Јул 13, 2016

Слаб притисок на вода во Струга

  Стружани се жалат дека последниве неколку дена притисокот на водата е слаб, а во некои денови дури по 10 часа немале вода. Проблемот бил поизразен во станбените комплекси, велат граѓаните кои ги анкетиравме. Некои од нив пред камерата на ТВМ кажаа дека пуштањето на машина за перење е привилегија, додека пак дел од нив сметаат дека градежната експанзија си го направила своето. „На задоволително ниво не е, ноќе има притисок, а дење не може да се приклучи машина за перење.„Никаков е притисокот, кога немаме на приземје што да кажат луѓето кои се на повисоките спратови, притисокот е никаков,…

Јун 30, 2016

Струга има потреба од изградба на нова градинка

  Стружани ќе почекаат за изградба на нова градинка. Такви се прогнозите на одговорните лица во Секторот за образование при општина Струга. Сурија Рушити раководителот на овој сектор вели дека за проблемот во постоечките објекти за згрижување на деца зборуваат бројките. Во моментов биле пријавени вкупно 580 деца, од кои 480 биле примени а 100 биле на листа на чекање. „Ако се има предвид дека и овие 480 примени се над норматив и според стандардите, а пред мене стои и извештајот од градинката, овие објекти се димензионирани за 310 деца, значи имаме 170 деца над норматив и 100 на листа на че…

Јун 29, 2016

Економскиот развој во Струга стагнира

  Слободните економски зони во Струга не функционираат. Тие се директна конкуренција на Струга и се една од причините за слабиот економски развој на оваа општината, забележува струшкиот градоначалник Зијадин Села. Тој додава дека тоа е така бидејќи слободните економски зони биле менаџирани од страна на централната власт. „Ние како општина имаме комерцијална зона во која инвеститорот за да почне со инвестиција треба да плати 30 евра по метар квадратен почетна цена како што е одредено со закон кој се ноци во собранието на Р Македонија, тука се гледа дирекна конкуренција со слободните економ…

Јун 27, 2016

Југозападниот плански регион е на шесто место

Според податоците на Државниот завод за статитика југозападниот плански регион е на шестото место годинава. Од последните аналзи до сегашните паднал од 4 на 6 место, од 8- те региони во земјава. Како го оценуваат ваквиот пад одговор побаравме од канацалеријата на југозападниот регион со седиште во Струга. Директорот Мирјана Лозаноска информира дека степенот на развој на планските региони се оценуваат на секои 4 години врз основа на социо-економски параметри. На основа на тие анализи се прави посебна методологија  и класификација на планските региони по степен на развиеност. Лозаноска се со…

Јун 24, 2016

Дискусија за превенција од кражби на струшките плажи

Превенција на кражби во згодна прилика и превенција на несреќи на капалиштата на струшкото крајбрежје, се теми на состанокот што денеска во 11 часот ќе се одржи во хотелот „Дрим“ во Струга. На состанокот ќе бидат присутни претставници од СВР Охрид, Езерската полиција, Капетанија Охрид, ОО „Црвен крст“ Струга, концесионери на плажи, претставници од јавното претпријатие за паркинг услуги од Струга и други.

Јун 23, 2016

Општина Струга има потреба од изградба на нова градинка

Во Струга околу 140 деца се на листа  на чекање за упис во еден од двата постоечки објекти на граддинакта 8 -ми Март. Во момтов се згрижени 480 деца , а потребата од изградба на нов онбјект е повеќе од потребна. Слух за изградба на нова градинка има и од Локалната самоуправа и од владата, напоменува директорот  Сашо Клечкароски.  „ Цело време работиме на овој случај. Во контакт сме со локалната самоуправа и со министерството сите колку можат помагаат. Од друга страна финансискиот долг кој го наследивме со тимот го анулиравме и не должиме никому. Работиме чесно и домаќински, имаме наши средс…

Јун 23, 2016

Можностсо грант неколку струшки села да изградат водовдна и фекална канализација

Можност со грант неколку струшки села да изградат  водовдна и фекална канализација Зелено светло дадоа струшките советници за аплицирање до  грант во висина од околу 500 илјади евра за изградба на водоводна и фекална канализација во неколку села. Корошишта, Ливада, Ложани и останатите села од регионот конечно добиваат можност да го решат горливиот проблем со вода за пиење и со одведување на отпадните води. Околу 15000 жителите со овој грант ќе имаат голема комунална продобивка, напоменува претседателот на струшкиот совет Абдула Ќазимоски.„Сигруно ќе биде подобро .Ќе бидат регулирани фекалн…

Јун 15, 2016

Трето издание на „Црешнобер“

Стотици посетители и годинава се очекува да бидат дел од фестивалот Црешнобер, што овој викенд ќе се одржи во општина Дебарца. Надалеку познатата сочна и вкусна требенишка цреша ќе ја вкусат домашни и странски посетители. Покрај изложбата на црешите и годинава се очекува богата културна програма. Третиот фестивал Црешнобер ќе се одржи на 19 јуни во недела во спортската сала Аминта Трети во село Требеништа.
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top