На 19-ти овој месец, во близина на населбата Калишта на струшкото крајбрежје, на околу 300 метри од брегот на езерото, биле пронајдени четири несоодветно обележани рибарски мрежи со должина од по 50 метри кои немале соодветен жиг од Државниот инспекторат за земјоделие. Бидејќи овластениот концесионер во тој дел од Охридското езеро не ги поставил рибарските мрежи, констатиран е прекршок од Законот за рибарство и аквакултура од страна на непознати лица. По неколку часа, езерската полициска патрола на 800 метри од брегот на езерото кај Калишта, пронашла уште дванаесет рибарски мрежи со должина…
Струшките средношколци од сите етникуми денес се приклучија на протесниот марш против екстерно и математика како трет задолжителен предмет од државната матура. Стотина ученици од двете гимназии во Струга „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“ го кажаа своето „не“ за лошите реформи, и со кренати транспаренти извикувајќи „Доста беше молк“, „Не за математика“, „Ние сме иднината“, продефилираа од чаршискиот мост по двата кеја на реката Црн Дрим, и низ струшката чаршија.„Бараме да не е задолжена математика, односно бараме да се воведе стариот начин на полагање на матурата, бараме приемен испит на факулте…
Оваа сабота 21-ви март во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, драмското студио „Миладин“ премиерно ќе ја изведе претставата „Пепелашка“.Драматизацјата и режијата на претставата се на Ристе Миладин, a во претставата играат актерите: Вероника Димоска, Сара Стефановиќ, Анастасија Тотовска, Сара Наумоска, Јована Беќароска, Моника Коруноска, Ристе Миладин, Бојан Крстески и Илија Ќосески.Претставата ќе започне во 19 часот, а влезниците чинат 70 денари.{loadposition content9}
Донаторска акција за денот на лицата со Даунов синдром.Во декември 2011 година, Генералното Собрание на Обединетите Нации го прогласи 21 Март за Светски ден на Дауновиот Синдром. Генералното Собрание одлучи дека почнувајќи од 2012 година, секоја наредна година на 21 март ќе се одбележува Светскиот Ден на Дауновиот Синдром, и ги поканува сите земји членки на ОН, релевантните организации на системот на ОН други меѓународни организации, вклучувајќи ги невладините организации и приватниот сектор, да го одбележат овој ден на соодветен начин, со цел да се постигне поголема јавна свест за Дауновио…
Пронајдено безживотно тело во атарот на струшкото село Драслајца. Случаен минувач, вчера околу 17 часот, во месноста викана Дупки пронашол леш во напредна фаза на распаѓање. Телото е пронајдено во близина на реката Сатеска.
Случајот е веднаш пријавен во полиција.
На местото на настанот е извршен увид во присуство на Јавен обвинител и полициски екипи од СВР Охрид и Полициската станица Струга.
По наредба на Јавен обвинител безживотното тело е испратено на обдукција на Судска медицина во Скопје за да се утврди идентитетот , информираат од СВР Охрид.
{loadposition content9}
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“ при вршење семејно насилство, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Г.А. (42) од Струга.На седми овој месец, пријавениот во алкохолизирана состојба започнал вербална расправија а потоа физички ја нападнал неговата вереница. Настанот се случил во 00.15 часот во неговиот автомобил на пат кон Струга.На поставено прашање од вереницата, пријавениот Г.А. започнал караница а потоа и навреди кон неа. Во еден момент тој го запрел автомобилот по што со рака започнал да ја удира по лицето. Оштетената …
Во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром невладината Порака Нова бара волонтери кои ќе работат со овие лица. Помагајќи им на лицата со Даунов синдром, придонесуваме за нивна поголема социјализација. Порака Нова ги отвара вратите за хуманите луѓе кои не ја вртат главата пред луѓето кои се различни од нив. На тимот може да им се приклучат сите оние кои се подготвени дел од своето слободно време да го поминат во работа со овие лица. На овој начин ќе внесат светлина и радост во животот на лицата со интелектуална попреченост.
Заинтересираните можат да се јават во НВО Пора…
Македонците ја препознаваат корупцијата дури и во посложени форми но не се решаваат да ја пријават. Граѓаните се сретнале со корупција во работата на локалните власти, лекарите, полицијата. Но сепак корупцијата во земјата не е на врвот на листат проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Ова го покажува извештајот за проценка на корупцијата во Република Македонија изработен од МЦМС. „Извештајот покажува дека корупцијата македонските граѓани ја сместуваат на петтото место како клучни проблеми со кој се соочува државата, после сиромаштијата невработеноста, ниските приходи, високите цени“ – вели…