Јул 18, 2015

Министерoт Спасов ги посети летувалците во Струга

Пристигна петтата група деца во струшкото одморалиште „Мајски Цвет“. Како што кажаа и самите, одлично биле згрижени во овој објект на струшкото крајбрежје и се чувствувале среќни и задоволни.Децата денеска ги посети и министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов. Тој нагласи дека на децата им  обезбедуваат 7 дена бесплатно летување, каде тие се дружат, учат да пливаат и поминуваат незаборавни моменти на Охридското крајбрежје. „За ова лето обезбедивме 2000 дечиња да можат да ја искористат оваа бесплатна услуга, да ги исполнат поволностите од проектот за бесплатно летување. Обезбедени…

Јул 16, 2015

Обид за убиство во Струга

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ убиство во обид“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Ф.Р.(50) од струшкото село Долна Белица. Тој, на седми овој месец,  со нож го нападнал Љ.Д. (79)  од Струга нанесувајќи му тешки телесни повреди-посекотина на врат во должина од околу 16 сантиметри. Настанот се случил во 20 часот и 30 минути на улицата „ЈНА“ во Струга, каде сега пријавениот, во видно алкохолизирана состојба,  го забележал Љ.Д. кој со тапан најавувал дека е време за вечера според муслиманскиот рамазански пост. Тука, Ф.Р. го пресретнал с…

Јул 10, 2015

Дезинсекција и во Струга

Во сабота и недела во општина Струга ќе се врши дезинсекција против комарци и бели пеперутки.Запрашувањето ќе се врши од 21 часот. Се известуваат пчеларите да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите во наведениот период. Препаратите кои ќе се користат при дезинсекцијата не се штетни за животните и луѓето.  

Јул 4, 2015

Готова е Стратегијата на општина Струга

Готова е Стратегијата на општина Струга. Таа доаѓа како резултат на Програмата „Општина по мерка на граѓаните“, програма која се реализра во соработка со општината и Фондација Отворено Општество. Стратегијата е усвоена од Советот на општина Струга со партиципативно учество на граѓаните, институции и секторите на општина Струга.„Навистина беше добро што сите придонесоа за стратегиите да бидат успешни. За граѓаните што не знаат стратегиите се однесуваат на 4 области, развој на образованието, млади, социјална заштите, соработка ос граѓанскито сектор. Од истите произлегоа и акциските планови, к…

Јул 2, 2015

Се чека ваљак од Битола за да се санира прекопот кај Подмоље

Дел од стариот пат Охрид – Струга во близина на Подмоље,  стои ископан речиси пет месеци. До ден денес од струшката секција на Македонија Пат оваа дупка ја немаат санирано, за што најмногу се револтирани возачите и такси превозниците кои овој патен правец го поминуваат дури и по неколку пати во денот.„Оваа дупка е катастрофална, слободно може да видите дека пред една недела сменав амортизер во вредност од 40 евра, точно заради оваа дупка, тоа мене никој не ми го плаќа, јас често пати на работа патувам Охрид – Струга. Навистина е страмота сега доаѓаат туристи и се чудат, ова не е дупка ова е…

Јул 1, 2015

Стружани пред Комисијата за родова еднаквост

Податоцитие на глобалнo ниво кажуваат дека сеуште постои нееднаква дистрибуција на ресурси, права и моќ, меѓу мажите и жените. Жените сè уште се соочуваат со нееднаквости во однос на можностите за вработување, добивање плата, пристап до правото на здравствена заштита и негово остварување, правата во бракот и семејството. Речиси во сите сфери на општественото живеење доминантна моќ најчесто ја имаат мажите, велат од Центарот на заедницата Струга, кои денес организираа средба на граѓаните со членовите на Комисијата за унапредување на рамноправноста помеѓу половите при Советот на Општина Струг…

Јан 30, 2022

Кичевчанец каснат од куче скитник во Струга

На 29.01.2022 година, К.К. (65) од Кичево, во надлежната полициска станица пријави дека на булеварот „Ослободување” во Струга бил каснат од куче скитник. Истиот ден, С.С. (34) од Кичево и Д.А.(70) од селото Кнежино пријавија дека, на улиците „Илиница”, односно „Драге Богески” во Кичево биле каснати од куче скитник – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Јун 30, 2015

Поголема заштита на пречистителната станица во Враништа

Пречистителната станица во Враништа речиси еден месец не работеше. Според одговорниот на оваа станица Мухамед Лешко, проблемот бил од техничка природа, односно се случил дефект на пумпата за циркулација на пречистителната станица. Лешко предупредува дека мора да се има поодговорен пристап кон овој систем, кој многу значи за двата града на вода, бидејќи е еден од посовремените, на Балканот. „Се случи дефект на самите редуктори, бидејќи ние немавме резервни редуктори станицата цели три недели остана надвор од употреба. Периодот ако се продолжи повеќе од месец и половина два, ќе настанат и тех…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top