Министерството за локална самоуправа ги прави сите напори да обезбеди нормално функционирање на Центрите за развој во осумтте плански региони, бидејќи истите се идентификувани како значајни субјекти кои можат да придонесат за регионалниот развој во Македонија преку развивање на проекти со значаен импакт во споменатите територијално-просторни целини, а и за надминување на дисбалансите што постојат во државата. Ова денес го истакна државниот секретар во Министерството за локална самоуправа, Билјана Цветановска-Гугоска, која заедно со раководителот на Секторот за правни и општи работи во минис…
Речиси двојно е зголемен бројот на пациенти на детското одделение во Струга. По затворањето на детското одделение во Охрид најкритични се изминативе два месеци. Огромен број деца кои имаат настинка, сезонски грип или корона се лекуваат во струшката болница. Најкритично е во викенди, за празници и ноќна смена. Покрај децата од Охрид на струшкото одделение наплив има и на деца од Ресен и Дебар.
Шест лекари педијатри работат на двете одделенија детско и неонатологија, а има 18 кревети за хоспитализација. Најмалото дете кое било болно од ковид во овој регион било едномесечно бебе.
Дневно …
Спoред договорот склучен меѓу општина Дебарца и Здружение на граѓани Проактива во проектот„Енергетска-ефикасна општина“ беа планирани повеќе активности кои успешно се реализираа во предвидениот рок. Поставени се енергетски-ефиксани прозорци и врати, ламинантни подови и обновена е фасадата на училишната зграда. Оваа инвестиција е со цел учениците да добијат современи услови во образовниот процес. Финансирањето е со 50% од буџетот на општина Дебарца.{loadposition content9}
За некои од корисниците, овие објекти во најголем дел претставуваат единствен извор на егзистенција. Неодамна Советот на Општина Струга донесе одлука за отстранување на урбаната опрема и времените објекти со цел ставање ред при нивното поставување, но и нивно унифицирање. Корисниците велат дека ако се реализира оваа одлука над 500 лица ќе останат без егзистенција. Советот на Општина Струга не ги информира досегашните корисниците дали тие ќе имаат предност при доделување на идните локации и дали воопшто ќе бидат обештетени оние корисници кои досега од свој џеб платиле за спроведување елек…
Синоќа во Вевчани беше одбележан големиот македонски и вевчански јубилеј 70-те слободни години и 7 децении заедничка изградба и препород на земјата и на Вевчани. По тој повод во вевчанскиот дом на култура се одржа свечена академија на која говореше градоначалникот Цветомир Угриноски. Тој во својата реч потенцираше се што во овие 7 децении е направено за Вевчани, како и за тоа кои се приоритните проекти за реализација на општината во иднина.
На сите заслужни вевчанци кои во изминатите 70 години вложиле дел од себе за опстојувањето, изградбата и афирмацијата на Вевчани им беа доделени благода…
Градноначалникот Трајкоски го посети с.Требеништа каде се во тек градежните работи за изградба на повеќенаменската балон сала.Од увидот на лице место каде интезивно се работи на изработка на челична конструкција, на која во понатамошниот тек на изградба ќе се пристапи кон поставување на тенда и осветлување, како прва фаза од проектот и ќе биде во функција за жителите од општина Дебарца. Средствата за изградба на оваа повеќенаменска сала се издвоени од буџетот на општина Дебарца.{loadposition content9}
Малолетничкото престапништво во пораст. Тоа го зборува извештајот за 2013 година од државниот Совет за превенција на детско престапништво, кој изнесол фрапантни податоци. Точно тоа бил мотивот и идејата на струшките пратеници во Собранието на РМ да организираат една трибина во Струга во присуство на сите претставници кои се засегнати од појавата на малолетничко претстапништво, со цел да се осознае колку е алармантна состојбата во општината на ова поле. „Според извештајот сакам да детектирам дека најслаба алка на ова поле е Локалната самоуптрава која покажува мошне слаб интерес кон превенира…
„Поезијата не познава граници и далечини. Родното место е како утопија, место за душата каде мирот целосно се реализира. Поезијата има моќ да ја направи туѓата земја како родно место.“ Со овие зборови, годинешниот лауреат на Струшките вечери на поезијата, јужнокорејскиот поет Ко Ун ја појасни својата врска со Струга, со Миладиновци и потребата и желбата да биде дел од една од најзначајните поетски манифестации во светот.„Благодарение на топлото гостопримство од Мите Стефоски, Славе Димоски и сите соработници на Струшките вечери на поезијата и дамите и господа поети од Македонија и целиот св…