Фев 27, 2016

Намалени блок дотациите во струшките гимназии

  Владата на Р. Македонија продолжува да ја деградира општина Струга во насока на инвестиции во образованието, велат од секторот за образование при општина Струга. Струшките гимназии второто полугодие го започнаа со намалени блок дотации за 62 000 евра. Како што информираше раководителот на Секторот за образование Сурија Рашити тоа било предвидено со државниот буџет за 2016 год.  „Секако дека ова ќе има големи последици по средните училишта бидејќи средствата во висина од 62 000 евра не се малку, кои ќе остават големи последици за нормално функционирање на овие училишта знаејќи дека тие и…

Фев 20, 2016

Отпадот во Струга оди под земја

  Стружани отпадот од неодамна го фрлаат под земја. Струга, доби подземен контејнер, како дел од реализација на проект од Центарот за Развој на Југозападниот плански регион. Ваков контејнер за прв пат се употребува во општина Струга а се наоѓа во централното градско јадро на самиот агол од плоштадот кај споменикот на револуцијата.  Директорката на ЈПР Мирјана Лозаноска нагласи дека  со поставувањето на ваквиот контејнер  ќе се придонесе за осовременување на системот за складирање и подигање на комуналниот отпад и за подобрување на јавната хигиена во градот.„Три контејнери се поставени во т…

Фев 17, 2016

„Таа може“ преку обука и идеја до сопствен бизнис

  Жените од Југозападниот плански регион успешно ги поминаа обуките за развој на женското претприемништво. Тие на пет дневната обука ги презентираа нивните идеи кои во иднина ќе им овозможат да основаат свој бизнис. Како што пренесе директорката на центарот за развој на Југозападниот плански регион Мирјана Лозаноска, жените имаат голема потреба од ваков тип на обуки преку кои го зголемуваат нивното знаење, им ги отвора видиците за нивно учество во бизнисот, како и да ги поттикне да основат старт – ап компании.„Очекуваме после овие квалитетни обуки, дека навистина ќе одат чекор натаму и ќе …

Фев 10, 2016

Струшка дијализа има потреба од обновување и на објектот и на апаратурата

  Потребна е итна санација на кровот на Заводот за нефрологија и дијализа, Струга. Причина за тоа е што истиот прокиснува при врнежи од дожд и снег. Како што обелодена директрот на оваа здравствена установа д-р Асим Муса, години наназад немало некоја посериозна инвестиција во инфраструктурни зафати, поточно уште од 1985 година од кога е изградена болницата. Повремено со помош на донации била заменета дограмата во некои од собите а со буџетски средства од установата се молерисувале просториите.„Кровот е рамен и поминати се околу триесет години од кога е направена. Од време на време при врне…

Фев 6, 2016

Дали лабуништани ќе добијат спортска сала?

  Жителите на Лабуништа струшко сеуште чекаат изградба на спортски објект, сала. Само за потсетување во 2011 година беше удрен и камен темелник за спортска сала но од тогаш па до ден денес ништо од тоа, само ветувања. При неодамнешната посета на министерот за образование Абдулаќим Адеми во Лабуништа, тој пред мештаните повторно настапи со најава за изградба на спортска сала, а ги кажа и причините зошто досега не се отпочнало со градба.„За неколку дена ќе почне со градба и спортската сала која е во вредност околу 41 милион денари или околу 690 000 евра. За општина Струга ова не е последна и…

Јан 20, 2016

Ќе се рехабилитира патот до село Злести

Локалниот пат кој води од селото Белчишта до манастирот „Света Богородица“ во село Злести во иднина ќе биде рехабилитиран и обновен.За таа цел надлежните служби во општина Дебрца деновиве објавија Јавен оглас за изработка на Техничка документација за рехабилитација на ова патно поврзување.Според огласот кој е објавен преку Електронскиот систем за јавни набавки, изработката на документација ќе чини околу 4.800 евра или точно 300.000 денари.Согласно процедурите, откако ќе биде изработена техничката документација ќе се објави Јавен повик преку кој ќе се побара изведувач на оваа инфраструктурна…

Јан 16, 2016

Ревалоризацијата на значајните објекти во Струга во завршна фаза

Значајните културно-историски објекти во Струга во завршна фаза од процесот на нивна ревалоризација. Иако станува збор за очигледно помал број на објекти кои ќе бидат реставрирани за разлика од она што се работи во Охрид, министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска негира дека станува збор за некаква селективност кај министерството. Таа вели дека средствата од буџетот на министерството се распределуваат на конкурс и дека тие не можат да одвојат средства за некоја институција ако таа не се јавила на конкурс или не аплицирала со проекти.„ Нашите национални институции се јавуваат на к…

Јан 12, 2016

Славко Упевче со изложба во Вевчани

Во Вевчани се прават завршните подоготовки за одржување на утрешниот традиционален  карневал. Атмосферата во Вевчани започна да се загрева  сонастапите на музичките групи Слаткаристика, Сарс и Брас Брадарс. Покрај настапот на музичките групи манифестацијата се збогатува  и со две  изложби.  Гостите во Вевчани ќе може да погледнат две изложби икони на резбарот Александар Баткоски  и слики од охридскиот академски сликар Славко Упевче. Неговите уметнички дела  ќе бидат изложени во Вевчани една недела. Упевче по 3 децении повторно гостува со изложба по неговото прво претставување пред вевчанци …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top