата на ВМРО – ДПМНЕ. Судот не го прифатил ставот на ОИК дека 13 те кандидати на ВМРО – …
Со низа манифестации денес во Струга се одбележа 3-ти декемеври Меѓународниот ден на лицата со попреченост. На настанот под мотото „Слушнете ги нашите приказни“ беше промовирана и книгата „Клуч“ посветена на лицата со попреченост. Драма која ги охрабрува да не се откажуваат од целта, бидејќи без оглед на инвалидитетот тие може да постигнат успеси.
Книгата е приказ на секојдневниот живот на лицата со попреченост, но и на сите бариери со кои тие се справуваат.
Секогаш кога сакаме нешто да постигнеме тоа не е невозможно еве како ќе успеам. Секогаш можеме да успееме ако ние сме упорни и р…
ОИК даде вето за заедничката советничка листа на ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ за Струга. Ваквата одлука предизвика огромен револт и незадоволство во редовите на струшките социјалдемократи, кои се официјален подносител на зеадничката листа. Претседателот на ОО на СДСМ Ристе Чушкоски, тврди дека листата на кандидати за членови на Совет навреме била поднесена, но не била прифатена од ОИК со забелешка дека за 13 членови од таа листа веќе е поднесена кандидатура за Советот. Додава дека од нивна страна им било сугерирано дека има одлука од ДИК во однос на тие 13 членови односно дека тие се членовите на ВМ…
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, се договорија. на престојните локални избори ќе настапат како коалиција. Двата политички блока ќе го поддржат др Владо Кочоски кандидатот за градоначалник на ВМРО – ДПМНЕ. Исто така настапуваат со заедничка листа на кандидати за советници. Носител на советничката листа е Ристе Ќушкоски од СДСМ, па следува Никола Затуроски од ВМРО ДПМНЕ, Николина Велкоска СДСМ, Перо Петкоски ВМРО – ДПМНЕ и така наизменично. Мотивот на коалицирањето бил да се изнајде најдоброто решение за Струга, рече во краткиот телефонски разговор Ристе Ќушкоски носителот на зедничката листа од коалицијат…
Градежната експанзија во Струга ги проголта старите вредни историски објекти. Малку остана од автентичните струшки градби, кои говорат за богатото културно наследство на Струга. До пред неколку години имаше 26 објекти кои беа под траен или времен режим на заштита, а денес таа бројка неможе да се потврди бидејќи е многу помала, вели д-р Сашо Цветкоски, директорот на музејот „д-р Никола Незлобински. „Тука се преплетуваат многу интереси и различни ингеренции и тоа што е со Законот за култура многу јасно кажано на локално ниво не се почитува. Вината лежи на друго место, што се однесува до на…
Фреските во Црквата Св. Ѓорѓија во Струга, сепак ќе се чистат. Првиот човек на Музејот „Др. Никола Незлобински“, Др Сашо Цветкоски потврдува дека околу реализацијата на проектот за конзервација на иконостасот на црквата „Св. Ѓорѓија“ во Струга, постоеле одредени несогласувања со Завод и Музеј Охрид, но дека истите се надминати. Како што е познато проектот е одобрен од страна на Министерството за култура и веќе се екипираат и луѓето за реализација на овој значаен проект и од јуни очекуваме да се отпочне со чистење на фреските, додава Цветкоски.„Имаше некои мали недоразбирања кои сега се надм…
Поставувањето на урбаната опрема, хроничен проблем во Струга. Изминативе 4 години во оваа сфера владее хаос во вистинска смисла на зборот, реагираат од советничката група на ВМРО – ДПМНЕ. Години наназад укажуваме на пропустите кои се прават од страна на Локалната самоуправа, од каде не убедуваа дека имаат капацитет да се справат со проблемот, дававме наши забелешки, но досега не се најде начин проблемот да се реши, вели Јулијана Зуноска, советничката на ВМРО – ДПМНЕ. Таа додава дека програмата за поставување на урбана опрема за 2013, е копија на онаа од минатата година, и да не беше смешно …
Младинскиот Центар од Струга ги собра сите директори на струшките јавни и приватни образовни установи. Целта на средбата беше потпишување меморандум, со кој директорите треба да се залагаат за мир и толеранција во училиштата во престојниот предизборен период. Меморандумот значи отпочнување на една значајна соработка помеѓу струшките училишта, вели Бранкица Затаракоска од МЦ Струга.„Иницијативата покрената од директорите на училиштата, поддржана од граѓанските организациии и општина Струга, дојде до идеа да оформи меморандум за зедничко делување кој што сите директори на ниво на општина Стру…