Околу 700 основци денес не посетија настава во струшко поради незатоплени училници. Децата од ООУ „Јосип Броз Тито“ Струга и подрачните паралелки од Мислешево и Враништа нема да одржуваат настава додека не се реши проблемот со обезбедување на нафта за греење. Ваквата одлука паднала на синоќешниот состанок на Советот на родители со директорот на училиштето. „Цела недела немавме парно, ние децава на училиште ги пуштавме од две причини, колку толку времето не послужи и имавме секојдневни ветувања дека во секој момент ќе пристигне нафта и втората причина која е најголема е тоа што ако се преки…
Фудбалер на „Влазними“ нападнал фудбалски судија.На 02.11.2014 година околу 15,30 часот на Градскиот стадион во Струга, при одигрување фудбалски натпревар помеѓу ФК„Караорман“ и ФК„Влазними“, откако судијата досудил пенал за домашната екипа, Б.И. – играч од ФК„Влазними“, станал од клупата за резервни играчи и го нападнал судијата, удирајќи го со тупаница во пределот на лицето. Во истиот момент, судијата го прекинал натпреварот. По целосно расчистување и документирање на настанот против сторителот ќе следи соодветен поднесок.{loadposition content9}
Реконструкција на струшкиот плоштад со зачувување на „Споменикот на револуцијата“ се дел од плановите на градоначалникот на Струга, Зијадин Села. Состојбата во која се наоѓаат истите години наназад, бараат што е можно побрза реакција од страна на локалната самоуправа од Струга.
Градоначалникот Села смета дека стружани заслужуваат едно убаво решение како градски плоштад во кое сите граѓани ќе можат да уживаат.„Сакам еден друг поглед да дадам на центарот на градот. Да не е ова што е, да имаме еден добр објект, добар плоштад, а не вака, да имаме еден плоштад кој е запоставен од Министерството …
Во завршна фаза е новиот паркинг на СОУ „Нико Нестор“. Станува збор за паркинг простор кој што се протега на површина од 300 метри квадрати со 30 паркинг места, кој што се гради позади објектот на средното училиште Нико Нестор. Овој простор претходно беше неуреден. Како што за ТВМ изјави директорот на училиштето Никола Затуроски, паркингот е наменет специјално за возилата на професорите, а неговата изградба е комплетна заложба на менаџерскиот тим на школото со несебична помош од и учениците и залагање на професорите. „Се што се прави и се што може финансиски да се избегне целата ситуација н…
Ден за дружба меѓу учениците од различни етникуми во Средното општинско училиште „Нико Нестор“, Струга. Под маска, добра забава и дружба учениците од ова училиште покажаа дека во училиштето владее соживот и сите немили настани остануваат во минатото, како што нагаси директорот Никола Затуроски.„Нико Нестор од 2008 година навака како училиште ги нема тие инциденти повеќе што се наназад. Затоа би сакал и вие лично како медиуми да се заложиме максимално да ја пренесуваме информацијата и позитивниот дух на нашево училиште дека владее разумот пред се толеранцијата и години наназад ја нема онаа м…
Сторителот на семејното насилство надвор од домот. Ова го предвидуваат новините на Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство. Досега жртвата на семејно насилство беше згрижувана, потенцира заменик министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибраими. Со законските измени насилникот ќе добие забрана да се приближува до домот, да и телефонира на жртвата, или да се приближува до работното место. Ибрахими признава дека во досегашното искуство за решавање на проблемот со семејното насилство, имало големи пропусти во работата на Центрите за социјална работа. „Со новините…
На 3-ти ноември 2014 година, љубителите на македонската филмска уметност во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе имаат можност премиерно да го погледнат најновото филмско остварување „До Балчак” на режисерот Столе Попов.„To the Hilt – Story from the Wild East“ („До балчак – Приказна од дивиот исток“) , ќе се прикажува во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, од 29-ти октомври до 1-ви ноември, со почеток во 19.00 часот.Филмот е сурова но романтична љубовна приказна во која вечната македонска кауза за сопствен идентитет и самостојност е видена од агол на строга индивидуалност, …
Локалната самоуправа од Струга подготвила документација за изградба на пристанишtе. Идејата да се воведе бродска линија Охрид – Струга не е нова ни неостварлива. Капетан Горан Устијаноски од охридската капетанија на пристаништа информира дека е изготвен акционен план за изградба на пристаниште во Струга како задолжение од Владата. Од министерството за транспорт и врски посочуваат дека сега на потег е локалната самоуправа во Струга. Но, градоначалникот Зијадин Села, вели Струга има неколку локации каде што може да доаѓаат и поаѓаат пловни објекти. Потврдува дека имаат изработено документаци…