На 29.06.2014 година во с.Велгошти, охридско, непознат сторител со употреба на подесен алат извршил тешка кражба во куќата на Д,Т.(63), одземајќи 25.000 евра и патна исправа. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.На 29.06.2014 година, во с.Пресовјани, струшко, непознат сторител со кршење на прозорско стакло извршил тешка кражба во црквите „Св. Богородица“ од каде одзел 500 денари и „Св. Никола“ од каде одзел 700 денари. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.{loadposition content9}
Се чистат ресите од реката Црн Дрим во Струга. Екипи од ХЕЦ „Глобочица“ деновиве работат на отстранување на овие реси кои поради топлото време и помалиот истек годинава нараснаа повеќе од вообичаено. Не само што прават грда слика на една од најубавите реки во земјава, нараснатите реси претставуваат и потенцијална можност за загадување на водата во Црн Дрим, но и опасност по капачите кои во текот на летните месеци се капат во реката.
Директорот на ХЕЦ „Глобочица“, Тони Маркоски вели дека акцијата за чистење на коритото на Дримот од ресите ја спроведуваат години наназад како општествено одгов…
Три малолетни деца се спасени од давење во вчерашното невреме кое е ја зафати Струга. Стружанчињата пред хотел Дрим изнајмиле педалинка која подоцна ја зафатило силно невреме. Децата под налетот на силниот ветар ја загубиле контролата врз педалинката која била носена кон албанските територијални води.„ Со патролен чамец езерската полиција изврши пребарување на езерскиот квадрант каде се забележани трите малолетници. Во педалинката на оддалеченост на 1, 5 km од езерскиот брег наспроти хотел Бисер. Во разговорот со полициските службеници трите малолетници покажале вознемиреност п…
Празник на културата во Струга. Месецот јуни не само за Струга туку и за македонските писатели е месец кој се прославува во чест на браќата Миладиновци. Деновиве се одржува осмата меѓународна литературна манифестација „Година на есејот.“ Вевчани, Струга и Охрид се местата каде се одржува оваа манифестација, годинава насловена како „Есејот пријателство без граници“.„Сите писатели есеисти и теоретичари вљубени се во Струга, како Мека, како дух, покрај оној големиот мамутски фестивал Струшки вечери на поезијата Струга навистина да го осветли тој пат да ги собери од повеќе земји на Балканот и Р…
Од СВР Охрид информираат дека на 01/02.06.2014 година, во црквата „Пречиста“ во с.Враништа, струшко, непознат сторител со употреба на подесен предмет извршил тешка кражба при што одзел околу 1.700 денари.Додваат дека веќе е извршен увид и се преземаат мерки за откривање на сторителот.{loadposition content9}
ПС Струга поднесе кривична пријава против лицето З.Ѓ.(38) од село Велешта, струшкото поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „спречување службено лице во вршење службено дејство“.На 27.05.2014 година пријавениот манифестирал агресивно однесување и на висок тон почнал да навредува а потоа и физички нападнал полицискиот службеник кој на раскрсницата на магистралниот пат према граничниот премин Ќафасан вршел физичко регулирање на сообраќајот. Пријавениот З.Ѓ. е лице против кого досега се поднесувани кривични пријав…
Училишно рандеву на 5 та приватна гимназија. И годинава по 5 ти пат учениците од оваа гимназија, свечено го одбележаа крајот на учебната година. Во една беспрекорна организација, со богата културно- уметничка програма, денес во хотел Дрим беа сумирани резултатите постигнати во текот на цела учебна година. Училишното рандеву е место каде што ги доделуваме наградите и прославуваме, вели директорот на гимназијата Ајет Кариманоски. Тој воедно оваа пригода ја искористи да се пофали дека за новата учебна година воведуваат три нови смерови во рамките на нивниот образовен процес.„Мене ми е драго шт…
Блокади на патот Струга-Ќафасан. Жителите од селата Радолишта, Теферич, Франгово, Фиеришта, Шум, Заграчани и Калишта денеска го блокираа магистралниот пат, во знак на револт поради катастрофалната состојба на делницата. Ти бараат итно санирање на оваа магистрала, која води кон Албанија и со години не е реконструирана, полна со дупки, некои големи и длабоки како кратери.
Голема е фрекфенцијата на возила на овој патен правец, вели локалното население, а возењето е потполно небезбедно. Револтираните жители велат блокадите се резултат на празните ветувања на власта.
Минатата година министер…