На 13.02.2022 година во 00.46 часот во ОВР Струга, пријавено е дека настанал пожар на трска во водите на Охридското езеро, во близина на извидничкиот центар во Струга во кој нема повредени лица.
По насока на Јавен обвинител извршен е увид. Интервенирала територијалната противпожарна единица – информираат од СВР Охрид.
Механизација синоќа се упати кон опожарената дива депонија во Струга, со цел да овозможи услови за нејзино гаснење, информираат од граѓанската иницијатива “Доста е“.
„На запалената депонија пристигна булдожер и камиони со тампон. Тие вечерва ќе работат на овозможување пристап на противпожарните возила и камиони со земја до запалените делови на депонијата.“-соопшти граѓанската иницијатива “Доста е“.
Граѓаните на Струга денеска масовно излегоа на протест од кој побараа итна санација и дислокација на дивата депонија која го загадува градот со месеци.
Овој протест е наменет за институциите. Од граѓанска иницијатива „Доста“ бараме одговорни институции кои ќе си ја вршат својата работа согласно своите овластувања.
Само со одговорни институции, одговорни индивидуи и одговорно однесување може да придонесeме кон решение на проблемот со струшката дива депонија и идно превенирање од вакви слични појави. Поради горенаведеното Ве повикуваме сите во свое име и име на своите идни поколенија на ПРОТЕСТ ЗА ОДГОВОРНОСТ за загадувањето, стои во соопштението на „Доста“ поставено на социјалните мрежи.
15.06. Четврток пред Општина Струга и Основно Јавно…
Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 14-ти јуни, среда, во манастирот „Свети Еразмо“, со почеток во 19.00 часот, ќе се служи празнична вечерна богослужба по повод празникот Свети Еразмо Охридски. Ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.
На 15-ти јуни, четврток, со почеток во 9.00 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Вископреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г.Тимотеј.
Граѓанската иницијатива „Доста“ од Струга, на ден 10.06.2017 со почеток во 11 часот ќе одржи протест со кој ќе продолжи притисокот врз надлежните органи за итно и целосно гаснење на запалената депонија, како и повторување на барањето за наоѓање среднорочно и долгорочно решение и дислокација на депонијата.
Од здружението „Доста“ велат дека со овој протест се бара брзо и ефикасно решавање на проблемот.
По втор пат со протестен марш стружани порачаа дека им е доста од загадувањето од дивата депонија која повторно гори. Принудени сме на овој потег затоа што досега никој од надлежните органи не понуди конкретно решение , истакна Глигор Ќатоски претставник на граѓанската иницијатива „Доста“. Во понеделникот доставиле конкретни барања до новата влада и до локалната самоуправа итно да се спречи понатамошното труење на стружани.
„ Бараме веднаш да се преземе работна акција за целосно гаснење на депонијата, внатре и надвор. До владата поднесовме барање под итно да се свика вонредна владина седни…
Граѓанската иницијатива „Доста“ денес организира протестен марш протестен марш бидејќи стружани заслужуваат да живеат во здрава животна средина.
„Доста е! Доста дишеме, јадеме, живееме во чад и смрдеа. Стоп за загадувањето. Протестниот марш започнува на паркингот пред Пливалиште и завршува на кружниот тек од магистралниот пат на влезот во Струга. Со оглед на тоа дека голем број од граѓаните повикуваат на радикализирање на незадоволството во врска со струшката дива депонија, од Граѓанската иницијатива “Доста” на координативен состанок одлучиле уште еднаш да го кренат гласот против овој проб…
Едрличарската школа Снегар од Струга ќе започне со уписи за обука на едриличари. Кандидатите на возраст од 6 до 15 години ќе ги совладуваат едриличарските техники за класата оптимист, а над 15 години за класите Ласер, Европа, Фин, Едрење на даска и јахтинг. Тренери ќе бидат врвни струшки едриличари. Првично ќе ги научат техниките на едрење и правилата, моделарството и психолошки вежби, вели Ердал Љушо инструкторот од ЕК Снегар. Теоретското знаење ќе биде поткрепено и со практични показни вештини.
„Ќе има клубска регата. Додека трае школата на секој две недели ќе има клубски регати и тестир…