Мај 28, 2013

Села да прифати македонец за претседател на Совет

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Перо Петкоски уште еднаш го повика градоначалникот на Струга Зијадин Села, да не дозволи најсилниот политички субјект да биде игнориран во општина Струга. Тој инсистира, македонец од редовите на коалицијата „Заедно за Струга“ да застане на кормилото на струшкиот Совет.„Затоа упатуваме уште еден апел до градоначалникот Зијадин Села, добро да размисли пред да го предложи повторно неговиот фаворит за претседател на Советот на Општина Струга. Претседателот на Совет природно и припаѓа на Коалицијата „Заедно за Струга“ како најбројна и најмоќна советничка група во С…

Мај 24, 2013

Средношколците од „Јахја Кемал“ ги добија дипломите

Шеесет и четири матуранти од ПСУ „Јахја Кемал“ подготвени за академски студии. Синоќа во Ц.К „Браќа Миладиновци“, во свечена пригода на учениците од генерацијата 2012-2013 им беа доделени дипломите. На сите присутни на церемонијата им се обрати директорот Исмаил Ердил, кој истакна дека учењето преставува најдобра инвестиција за иднината на еден млад човек. Тој додаде дека со овој свечен чин се заокружува четригодишното образование на една генерација на ученици, од која некои ќе се запишат на факултет, некои ќе побараат вработување, но заедничко за сите ќе останат спомените за убавите момент…

Мај 23, 2013

Доцнат „Гоцеви денови“, во Подгорци

О.У. Гоце Делчев од Подгорци не го одбележа својот патронат во средината на мај, како што тоа традиционално се практикуваше 41 година по ред. Одбележувањето на патронатот беше ставен и изгласан во прогамата за култура на минатиот совет, што како одлука треба да ја почитува и новиот градоначалник, забележува советникот на здружената коалиција „За подобра Струга“, Никола Затуроски, кој воедно изрази сомнеж дека во случувањата во Подгорци свој удел има и градоначалникот Зијадин Села. Тој пак ги отфрла обвинувањата.„Подгорци е рак рана на образованието во Струга, и сметам дека градоначалникот м…

Мај 22, 2013

Струшкиот Совет не избра претседател

Денес, на првата седница на струшкиот Совет не беше избран претседател на ова законодавно тело. Верификационата комисија ги предложи, Јулијана Зуноска од Сојозот за Струга и Абдула Ќазимоски од ДПА, за кандидати за претседател. Но ништо од тоа, политичките партии по се изгледа не се договорија. Очигледна беше поделеноста на македонскиот и албанскиот политички блок. Од здружената коалиција не го поддржаа Ќазимоски. Од таму се произнесоа дека нема да попуштат и оти цврсто стојат на својот став, претседател на струшкиот совет да биде македонец, заради зачувување на соживотот во Струга.„Како со…

Мај 21, 2013

„Заедно за Струга“ бара претседател на Совет од нивните редови

Коалицијата Заедно за Струга излезе со став дека новиот претседател на Советот на општина Струга треба да биде од нивните редови. Советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Струга, Перо Петкоски, објасни зошто токму ваква одлука треба да биде донесена на утрешната седница на Советот на општина Струга.„Коалицијата Заедно за Струга на последните локални избори освои најмногу советнички места, 11, и е најголема советничка група во Советот на општина Струга. Од таму легитимно е правото, од таа коалиција да биде и претседателот на Советот на општина Струга. Со освоени над 15 500 гласови на ниво на …

Мај 15, 2013

Ќе се рушат дивоградбите на кејовите на Дрим-Села

Градоначалникот Зијадин Села решен е да стави крај на дивоизгрдените објекти на јавни површини во Струга. Ќе започне од двата кеја на реката Црн Дрим. Новиот струшки градоначалник открива дека веќе е објавен тендер за фирма која ќе ги урива дивоградбите.  Села вели дека доколку не успее во неговата намера, тогаш без исклучок на сите граѓани ќе им дозволи да градат, тезги, кафулиња и други објекти, кој каде сака.„ Ќе биде расчистен дримот од двете страни значи сите тие објекти ќе бидат информирани сопствениците кои изградиле да ги тргнат. Засега сопствениците не се информирани. Информациите …

Мај 14, 2013

ВМРО – ДПМНЕ од Струга бара да нема етнички поделби

ОК на ВМРО – ДПМНЕ ги повика странските амбасадори во нашата земја, да ја  посетат Струга, пред да биде избран  претседател на Совет. Перо Петкоски претседателот на струшкиот огранок истакна дека на ваков чекор се одлучиле по барање од граѓаните, со цел да биде слушнат ставот и искуството на странските дипломати.„Ваши Екселенции, г – дин Волерс, Шчербак, Кристијани, Ивон, г- ца Стеинакер, Шуман и останатите. Ве покануваме, овде во Струга, додека не е избран претсесателот на Совет на општина Струга, да дојдете и да го пренесете вашиот став и искуство, како и чуството за компромис и толеранци…

Мај 14, 2013

Турскиот конзул се сретна со градоначалникот на Струга

Струшкиот градоначалник Зијадин Села оствари средба со турскиот конзул Абдураман Бајрактар.  Можностите за културна и економска соработка во фокусот на разговорите. Села смета дека  има многу полиња  за соработка  со Турската држава но посебен акцент стави за можноста за реставрација на објектите кои датираат од среден век.„Разговаравме за можноста на реставрација на амамот на Мустафа Челеби и изградба на саат кулата и тн низа проекти што ние како општина тешко ни е да ги изведеме бидејќи во меѓувреме таму изградени некои куќи. Мислам дека со помошта на турската држава од финансиски аспект …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top