Јун 3, 2015

Фалсификувани евра во Струга

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „фалсификување пари“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против В.Џ.(34) од Берат, Република Албанија.  На 24-ти минатиот месец, пријавениот во продавница во Струга купил електро опрема и притоа платил со фалсификувана банкнота од 20 евра односно истата ја пуштил во платен промет.Настанот се случил околу 13 часот кога сега пријавениот со други 3 лица од Албанија пристигнал во Струга со намера да купат автомобил. Во продавница за електро опрема лоцирана во градскиот пазар, сега пријавениот купил електро опрема во …

Мај 30, 2015

Месните заедници во Струга, пасивни

Месните заедници од општина Струга треба да се вклучат во носење на локалната политика, сметаат од Центарот на заедницата при општина Струга.  Како што појасни координаторот Ѓоко Милески, веќе била спроведена обука на тема „Граѓанско учество и партиципативна демократија“, со што сакале месните заедници да ги поттикнат активно да работат и да се вклучат рамките и во процесите на општината.„Имаме различни МЗ во општината, некои се активни и работат на терен, а на некои им треба малку поттик и во иднина да ја продлабочат нашата соработка, а и тука ја гледам и нашата помош веќе почнавме активно…

Мај 30, 2015

Струшката библиотека работи со полн капацитет

До дел од струшките граѓански здруженија пристигнале забелешки дека градската библиотека „Браќа Миладиновци“, кубури со книги. Тоа се однесувало на литературата за деца, на албански јазик. Дел од родителите на децата укажале дека се случува книгата која ја бараат за лектира да ја нема во градската библиотека па биле принудени да ја купат. Слободанка Попоска директорката на ЦК „Браќа Миладиновци“ во чиј склоп работи и градската библиотека, одговорно тврди дека не се случува да враќаат нивни членови поради немање на одредена лектира. Според неа проблемот е сосема друг. „Проблемот е во наставн…

Мај 29, 2015

Струга отвора ново одделение

Клучните проблеми на младите во Струга се исклученост од носењето одлуки на локално и национално ниво, огромна стапка на невработеност и непостоечко или партизирано младинско организирање. Овие проблеми ги делат речиси сите млади во Македонија. Младите стружани сакаат да бидат вклучени и во процесите на одлучување, да има плурализам во младински одлуки, односно нивно директно учество. Со цел да се излезе во пресрет на дел од потребите на младите стружани, Локалната власт донесе одлука за формирање ново одделение кое ќе функционира во рамките на Локалната самоуправа на општина, обелоденува п…

Мај 29, 2015

Средношколците од Јахја Кемал прикажаа различни култури и цивилизации

Раскошот на Староегипетската култура од времето на Клеопатра 7, воените вештини на Шаолините, цветните Дрогби, тиркизните Бербери беа  дел од богатата презенатција на фестивалот на култури и цивилизации. Средношколците од приватното средно училиште Јахја Кемал го одржаа Фестивалот на светски култури и цивилизации. Колеџот е мултикултурно училиште и од тие причини се негува културниот релативизам, нагласува професорката по социологија, Фросина Постолоска. „ Конкретно учениците од трета година самите ги изработија костимите, а ги истражуваа  и културите кои ги претставуваат и се прикажуваа…

Мај 28, 2015

Калиштани 30 години чекаат асфалт

Само со добра патна инфраструктура, може да развиваме туризам. Жителите на Калишта струшко години наназад на надлежните укажувале дека патната инфраструктура која води до нивното село е во очајна состојба, како што изјави Урим Јусуфи потпретседателот на МЗ. Тој вели дека од страна на премиерот уште пред две години им било ветено дека ќе се направи но од тоа ништо.„Овој пат Струга – Калишта е изграден кога е изграден хотел Бисер, во 1975 година и оттогаш не е направено ништо. Вие како што знаете овој пат требаше да се асфалтира до Радожда бидејќи овој пат е регионален не е општински и овде н…

Мај 28, 2015

Струга ќе ја подобрува читачката култура

Струшката читалница на ЕВН место за средби, дружба со одбрана литература. Леа, Теа и Арба ги пренесоа своите искуства од едно вакво катче, убаво обоено во розева боја, соба каде спонтано се собираат се дружат, читаат, креираат а истовремено ги поттикнуваат и читачките навики. „Научив повеќе за македонскиот јазик многу е интересно читаме лектири кои не се задолжителни, работиме во тимови и групи а некогаш самостојно од работилницата ми се допадна тоа што читаме лектири и учиме нови зборови. Проектот е за учењето на албански јазик, ми се допаѓа читањето на лектири и новите зборови кои ги науч…

Мај 27, 2015

ВМРО-ДПМНЕ и ДПА од Струга ја раскинаа коалицијата

Раскината коалицијата на ВМРО – ДПМНЕ и ДПА во струшкиот Совет. Причина несогласуваање со одлуката за доделување на парична помош во висина од 600 000 илјади денари за општина Куманово. Претседателот на струшкиот Совет Абдула Ќазимоски појасна зошто се одлучиле да направат еден ваков гест.„После разгледувањето на проблемите кои ги имаа граѓаните на Куманово, после тие ветувања од Владата која требаше да им даде одредени финансии, слушнавме дека се дадени само хотелското сместување, гледаме и одговорно кажувам дека ние како граѓани и јас како претседател на Совет на општина  заедно со градон…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top