Авг 29, 2008

Црн Дрим прекриен со отпадоци

Еколозите велат дека состојбата не е за оценување, туку за потценување. Никој нема надлежност за да ја исчисти реката:- службите меѓусебно си ја префрлаат вината.Пластични шишиња, кеси и облека,  се само дел од отпадоците со кои е прекриена реката Црн Дрим. Фактичката состојба со хигиената на реката  излезе на виделина откако овие неколку  дена се спуштени клапните од браната,  на истекот од езерото. Состојбата со реката е загрижувачка, особено на потегот од металната клапна па се до местото викано „Даљан“. На ова реагираат еколозите, кои сериозно се загрижени за моменталната еколошка ситуа…

Авг 28, 2008

Октишани летово немаат капка вода

Жителите на село Октиси струшко, веќе четврти месец како немаат капка вода. Иако месното население со вода се снабдува од октишките извори, сепак поголем дел од домаќинствата преку целиот ден воопшто немаат вода. Од раните утрински часови, жителите во редици чекаат да наполнат вода од чешмата која се наоѓа во центарот на селото. Овој проблем повеќе е изразен кај домаќинствата чии куќи се ноѓаат на поголема надморска височина.„Октиси е место богато со вода, но за жал истата правилно не се искористува“, вели Нафис Шабаноски, жител од селото. По негова иницијатива, екипата на ТВМ беше на ли…

Авг 27, 2008

Стружани останаа жедни и не искапени

Препукувањата помеѓу МЈП „Проаква“ и „ЕВН“, резултираa со запирање на водата. Локалната самоуправа обвини дека ова е уценувачки потег. „ЕВН“ возвраќа:-„доколу на сметката не пристигнат пари, нема вода.“„ЕВН“ ја исклучи струјата на ЈП „Проаква“ поради неплатени долгови. Од вчеравечер до денес попладнето,  речиси целиот струшки регион беше без вода. „ЕВН“ ја прекина електричната енергија на пумпните станици во Шум и Струга. Од струшката локална самоуправа, потегот на „ЕВН“ го отценија како непрофесионален и уценувачки. Иако неодамна постигнале меѓусебен компромис за сервисирање на  долгот нас…

Јул 18, 2017

Јавна расправа за Интегриран систем за управување со цврст отпад за Југозападен плански регион

Утре во Општинска сала во охрид со почеток во 10 часот ќе се одржи Јавна расправа за „Студија за оцена на влијанието врз животната средина за Интегриран систем за управување со цврст отпад за Југозападен плански регион: Охрид, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа. Цел на јавната расправа ќе биде конструктивна дискусија за влијанијата на Интегрираниот систем за управување со отпад врз животната средина. Граѓаните ќе имаат можност да поставуваат прашања и да добијат стручни одговори од страна на експертите, а исто така и да дознаат повеќе за предностите кои ги носи воспоставувањето на ваков …

Јул 18, 2017

Само осум струшки плажи со спасители на вода

Само осум струшки плажи вклучително и аквапаркот ангажирале спасители на вода. Од Општинската организација на црвениот крст од Струга, велат дека за ваквата состојба ја информирале Капетанијата на пристаништа на РМ. Адуриме Даути од струшкиот Црвен Крст вели дека моментално на струшките плажи за безбедноста на капачите се грижат 25 обучени спасители на вода, додека реалната потребна бројка, доколку сите концесионери на плажи би ги ангажирале би била поголема од четириесет. „Апелот оваа година оди и за спасителите и за туристите, особено да се внимава при користењето на рекреативните направ…

Јул 10, 2017

Слабиот притисок на вода негативно влијае врз туризмот во Струга

Струга и оваа туристичка сезона со слаб притисок на вода. Преку ден може да се начека по некој млаз, додека пак во вечерните часови се случува и воопшто да нема. Овој проблем кој неколку години се провлекува, сериозно влијае врз туризмот, опоменуваат струшките хотелско угостителски работници. Науме Угреновиќ, менаџерот и сопственик на Монтенегро Струга, вели дека странските туристи изразуваат поголем револт. „Посебно кај странските гости не можеме да се оправдаме, за нив малку е чудна таа појава сабаје рано наутро нема вода. Ние се правдаме дека тоа не е до нас бидејќи очекуваат топла вода…

Јул 12, 2017

Проблемот со дивите депонии не може да се реши преку ноќ

Решавањето на проблемот со дивите депонии во земјава, не може да се случи преку ноќ. Министерот за животна средина на РМ Садула Дураку, истакна дека оваа влада ќе се обиде преку користење на средствата од ИПА фондовите да се изнајде постојано решение за проблемот со дивите депонии, особено на онаа во Струга. „Дивите депонии не се од оваа година, тие диви депонии постојат во Македонија веќе триесет години. Ние заедно со Владата на РМ и нашите пријатели и ИПА програмите, ќе изнајдеме постојано решение за проблемот со дивите депонии“ додаде Садула Дураку – Министер за животна средина на РМ. …

Јул 6, 2017

Стружани истурија ѓубре пред влезот во општинската зграда

Стружани истурија ѓубре пред влезот во општинската зграда. На тој начин тие го изразија својот револт од бавната реакција на институциите за реашавање на проблемот со дивата депонија. Од струшко поле денеска повторно се издигаше чад кој ги гуши стружани. Депонијата повторно гори откако со тешки напори беше изгасната средината на јуни. Граѓаните не отстапуваат од своите барања, засилени мерки за контрола, чуварска служба, полициски надзор, но и казни за лицата кои ќе бидат фатени како ја палат депонијата. „Јас сабајле станав рано и во магла ја гледав цела Струга. Ова прашање треба да се реш…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top