Фев 20, 2017

The afterlife of plastic dragons

Млади во акција, успешно го затвори проектот за млади The afterlife of plastic dragons, со надеж дека после оваа младинска размена ќе бидат поотворени кон правење мали чекори во секојдневието до позелен поубав живот. Главната идеја на овој проект е да обезбеди што повеќе информации за младите луѓе за еколошките прашања, случувања и состојби, да ја зголеми нивната еколошка емотивна поврзаност со оглед важноста да се грижат не само за својата околина туку и планетата во целост како и изнаоѓање начин за ефикасно и ефективно справување со глобалните предизвици околу нас и ја согледаат поврзано…

Фев 17, 2017

Роман Хакен во посета на струшкото средно училиште „Нико Нестор“

  Околу 120 ученици од Средното општинско стручно училиште „Нико Нестор“ од Струга денес се сретнаа со Роман Хакен член на Европскиот комитет за економија и социјална политика. Цел на посетата беше отворање на дебата со учениците на теми поврзани со развојот на економијата. Директорот на училиштето Никола Затуроски вели дека посетата на Хакен за нив претставува голем настан, односно подготовка на учениците од нивното школо кои треба да одат во посета на Брисел. „Темата за ЕУ е главна тема, предностите и недостатоците од членувањето во ЕУ. Целта на состанокот е спремање на учениците кои шт…

Фев 16, 2017

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА И САНАЦИЈАТА НА ДЕЛ ОД КУЛТУРНИОТ ДОМ ВО ЗЛЕСТИ

Согласно договорот за изведување на градежните работи предвидено е да се изврши санација на дел од Културниот дом во селото Злести, каде ќе се изврши, замена на кровниот покривач, целосна замена на надворешната столарија од објектот, изведување на нова армирано бетонска плоча, обработка на внатрешните ѕидови, изведба на нов спуштен плафон и замена на електричната инсталација во тој дел од објектот. Со реконструкцијата и предавањето во употреба на овој простор од Културниот дом жителите на селото Злести, ќе добијат простор каде што ќе можат меѓусебно да се дружат, да организираат разни мани…

Фев 13, 2017

ТАМПОНИРАН ПОЛСКИ ПАТ ПОМЕЃУ СЕЛАТА ВОЛИНО И ТРЕБЕНИШТА

Градоначалникот Игор Трајкоски беше во работна посета во Волино и Требеништа каде завршија градежните работи околу изградбата на полски пат помеѓу селата Волино и Требеништа. Станува збор за тампонирање на постоечки земјен полски пат кој што обезбедува многу побрз и полесен пристап на земјоделците до своите земјоделски површини. Од стариот земјен пат, најпрво се отстрани земјаниот слој, се изврши набивање на подтлото, а потоа се изврши насипување и тампонирање со сепариран дробен камен. Согласно проектната документација се работи за тампонирање на полски пат со должина од 1783,64 метри, ши…

Фев 7, 2017

Во Вевчани ќе се гради фабрика за производство на вода

  Вевчанските извори препознатливи по својата убавина и заштитени како ретко природно богатство ќе добијат уште едно значење, дел од нив ќе се искористува за производство на флаширана здрава вода. Вевчанскиот градоначалник Цветомир Угриноски открива дека веќе неколку странски компании биле заинтересирани да инвестираат во изградба на фабрика. „Во последно време во Вевчани беа дојдени професори од Лондон кои зедоа и примерок од водата да ја испитаат, тоа беше во ноември месец тие беа и сега во јануари 7 дена се заинтересирани за фабриката за вода за пиење и флаширање“. Угриноски во интере…

Фев 1, 2017

Дел од жителите на Мороишта не ја давале живината

  Дел од мештаните од Мороишта струшко, не соработувале односно не ја давале живината на екипите испратени да ја уништат со цел спречување на ширењето на птичјиот грип. Раководителот на државната инспекција за здравствена заштита на животните Оливер Иваноски најави дека со таквиот чин тие сносат одговорност и за истите ќе мора да бидат покренати кривични пријави. Додава дека исто така со асистенција на полицијата ќе мора да им биде одземена живината. Иваноски рече дека нивните екипи водат посебен надзор и во околните села да се спречи проширувањето на вирусот АХ1Н8, кој за среќа не е опасе…

Јан 31, 2017

Птичјиот грип детектиран во струшко, не се пренесува на луѓе

Во струшкото село Мороишта било утврдено присуство на болеста Авијарна инфлуенца, односно птичји грип тип АХ5Н8 кај живина, потврди директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Поповски. Вирусот е високо патоген кај живината, но не се пренесува кај луѓето и во ниту еден случај не може да претставува закана по јавното здравје кај луѓето. Првиот случај бил забележан на 27 јануари по активен надзор на живината спроведен на терен. Веднаш во самото жариште била уништена целокупната живина, и била извршена комплетна дезинфекција, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Јан 28, 2017

Претседателот Иванов по 8 -ми пат одржа прием за дипломатскиот кор во земјава

На традиционалниот новогодишен прием претседателот на РМ  Ѓорѓе Иванов пред дипломатскио кор во земјава истакна дека минатата  2016  беше ужасна година со политички и економски превирања во светот. Тоа беше година во која најсилно се почувствуваа последиците на двојните стандарди, непочитувањето на меѓународното право, на пропаднати држави. Иванов во обраќањето изрази очекување од  домашните политички партии во постизборниот процес дека ќе водат грижа за интересите на државата. Зборувајќи за предизвиците во оваа година претседателот  потсети на опасностите од  мигрантската криза и злоупотре…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top