Во четврток, на 7-ми мај во црквата „Св. Георгиј“ во Струга ќе се одржи Вечерна богослужба со која ќе чиночалствува митрополитот Дебарско-кичевски, г-дин Тимотеј.Потоа ќе следи еордија – литија со светите мошти од Св Георгиј и неговата чудотворна икона.- Ве покануваме да земете учество во оваа древна струшка духовна традиција, која пред неколку години беше обновена и збогатена со присуството на моштите на Св. Георгиј Победоносец. Дојдете почувствувајте ја радоста и благодетта на овој торжествен настан и примете го благословот на славниот Победоносец Георгиј, порачуваат организаторите.{loadp…
Од општина со над 32 милиони долг, Вевчани стана една од најуспешните мали општини во земјава, која со домаќинско работење успеа во изминативе две години да реализира низа проекти. Еден од најзначајните проекти беше изградбата на новата училишна зграда која обезбеди достоинствени услови за учениците од оваа година кои години наназад учеа во руинирани објекти.„Децата веќе 8 години учеа во многу лоши услови во општинската зграда во простори од 12 квадрати во еден тоалет одеа, 260 деца. Значи една цела генерација од 8 години завршија тука во општинската зграда“ – вели Угриноски.Општината набрз…
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Д.У.(40) од Струга. На 27-ми овој месец, пријавениот, на лицето Д.Д. (43 ) наркозависник од Струга му продал помала количина опојна дрога хероин. Нивната средба се случила на пресекот на улиците „Маршал Тито“ и „Арсеније Јовков“ во Струга, по претходен меѓусебен телефонски договор.На местото на средбата, пријавениот Д.У. пристигнал со неговото патничко моторно возило марка …
Денес во Охрид се одржува Меѓународната конференција „Размена на најдобри практики на ЕУ во борбата против корупцијата на локално ниво“.Според најавите, свое воведно обраќање во рамки на отварањето наконференцијата ќе имаат Министерот за локална самоуправа Лирим Шабани,Претседателот на Државната комисија за борба против корупцијата ГоранМиленков, Раководителот на одделот за политички прашања, правда ивнатрешни работи, информации и комуникација од делегација на ЕвропскаУнија Роберт Лидел и Извршниот директор на ЦИКП Марија Ристеска.Во рамки конференцијата ќе бидат соопштени и резултатите од …
Здружението на граѓани ЦЕФЕ Македонија на 22-ри Април (среда) во 13 часот одржува бизнис презентација на Меѓународниот Универзитет во Струга во рамките на проектот „Зошто да одите во странство, кога можете да останете и да ја развивате вашата држава?“ финансиран од Амбасадата на САД во Македонија.Целта на проектот е преку информативни и практични пораки да се придонесе кон превенција на одливот на таленти од државата и да се поттикнат младите на претприемнички активности. На следниот линк може да погледнете повеќе информации: http://cefe.mk/Investiraj/ Истиот е имплементиран од ЦЕФЕ Македон…
Струга урбанистички ќе се уредува пред почетокот на туристичката сезона. Започна реконструкцијата на шеталиштето на левиот кеј од реката Црн Дрим, од мостот на улица Маршал Тито до хотел Дрим. Секторот за урбанизам ги спровел сите законски регулативи, избрал најповолен изведувач и издал градежно одобрение. Според идејниот проект за реконструкција на речниот кеј, во првата фаза кејот ќе биде поплочен со гранитен камен, ќе бидат поставени канделабри, клупи за одмор, а просторот ќе биде оплеменет и со хортикултурно зеленило, информира раковдителот на секторот за урбанизам и просторно п…
Во Полициската станица во Струга од страна на 38- годишно лице од струшкото село Корошишта, викендов било пријавено дека на 17- ти април, во 6.30 часот, од непознати причини од дома се оддалечила неговата малолетна ќерка.Од министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.{loadposition content9}
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Е.Ц.(57) од струшкото село Октиси. Во пријавата, во врска со казненото дело „помагање“опфатено е и лицето С.С. (21) од истото село. Во вечерните часови на деветти овој месец во селото Октиси, двајцата пријавени се затекнати со мини трактор при нелегален транспорт на 1,89 м3 огревно дабово дрво. Првопријавениот Е.Ц. неовластено извршил сеча на 1,89 м3 дрва од шумски терен во подрачјето на селото Октиси а потоа ги одзел и транпортирал до својот дом во селото Окти…