Апр 21, 2014

Саем на науки и култури во „Јахја Кемал“ колеџот во Струга

Средното училиште, колеџот „Јахја Кемал“  во соработка со општинските училишта од Струга и Охрид организира Саем на Науки и Култури на кој ќе бидат претставени научни и културни проекти изработени од нивните ученици. На оваа презентација ќе бидат изложени интересни научни експерименти  и културолошки проекти од области на наставните предмети матеметика, физика,хемија,биологија,информатика,англиски јазик, македонски јазик, албански јазик ,турски јазик, историја и географија.{loadposition content9}

Апр 17, 2014

Ангелов: Македонија да стане граѓанска држава

Во посета на Струга денес беше Стојанче Ангелов пртседателот на партијата „Достоинство“. На средбата со граѓаните,  Ангелов нагласи дека станало збор за еден од најголемите проблеми кои што ги мачи стружани и околината. Тоа е Законот за територијална организација донесен во 2004-та година,  со кој што според него е направена една голема неправда на овој град бидејќи со вештачки додавањето на села со мнозинско албанско етничко население, се сменила етничката структура на Општината, така да стружни трпат големи штетни последици со овој погрешен потег и погрешен закон во 2004 та година. „Ние о…

Апр 17, 2014

Спортски турнир Јахја Кемал 2014

70 основни училишта со околу 750 ученици од југозападниот регион на Македонија си ги одмерија силите, машките во кошарка, а девојките во одбојка. Годинава по петти пат се одржа спортскиот турнир „Јахја Кемал 2014“. Коста Хиохи професор по фискултура нагласи дека турнирот бил поделен на етапи, за да се одберат најдобрите.„Секоја година сме побројни, годинава можеме да се пофалиме со навистина квалитетен турнир, видовме дека децата покажаа огромно познавање во спортската игра машките во кошарка девојките во одбојка, покажаа еден голем фер плеј што навистина е да кажам услов понатака тие да би…

Дек 13, 2021

Жител на Радолишта нападнал стружанец, а потоа дивеел и кршел во локал во Струга

На 12.12.2021 година околу 01 часот, пред угостителски објект на улицата „Ристо Крле” во Струга, М.Е. од струшкото село Радолишта, го нарушил јавниот ред и мир со вербални навреди и закани кон А.Р.(24) од Струга, а потоа извршил кршење на инвентар во објектот. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Апр 15, 2014

Пресечен меѓународен канал за транспорт на марихуана

Министерството за внатрешни работи на Р. Македонија во борбата против недозволена трговија со дрога реализираше случај при што запленети се околу 300 килограми растителна материја, за која се потврди дека е марихуана, а од слобода се лишени три лица, македонски државјани, со што е пресечен меѓународен канал за транспорт на марихуана од Р.Албанија.Имено, вчера околу 15:00 часот, по претходно добиена информација за сомнителни активности во близина на с.Радожда, Струга, преземени се оперативно тактички мерки и поставена е заседа од страна на полициски службеници во близина на местото викано Ле…

Апр 15, 2014

Германската амбасадорка во земјава, утре во посета на Струга

Од Општина Струга известуваат дека утре (среда),16.04 со почеток во 11 часот, во службена посета на Општина Струга ќе присуствува  Амбасадорката на Федеративната Република на Германија  Гурдун Штајнакер.Во рамките на посетата, Амбасадорката Штајнакер ќе оствари средба Градоначалникот на Општина Струга, Зиадин Села.{loadposition content9}

Апр 10, 2014

Акција на чистење на одводните канали во Дебрца

Од страна на ЈКП „Дебрца“ деновиве се спроведува акцијата за чистење на каналите низ населените места во општина Дебрца.Исчистени се каналите во селото Злести, селото Оровник во тек е чистењето во селото Горенци. Исто така активностите ќе продолжат и во наредните денови каде ќе бидат опфатени сите села и ќе се решат долгогодишните проблеми со кои се соочуваа жителите на Дебрца.{loadposition content9}

Апр 8, 2014

Двајца стружани вмешани во меѓународен нарко канал

Вчера, (07.04.) Министерството за внатрешни работи реализираше уште еден случај на недозволена трговија со дрога при што е пресечен меѓународен канал за шверц на дрога од Р.Албанија до Р.Македонија, а притоа запленети се 135,5 килограми марихуана и пет килограми хашиш и од слобода се лишени три лица, македонски државјани.Имено вчера во 03,15 часот по претходно поставена заседа од страна на полициски службеници во близина на ГК бр.54/2 во зелениот појас на граничната линија со Р.Грција, во близина на ГП Богородица лишени од слобода се лицата Ѓ.П. (47) и Г.Г. (49), двајцата од село Стојаково,…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top