За да се стави крај на политичката криза во земјава потребно е ДУИ да излезе од владата. Ова денеска го изјави градоначалникот на Струга и претседател на ДПА, Зијадин Села.„Мислам дека ДУИ треба да излезе од владата, со тоа ќе се најде и политичко решение, спокојство кај граѓаните и стабилизација на ситуацијата во Македонија. Ако ДУИ излезе од Валда се знае дека ќе има техничка влада, нели за тоа цело време се зборува и треба да се најде некое решение“ – вели Села.Според него скандалот со прислушкувањето лошо се одразува врз државата и животот на граѓаните без разлика на нивната етничка при…
Нов архитектонски изглед на градот на мостовите, соседна Струга. Петнаесетина млади студенти по архитектура, архитекти и дизајнери во наредните дваесет дена ќе работат на осмислување на нови урбани решенија за градскиот плоштад и воопшто централното градско подрачје во Струга. Според студентот од Техничкиот универзитет во Виена, Гоце Чавкоски, една од главните цели на проектот „Градот кој никогаш не спие“ е да се дојде до архитектонско решение со кое сите граѓани ќе се задоволни и во чие создавање сите граѓани ќе учествуваат.
„Треба да придонесеме и да дадеме еден поинаков тек на изработка,…
На 28-ми јануари 2022 година во 00:20 часот, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода 61- годишниот Ш.А. од струшкото село Делогожда.
Тој претходно во стан на улицата „Маршал Тито”, физички ја нападнал Ц.Т. (78) од Струга, а потоа се однесувал агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејства. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Април, мај, јуни, септември и октомври традиционални месеци за организирање на конгреси и семинари. Конгресниот туризам според хотелиерите, нуди одлична можност за продолжување на летната туристичка сезона. Менаџерот на хотелот „Дрим“ од Струга, Ана Јанчева-Дудановска, вели дека се задоволни од резултатите кои се остваруваат преку организирањето на големи конгреси и семинари, но додава дека најголем бенефит од конгресниот туризам би се почувствувал доколку истиот би се практикувал во текот на зимските месеци кога според неа ретко и да има било каков туризам на охридско-струшкото крајбрежје….
На прагот на престојната туристичка сезона, но и на двата големи христијански празници, католички и православен Велигден, хотелските капацитети се постепено се исполнуваат. Хотелиерите коментираат дека за разлика од минатите години, овие верски празници во однос на туристите минуваат помалку незабележливо. Ана Јанчева-Дудановска, менаџер во хотел Дрим од Струга, вели дека веќе започнуваат со аранжмани за престојната летна туристичка сезона.„За разлика од минатите години, некако многу помалку за католички Велигден. Очекуваме гости, да, во голем број Турци, ама реално немаат врска со католичк…
На иницијатива на волонтерите од „Порака Нова“, одбележан Светскиот ден на лицата со аутизам. „Носи сино за аутизам“. Под ова мото денес во центарот на Струга, волонтерите од Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост и нивните фамилии ПОРАКА НОВА, достојно го одбележаа Светскиот ден на аутизмот. Со, песна, оро и ленти и балони во сината боја денес беше украсен чаршискиот мост во Струга. Анита Гагоска Шутиноска – генерален секретар на „Порака Нова“вели дека грижата за лицата со аутизам и грижата за лицата со посебни потреби никогаш не е доволна,…
На 2 април 2015 година го одбележуваме Светскиот ден за подигнување на свеста за Аутизмот, дневниот центар Порака Нова, ќе организира јавен настан во центарот на градот.Ќе се делат сини балони и сини ленти ќе се црта со креда на мостот, музика, и друго. На настанот ќе настапат КУД Драслајчанка, КУД Ѕиѕелоња, КУД Дримкол, Оли и Артан, Антонио Пејоски, Мармалад банда. Бидете од 12:00 – 14:00 во струшката чаршија кај чаршискиот мост.{loadposition content9}
Нарушена границата помеѓу езерото и тлото. Урбанизацијата на езерскиот брег од струшката страна на Охридското Езеро ништо не е подобра од онаа на охридскиот појас тврдат струшките екологисти. Берат Села претседателот на ЕД „Натура кажува дека поради се позачестената изградба на градежни објекти во крајбрежниот појас, на потегот од Женска плажа до Калишта, направиле траса која претставува гранична линија помеѓу езерото и тлото и според нивните укажувања истата не треба да се поминува. „Ние имавме едно такво лошо искуство ние бевме и против концесиите што ги издаде МТВ и Министерствот за зе…