Апр 8, 2013

Поништување на резултатите од гласањето во Струга, бараат од Коалицијата на Вмро Дпмнe и СДСМ

Поништување на резултатите од вчерашното гласање во Струга побараа од Коалицијата на Вмро Дпмен и СДСМ  на заедничка прес конференција. Тие  обвинија дека вториот круг од локалните избори бил нерегуларен и побараа од ДИК да ги поништи резултатите,   според кои победник е кандидатот на ДПА Зијадин Села. Посочија  примери на низа нарушувања на изборниот процес кој влијаеле на крајниот резултат од гласањето.Крсто Мукоски, член на ИК на ВМРО ДПМНЕ и координатор на ИШ на кандидатот за градоначалник Владо Кочоски кажа дека изборните резултати во општина Струга за нив  се целосно нерегуларни и нев…

Апр 6, 2013

Современа земјоделска механизација преку ИПАРД програмата

Современа опрема и механизација, изградба на нови фарми. Ова се само дел од можностите кои ги нуди ИПАРД програмата за развој на руралните подрачја и земјоделие. За капацитетите кои ги нуди оваа програма, струшките земјоделци се информираа на средбата која тие ја имаа со Агенцијата за финансиска подршка на руралниот развој и земјоделие. Целта на оваа средба, според претставниците од Агенцијата е поблиску да ги запознаат граѓаните и да овозможат поголема искористеност на фондовите кои се нудат за развој на руралните подрачја. Токму искористеноста на средствата од ИПАРД програмата досега прет…

Апр 4, 2013

Д-р Кочоски: Ја сакам хирургијата и своите пациенти, но ја сакам и Струга

Д-р Владимир Кочоски, заедничкиот кандидат за градоначалник на коалицијата „Заедно за Струга“, денес пред новинарите се покажа во своето природно светло и природно окружување. Вработен како хирург во Општата болница во Струга, д-р Кочоски досега направил безброј интервенции. Денес имавме можност да присуствуваме на еден од овие негови зафати.„Мојата професија е благородна. Им помагам на сите луѓе кои што имаат потреба. Не правам разлика по етничка припадност, дали се македонци, албанци, роми или турци. Не правам разлика по верска припадност. Секој кој што дошол кај мене, јас сум му помогнал…

Апр 4, 2013

Разбирањето на ознаките на храната-прв чекор за безбедна исхрана

Здравјето велат доаѓа преку устата. Оттука консумирањето на безбедна храна со соодветни прехрамбени својства е еден од начините за заштита на здравјето на потрошувачот. Токму ова е причината поради која Агенцијата за храна и ветеринарство, во соработка со Организацијата на потрошувачи на Македонија, денес организираа еден едукативен караван во Струга. Тие на потрошувачите им делеа летоци и брошури за најлесните методи за читање и разбирање на ознаките на производите и препознавање на потенцијално небезбедните состојки во тие производи.„Би сакала да нагласам дека потрошувачот читајќи го озна…

Апр 3, 2013

Oктишани се грижат за своето здравје

Контрола на здравјето на октишани. Медицински екипи денес вршеа испитување на холестерол и шекер во крвта, а воедно мереа и крвен притисок, на мештаните од Октиси струшко. Луѓето соработуваат и задоволни сме од одзивот изјави д-р Боро Пешиноски, директорот на Здравствениот дом од Вевчани.„Овие акции се спроведуваат континуирано неколку години и има доста заинтересираност од населението, им нудиме поблиски контакт со нас. На ваквите контроли детектираме аномалии доколку ги има со цел на пациентите да им укажеме што понатаму“.Бројката од 12 000 превентивни прегледи последниве години на ниво н…

Апр 3, 2013

Бројни проекти за Октиси

Програма со проекти, без боја, верско или национално обележје. Точно таква програма имаме изработено, бидејќи тоа и треба на Струга и струшко за да се сочува соживотот во една мултиетночка средина, изјави Д-р Владимир Кочоски, заедничкиот кандидат за градоначалник на ВМРО- ДПМНЕ и СДСМ од Струга.„Денес се наоѓаме во Октиси, место кое со својата местоположба има огромен потенцијал за развој кој на граѓаните може да им обезбеди пристоен и достоинствен живот.Во мојата програма меѓу другото, за Октиси е планирано и ќе се спроведе реконструкција на патниот правец од Октиси до Долна Белица, кој с…

Дек 4, 2021

Стружанец физички нападнал 55-годишен маж во Струга

На 03.12.2021 година околу 16 часот, на улицата „15 корпус” во Струга, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Ѓ.С.(30) врз О.Д.(55), двајцата од Струга. Напаѓачот е повикан во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Апр 3, 2013

Мировниот Корпус Македонија носи нова група волонтери во земјава

Нови волонтери на Мировниот Корпус доаѓаат во земјава. Оваа независна американска владина агенција веќе 17 години испраќа свои волонтери во земјите ширум светот како би работеле на унапредување на заедниците. Во Македонија тие работат на спроведувањето на две програми. Едната се однесува на унапредување и развој на наставата по англиски јазик во основните и средните училишта, додека другата програма е за развој на заедниците, локалните самоуправи, општините и невладините организации. Волонтерите на Мировниот Корпус во нашата држава престојуваат по две години, а доаѓаат на покана односно на …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top