Центарот за лица со интелектуална попреченост „Порака нова” од Струга и годинава ќе го одбележи 21 март- Светскиот ден посветен на лицата со Даунов синдром.Оваа година мотото е „Мојот глас моја заедница”. Центарот за одбележувањето на овој ден организира активности за будење на свеста кај луѓето дека лицата со Даунов синдром треба да бидат третирани соодветно. Освен кампањата која ја прават преку социјалните мрежи, активисти на „Порака нова“, во вторник, 21 март, ќе поделат флаери низ градот.Годинашната тема на Светскиот ден на Дауновиот синдром е оспособување на луѓето со Даунов синдром да…
Градоначалникот Игор Трајкоски беше во работна посета во Мешеишта каде што се одвиваат дел од планираните инфраструктурни зафати во делот на подобрувањето на патната инфраструктура во Општина Дебрца, односно се врши асфалтирање на неколку улички кои се поврзуваат кон локалната патна инфраструктура во селото.Станува збор за асфалтирање на три локални улички во Мешеишта со ширина од 2,5 метри, во вкупна должина од 280 метри, каде што ќе се вгради 820 метри квадратни асфалт. Со завршување на асфалтирањето во Мешеишта, градежните активности ќе продолжат во селото Ботун каде што ќе бидат асфалти…
Градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски беше во работна посета во село Велмеј каде што започнаа активностите за реализација на проектот за партерно уредување со поставување на урбана опрема на јавниот простор пред изворите “Долни Исток” во село Велмеј. Со проектот предвидено е изградба на паркинг простор, поплочување на пешачки патеки, уредување на просторот пред старата воденица, озеленување на просторот, поставување на клупи и канти за отпадоци и осветлување на просторот.- Со проектот за партерно уредување се задоволуваат потребите од озеленување на просторот, се оформува уреден …
Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „кражба на дрва“ и „пустошење шуми“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.М. (37) од охридското село Косел.Пријавениот, во изминатиов периодот од годинава, во атарот на ресенското село Лева Река, без одобрение за сеча, нелегално извршил сеча и одзел 2,5 метри просторни дабови дрва сопственост на Република Македонија. Дополнително, пријавениот З.М. противправно извршил сеча и присвоил уште 0,4 метри просторно дабово дрво. Пријавениот, спротивно на одредбите на Законот за шуми, без одобрение, со моторна пила и секира извршил с…
Висока е стапката на невработеност во Југозападниот регион. Австриски експерти пренесуваат искуства како нашиот регион би можел да се справи со овој проблем. Асоцијацијата за истражување комуникација развој „Паблик“ во соработка со австриското министерство за труд, социјални врски и заштита на потрошувачи и во соработка со нашето министерство за економија, денес во Струга одржува работилницата како преку социјално претприемништво до локален економски развој. Целта е да се поттикне развојот на социјалното претприемништво во Југозападниот регион, вели Климентина Илиевски од асоцијацијата.
„А…
Градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски во работна посета во село Волино каде што се одвиваат градежни активности околу Санацијата и реконструкцијата на фудбалското игралиште за голем фудбал. Моментално градежните работи се одвиваат со засилено темпо, поради почетокот на новата полусезона од Третата македонска фудбалска лига каде екипата на ФК “Сатеска” од Волино успешно се натпреварува. Градоначалникот информираше дека во рамките на овој проект ќе се изврши санација и реконструкција на објектот со соблекувални и простории за судии и делагати, изградба на кабини за резервни играчи,…
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „одземање моторно возило“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Ќ.Р. (38) од струшкото село Радолишта. Пријавениот, казненото дело го сторил во периодот од 22/23 минатиот месец на улицата „Туристичка“ во Струга, каде забележал незаклучено паркирано патничко моторно возило марка „Ауди“ со американски регистарски ознаки. Веднаш, влегол во возилото, ја отворил хаубата, поставил кабли (клеми), го стартувал автомобилот и одземајќи го избегал од местото на настанот.Одземањето на патничкото моторно возило,…
Регионалната депонија во Југозападниот плански регион, сеуште останува еден од најприоритетните проекти за реализација. Најитна работа која што треба да се направи за изградба на регионална депонија е да се одреди локација, вели Слаѓан Пенев, од организацијата Форум Центар за стратешки истражувања. Додава дека најинтересно е тоа што секоја општина лобира кај нив да биде изградена регионалната депонија бидејќи гледаат кои се предностите од тоа, што во минатото не беше случај.
„Дали со Јавно приватно партнерство, дали само тоа ќе биде во сопственост на регионалните власти како ќе се догов…