Прилепчанка со измама резервирала престој за 52 лица во струшкиот хотел „Бисер“. При потпишувањето на договорот, пријавената М.В. лажно претставувајќи се дека е претседател на Конфедерацијата на синдикалните организации на Република Македонија, на менаџерот на хотелот му приложила исправа со невистинита содржина односно тековна состојба на Конфедерацијата од фебруари оваа година. „Со цел да прибави против-правна имотна корист, пријавената, на осми јули оваа година, во хотелот „Бисер“-Струга, на одговорниот менаџер му се претставила како претседател на Конфедерацијата на синдикалните организ…
Во Струга водата за пиење денес е исправна, тврдат од ЈП Пораква Струга. Оваа информација стигнува по издадената наредба на Агенцијата за храна стружани да не ја користат водата за пиење од градскиот водовод, а врз основа на анализите на водата од Центарот за јавно здравје дека изминатиов викенд во струшката водоводна мрежа се откриени бактерии. Иако системот два дена останал без хлор, веќе од петокот хлорот е набавен и системот за водоснабдување се хлорира, тврди Аднан Речи раководител за исправноста на водата за пиење во струшка Проаква.
„Им препорачуваме да пијат и да ја употребуваа…
Мирно езеро и летни температури за прекрасен почеток на една убава традиција. Денес во водите на Охридското езеро, на 11 километри долгата патека од пред хотелот Дрим во Струга, па се до Канео во Охрид се одржа првиот воопшто кајакарско-веслачки маратон. Задоволството од неговата успешна реализација забележлива и кај организаторите и кај учесниците. Еден од нив, беше и Никола Џутески кој извесла до второто место на подиумот, веднаш за првопласираниот Константин Дејкоски, и двајцата од кајак-кану клубот “Црн Дрим” од Струга.
„Не беше многу напорно, нашите тренинзи дневно се и поголеми од до…
Компанијата ОКТА ја поддржа изградбата на ново инклузивно игралиште во дворот на основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга, кое ќе биде место на безгрижна игра и правилен физички развој на учениците, вклучувајќи ги и децата со попреченост.
Ова е трето инклузивно игралиште, кое компанијата ОКТА го донира во рамки на нејзината соработка со Фондацијата „Чекор по чекор“, како дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“.
Среќни сме што оваа година ја дадовме поддршката за реализација на овој значаен проект кој во фокусот го има образованието на децата со попреченост и …
Без струја, со рачно ѕвоно кое го означува почетокот на часовите, без неопходните компјутери и интернет конекција потребни за функционирањето на училиштата.
Струшките основни училишта продолжуваат со функционирање во овие отежнати услови. Основците од „Браќа Миладиновци“ според најавеното денес го бојкотираа првиот час од наставата, додека останатите часови ги држеа скратено со цел да се заврши пред да падне првиот мрак и со тоа да изчезне и последната надеж за нормална настава. Од таму велат дека се надеваат на скоро решавање на проблемот. Слична ситуацијата и во основното училиште „Јосип…
Фондот за здравствено осигурување отвора аптекарска станица во струшкото село Ливада. Според зборовите на директорот на Фондот, Сашо Стефаноски оваа аптекарска станица со работа ќе започне од 1ви октомври со што жителите на ова населено место ќе имаат можност токму во местото каде што живеат да си ги набават потребните лекови.
„Со овој проект, со проектот „Аптекарски станици“ заедно со Министерството за здравство се трудиме да ја доближиме достапноста на лекови до граѓаните кои живеат во руралните средини. До овој момент се отворени 66 аптекарски станици кои покриваат население од 130 илја…
Новата политичка опција, „Движењето за реформи ДПА“, очекува регистрација на партијата. Во спротивно, ќе функционира во илегала, изјави еден од основачите на оваа партија Зијадин Села. Тој нагласи дека веќе два месеци се соочуваат со низа судски забелешки, според него несфатливи.„Законот бара 1000 потписи за регистрирање на нова политичка партија, ние дадовме таму 2000. судот во тетово, судијката ни вели, нам не ни треба 2000 ние сакаме само 1000. Едвај успеавме 1060 да им дадеме бидејќи ако се 1000 ќе најдат пак некоја грешка и ќе ни речат не можи, зато ни ги примија, со образложение дека…
На 18 ти овој месец, истекува привремената мерка која ја донесе Струшкиот Основен Суд за забрана за уривање на објектите на струшките плажи, по што концесионерите треба целосно да ги отстранат нелегалните барови, шанкови и другите останати градби долж езерското крајбрежје во Струга. Градоначалникот на Струга, Зијадин Села не отстапува од својот став, кој во неколку наврати го има дадено во медиумите, дека по овој датум ќе продолжи постапката за целосно уривање на изградените објекти на плажите.„Јас тоа што го имам најавено, ќе го спроведам. Тоа е мојот став. Судовите треба да ги прашате как…