Стреужанката Настасја Краљевска е дел од 58 матруранти од приватното средно училишет Јахја Кемал. Таа и нејзините школски другари ги добија завршните дипломи. Краљевска своето школување ќе го продолжи на Љубљанскиот универзитет на политички науки. Во иднина себе си се гледа како дипломиран комуниколог. Од четиригодишното школување во Јахја Кемал, вели дека ќе замине понатака во животот со богато искуство и стекнато знаење.„Се чувствувам прекрасно како и сите 4 години поминати во ова училиште. Едно прекрасно едукативно искуство, пред се забавно за учениците. Во ниеден момент не почуствувавме…
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Д.Б. (39) од Струга.Пријавениот, на 7 мај оваа година, во својство на менаџер во „АМД Струга“, без да спроведе законска постапка за издавање привремени регистарски таблици, издал четири времени таблици од кои две за патнички и две за товарни моторни возила. Тоа го направил со издавање на времените таблици на рака на физичко лице од струшкото село Ливада вработен во фирмата „Викторија инвест“ од Република Албанија. На ова ли…
Алфа Медика плус се проширува. Поради недостиг на биохемиски лабаратории на подрачјето на општина Струга, менаџерскиот тим на овaa медицинска куќа, одлучило да отворат и своја лабараторија. Др Соња Милеска вели дека почнале со една екипа од матичен доктор и сестра за да сега прераснат во еден поголем тим, кој на пациентите ќе им стои на располагање во две смени. Полека но сигурно стануваме една мала дијагностичка клиника која излегува во пресрет на барањата на пациентите кои од ден на ден се се побројни, додава Милеска.„Во нашата ординација има пациенти од 0 до 100 години и во зависност од …
На Струга и се случува вистинска градежна експанзија. На секој агол од општината се гради, доградува реновира, модернизира. Во моментов Локалната власт ги привршува работите околу кружниот тек на влезот во градот на некогаш најкритичната раскрсница, која беше магнет за сообраќајни незгоди, спојот на магистралниот пат со регионалниот пат Струга – Дебар, а интензивно се работи и на шеталиштето и кружниот тек во негова близина„Сите проекти се финансираат со одвоени, предвидени, средства зацртани со програмата на општина Струга. Што се однесува до финансиската конструкција, постапката се одвив…
„Општина по мерка на граѓаните“ е проект преку кој стружани полесно го наоѓаат патот до институциите. Овој проект го реализира Центарот на зедницата при општина Струга кој што центар претставува линк помеѓу граѓаните и општината, како што кажа Катерина Талеска координатор во Центарот. Таа потенцира дека изминатиов период работеле анкета, на која што нивните сограѓани се изјасниле што и е потребно на Струга и што би и и подариле на општината. Анкетатa се спровела на 100 испитаници од кои 60% биле албанци, а останатите македонци, и биле посетени неколку локации во Струга претежно струшките ка…
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дел „насилство“ полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Н.Ц.(31) Е.Ц.(24) и Е.З.(25) сите од Кичево.Пријавените, на трети мај оваа година, физички го нападнале Е.Б. од Кичево удирајќи го со раце, ноsе и со разни предмети нанесувајќи му телесни повреди по целото тело. Настанот се случил околу 16 часот и 40 минути на улицата „11 октомври“ во Кичево пред зградата каде оштетениот живеел. Тука, пријавените го сочекале Е.Б. и веднаш го нападнале задавајќи му повеќе удари со раце и ноsе по целото тело. Во момент кога прија…
Струга пример за мултиетнички соживот. Струга била и останува пример за тоа, како комшии македонци, албанци, власи, турци, роми живеаат сложно, како куќни пријатели, соработници, еснафи велат граѓаните. На прашањето, како го оценуваат соживотот во овој град после случувањата во Куманово стружани со размислување.„Постои и тоа многу добар, ми се чини дека нема некаде повеќе. Тоа кај нас е со години не само сега, и пред другите случувања исто беше вака и сега со овој случај ќе влее желба за подобвар соживот. Многу политичко прашање е ова, ние секогаш сме живееле во заедница да ги снема пол…
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка телесна повреда“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Л.Н.(27) од струшкото село Велешта.Пријавениот, на први мај оваа година со нож го нападнал А.И. (21) од селото Велешта и му задал тешки телесни повреди на двете нозе. Настанот се случил околу 15 часот во центарот на селото во момент кога двајцата се разминувале со своите патнички моторни возила. Откако ги запреле возилата, сега пријавениот Л.Н. веднаш излегол и со нож го нападнал А.И. забивајќи му го сечивото најнапред во левата а потоа и во десна…