Јавното претпријатие „Комунално“ од Струга, уште сега се подготвува за следната туристичка сезона. Интензивно се преговара со италијанска компанија која е заинтересирана и сериозно ангажирана за вложување во градот за рециклирање на отпадот. Истата таа компанија на Струга ќе и донира 3 моторни возила како и други машинерии за собирање и пренесување на сметот. „Оваа донација ќе ни биде од голема корист а истовремено ќе ни ја олесни и нашата работа. Иако секоја година во програмата на претпријатието е предвидено да се набават машини, сепак средствата се проблем“- истакна Ваљон Џила, директор…
Дел се појавија, а дел не седнаа во училишните клупи. Додека родителите настојуваат да се реши проблемот, директорите на двете училишта смируваат. Се бара решение прифатливо за сите.Средношколците од „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“ не попуштаат. Во прва смена, дел од учениците беа на настава додека останатите си заминаа, во знак на протест. И покрај најавите за генерален протест, сепак не се организира. Поголем дел од средношколците од втора и четврта година кои беа попладневна смена, воопшто не се појавија во училишните клупи. Цврсто стојат на ставот, додека не се исполни ветувањето за дел…
Да се распише референдум за изјаснување на граѓаните на општина Дебрца по однос предложената локација за изградба на регионална депонија за одлагање на цврст отпад, предлага Градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски.
„Ги повикувам советниците без разлика на политичката припадност да дадат целосна подршка за дадениот предлог и да донесат позитивна одлука за распишување на референдум. Воедно барам седницата за расправа да биде закажана по итна постапка согласно законот“ рече Игор Трајкоски – Градоначалник Општина Дебрца.
Жителите на Дебрца посебно револтирани од изјавите искажани на …
Охридското езеро оставено на милост немилот. Трската нагло се пали, се уништува растителниот и животинскиот свет. Водите од Охридското езеро исто така се изложни на загадување. Граѓаните се едногласни, кога станува збор за тоа колку е заштитено езерото. Велат, никој не се грижи за него, секој гледа за својот џеб.Заменик министерот за животна средина и просторно планирање на неодамнешната посета во Струга, рече дека приоритет на овој ресор е заштита на Охридското езеро. Примерот за заштита на водите од Преспанското зеро, ќе се применува и за охридското. Ќе се гради почистителна станица за фа…
Дел од средношколците во Струга повторно ја бојкотираат наставата. Денес на помош во решавањето на проблемот дојде и Министерот за образование.Министерот за образование, Перо Стојаноски денес ја посети Струга. Целта на неговото доаѓање беше изнаоѓање решение за новонастанатите проблеми во средните училишта „Ибрахим Темо“ и „Нико Нестор“. Имено од пред неколку дена средношколците македонци од овие училишта започнаа бојкот на наставата, бидејќи како што велат, директорите не ги оствариле ветувањата дадени на крајот од минатата школска година. Учениците македонци бараат да се делат од албанци…
Заменик министерот за животна средина и просторно планирање денес беше на средба кај градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко. Отворено разговараа за горливите проблеми кои ја мачат општината од областа на екологијата. Мерко излезе со цел список нанижан со проблеми кои се на штета на животната средина. Приоритетно беше прашањето за локалната депонија.„Укажавме дека мора да се најде решение за општинскио смет“, вели градоначалникот Рамиз Мерко. „Ни дадоа надеж дека ќе се надмине овој проблем“, додава Мерко.Расположение за решавање на овој проблем кој очигледно треба да биде приоритетен, покаж…
Полека исчезнуваа биодиверзитетот на овој егион. Проектот за прогласување за национален парк на „Јабланицa“, веќе две години се одолговлекува. Надлежните покажуваат морална подрша, но изостанува финансиската.Се повеќе се уништува животинскиот и растителниот свет, а за тоа никој не ја сноси одговорноста. Токму поради овие причини, невладината организација „Парумба“ покрена иницијатива, планината Јабланица да се стави под заштита, односно да се прогласи за национален парк. Од таму алармираат на опасностите кои им се закануваат на природните богатства со кои располага истата.„Горе на план…
Средношколците македонци од „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“ си заминаа од клупите. Самоволно и без најавен протест ја бојкотираат наставата, бидејќи како што велат, директорите на училиштата не ги оствариле ветувањата. Пред повторно да настанат меѓуетнички конфликти, учениците македонци бараат да се делат од албанците. Тврдат дека тензиите би биле не избежни. Денес од настава си заминаа само дел од паралелките. Првите луѓе на двете училишта сметаат дека бојкотот е инициран од група ученици кои очигледно немаат воља за учење. Директорите рекоа дека имаат информации кои се организаторите н…