Сеп 24, 2008

Законот за јавна чистота ги збуни стружани

Граѓаните можат да спремаат зимници и да не бидат казнети, само доколу тоа го прават во дворот на сопствениот дом. Ако се почитува тоа,  тогаш „Законот за јавна чистота“ не предвидува парична глоба, која ги обврзува граѓаните да ја платат. Ако се спремаат зимници на јавна површина тогаш важи спротивното. Оваа забуна се јави стружани откако стапи на сила, „Законот за јавна чистота“. Граѓаните се трудат да научат за што ќе бидат казнети а за што не.„За почитување на законот не се доволно информирани инспекциските служби а камо ли граѓаните“, вели комуналниот инспектор при општина Струга. „Ови…

Сеп 24, 2008

Од утре почнува наставата во „Д-р. Ибрахим Темо“

Директорот на Гимназијата Ибрахим Темо, ги известува учениците македонци дека  од утре- четврток,  треба да се вратат на настава. Прва и трета година во поладневна смена, додека втора и четврта, претпладне се до разрешувањето на проблемот со организацијата на изведувањето на настава и просторниот проблем.Доколку не се почитува оваа наредба, најавени се  строги мерки. 

Сеп 24, 2008

Стружани незнаат каде да се обратат

Граѓаните не се информирани на кој начин можат да ги пријавуваат секојдневните проблеми, кои се обврска на Локалната самоуправа.Стружани не знаат на кој начин да ги пријават проблемите и забелешките  од различни области, кои се обврска на локалната самоуправа. Овој проблем најчесто е потенциран во струшките села. Жителите, за да пријават во Локалната самоуправа  дека имаат некаков комунален проблем, одат лично во општинската зграда. Од анкетата која ја спроведовме во Струга, поголем број од граѓаните рекоа дека и тие кои живеат во градот, недоволно се информирани.„Законот за територијална о…

Сеп 19, 2008

Струшките таксисти станаа примерни

Речиси сите такси превозници кои поседуваат лиценца за вршење на такси превоз, се придржуваат на правилата кои им ги дикрира Општина Струга. Бojaдисувањето  на возилата во жолта-окер боја, беше горливиот проблем  кој ги засегнуваше таксистите и  истиот не го прфаќаа. По подолг период, надлежните успеаа  да воспостават ред и да ги натераат сопствениците на такси возилата да ги бојадисаа во жолта боја. Сите оние кои сакаат сериозно да се занимаваат со такси превоз, покрај другото,  мора да го почитуваат и овој услов кој е приоритетен, вели секретарот на о.Струга.„Сите кои сакаат во иднина да …

Сеп 18, 2008

Од 2009 година воведување на системот „Бруто плати“

Воведувањето на системот- бруто плати ќе направи бројни реформи во државава. Од пракса во европските земји овој начин на плата во Македонија ќе се примени од 2009 година.  Бруто платата е збир на сите парични средства  што работодавачите се должни да им ги плаќаат на работниците во текот на еден месец. Тие ќе ја земаат сегашната нето плата плус хранарина и патни трошоци. Сеуште не е прецизирано колкава ќе биде платата на работникот доколку  работодавачите имаат обезбедено превоз и храна. Сојузот на синдикати на Македонија, ќе  настојува  и по воведување на новиот систем, нето платата да ост…

Јул 25, 2017

ЕУ ја финансира изработката на студијата за изградба на регионална депонија

Европската унија ја финансира изработката на студијата за изградба на регионална депонија во Југозападниот плански регион. Иако во Македонија постојат стотина диви депонии, последните настани со опожарувањето на Струшката дива депонија и нејзината близина до градот, ја истакнуваат потребата од поактивно учество на ЕУ во решавањето на овој проблем, истакна Амбасадорот на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар. „Токму поради тоа ја финансираме изработката на студијата за целиот Југозападен регион, моментално се подготвуваат документите за финансирање, за изработка на тендерите за изведување и за имп…

Сеп 17, 2008

Проаква- неплаќачите ги исклучи од водоводната мрежа

Големата акција за исклучување започна денес, а најавено е да трае во текот на неделава. На удар се правните субјекти. Р.Е „Колектор“ исклучувањето го започна од Хотелот „Евро“. Конкретно, овој хотел има заостанат долг од 7 милиони денари, тврди заменик  директорот  на Р.Е Колектор. Овој правен субјект  ги нема подмирено долговите кон претпријатието години наназад а факт е дека истиот секоја сезона  работи со полн капацитет.„Со тој потег, тие покажуваат дека према нас како претпријатие немаат коректен однос и воопшто не не почитуваат. Ги предупредивме пред исклучување и тоа неколку пати“-  …

Сеп 16, 2008

Народниот правобранител се сретна со струшките граѓани

Иџет Мемети, Народен правобранител во рамките на кампањата „ Отворени денови на народниот правобранител “  денес оствари средба  со стружани. Граѓаните му се пожалиле дека ги мачат проблеми од судската власт, работните односи, имотно-правните работи како и од работата на полицијата.Граѓаните веќе поднесле неколку преставки до институцијата Народен правобранител. Мемети  вели дека не би сакал да има нити една претставка до институцијата Народен правобранител, но сепак нивниот број мината година покажал  дека во Македонија има потреба од постоење на разни механизми кои ќе им помогнат на граѓа…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top