Зголемен е бројот на случаи на дискриминација при вработувања, обелоденуваат од НВО Езерка, Струга. Недолични интервјуа се прават за продавачка или за вработување во обложувалница, вели Драгица Павлеска Попеска од ова невладина организација. Според неа ова појава во приватниот сектор била се повеќе изразена барем според изјавите кои ги слушнале од жртвите на дискриминација, кои доаѓале во нивната канцеларија. Колку години имаш, е најчесто поставуваното прашање, потенцира Попеска.„Во државниот сектор се конкурира ама на конкурсот не пишува да биде помлада од 30 години или девојче за работа. …
Реализацијата на овој проект ќе започне пред професорите и психолошко-педагошките служби во средното училиште „Нико Нестор “, во Струга, а во наредниот период и пред учениците и нивните родители. Проектот потоа ќе биде презентиран и пред учениците во средното училиште „Ибраим Темо“.Станува збор за проект кој во изминативе две недели беше реализиран во средношколските центри во општина Охрид и истиот претставува продолжение на проектот „Дрога-вистина и заблуди“ спроведен во периодот од 2008 до 2012 година, пред околу 25000 ученици од основните и средните школи, наставници и родители на цел…
Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 12 решенија против 12 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точки 1, 2, и 4, и член 207 став 1 точки 1, 8, и 15 од Колективниот договор на МВР.Притоа, на девет вработени им е изречена мерка “парична казна“ на двајца вработени мерка – “запирање на постапката“, на еден вработен му е изречена мерка – “отказ , а се работи за: На Р.Л. полицаец во ПС ОН Струга, изречена му е мерка– “парична казна“ (се оглушил на наредбата на помошник командирот);На Б….
Македонија за развој на стручното образование ќе користи искуства од Словенија. Денес во петтата приватна гимназија во Струга, директорите на Центарот за стручно образование од Македонија и Словенија, пред учениците, родителите и наставниот кадар на образовните институции од охридско струшкиот регион држеа предавање за тоа кои се бенефитите од гимназиското и стручното образовнаие. Директорот на Петтата приватна гимназија Ает Кариманоски, вели дека тоа во многу ќе помогне во определбата на родителите за тоа какво образование сакаат за своите деца. „Родителите и децата треба да знаат што нуди…
Според последните истражувања, една од четири жени во Македонија е жртва на насилство. Министерството за внатрешни работи на земјата регистрираше 147 случаи на домашно насилство врз жени во 2013 година, што е за 33,6 отсто повеќе од претходната година.Зачестеноста на случаите на домашно насилство ги загрижува бранителите на правата на жените, кои им помагаат на жртвите на насилство да се вратат на нормалниот живот.Македонското здружение за развој и интеграција нуди бесплатни психолошки консултации за жени. Претседателот на здружението, Наде Качакова, рече дека организацијата нуди приватни с…
Новиот концесионер Орка Холдинг го презеде работењето на одделот за дијализа при Заводот за нефрологија во Струга. Ваков е впечатокот на пациентите кои со години таму вршат дијализа. Концесионерите кои добија лиценци за работа во овој сегмент од здравството презедоа низа обврски како: изградба на нови простории и целосна реконструкција на постојните, обезбедување современа апаратура и замена со нови на нефункционалните столови. Но во струшка дијализа според кажувањата на пациентите, барем засега нема ништо од тоа. Единствено во моментов на пациентите им бил обезбеден транспорт, односно ох…
Со звуците на македонска песна и игра се одбележани денови на македонската култура во приватното средно училиште „ Јахја Кемал“ во Струга. Учениците танцуваа, играа и пееа, рецитираа и глумеа одломка од драмата „Парите се отепувачка“ од македонскиот драмски писател , стружанецот Ристо Крле. Во организација на оваа манифестација учествуваа сите ученици од 1 до 4 година, како и учениците од истоименото основно училиште.
Сергеј Миладинов ученик од 3 клас беше дел од фолклорната група која изведе сплет игри од „ Повардарка“. Миладинов е задоволен од одржувањето на овој настан. „ Учесни…
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста”, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.С.(57) од Струга.
Тој, во текот на октомври 2021 година, во Струга се обидел физички да нападне негова колешка, но бил спречен по што на мобилен телефон и упатувал пораки со закани – информираат од СВР Охрид.