Проектот предвидува реконструкција на зградата на детското и ренген одделението, како и надоградување на зградата во која се сместени оделенијата: хирургија, интерно и гинекологија.Зградата на детското и ренген одделението при општата болница во Струга, се целосно руинирана. Години наназад не е инвестирано во реконструкција на овој објект во кој се наоѓаат и двете одделениа. „Од ден на ден поради староста на конструкцијата, згадата пропаѓа“. Поради тоа директорот на Општата болница во Струга, д-р Ментор Ибрахими, најави превземање градежни зафати.Општата болница има голема потреба од овие о…
И после судската одлука за негово демонтирање, сеуште од државниот градежен инспекторат молчат. Жителите од улицата Маршал Тито веќе изгубија надеж дека надлежните ќе превземат мерки.И по осум месеци сеуште не е отстранет диво поставениот предавател во Струга. Горливиот проблем на жителите од улицата Маршал Тито од Струга сеуште официјално не e решен. Предавателот на третиот мобилен оператор, „Вип Мобилком Аустрија груп“ сеуште стои над покривот од приватен стамбен објект, веднаш до градскиот пазар.Надлежните кои треба да го отстранат истиот молачат.Твм во повеќе наврати побара да разговара…
Поради тоа, еколошкото друштво „Енхалон“ има изготвено проект, но надлежните ниту го прифаќаат ниту го одбиваат. Доколку не се заштити овој дел од крајбрежјето, се заканува уништување на локвањот и трската, предупредуваат од „Енхалон“.Живиот и растителниот свет на потегот од Струга па се до село Калишта воопшто не е заштитен. Овој дел кој изобилува со големо природно богатство е оставен на милост и немилост, кажува екологот, Мате Гогоски. Револтиран од ваквата ситуација, тој лично има изготвено проект кој предвидува заштита на подрачјето. Гогоски вели дека во моментов е неопходно од ваков…
Со богата трпеза, роднините и пријателите го одбележуваат празникот. Во Струга се почувствува вистински празничен амбиент.Муслиманите, денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце, денеска изутринава во сите џамии се служи утрински Бајрам-намаз. Рамазан, деветиот месец во исламскиот календар, воедно е и месец на почетокот на објавата на Куранот. Поголемиот дел верници од исламска вероисповед овој празник го слават три дена.Во текот на Рамазанкиот пост муслиманските верници се обврзани да даваат милостина н…
Учениците од двете средни училишта во Струга денес се вратија на настава. Откако добија ветување од страна на министерот за образование дека за скоро ќе се најде решение, учениците македонци одлучија да седнат во училишните клупи. Министерот за образование и наука, Перо Стојаноски уште од 7 часот и 15 минути беше присутен во средношколскио центар со цел лично да се увери дека наиде на разбирање од страна на улениците.Бидејќи стручното училиште Нико Нестор има доволно простор за воведување на етнички смени, во моментов се бара решение за гимназијата Ибрахим Темо. До 13-ти октомври има само …
Побараа од комуналните инспектори повеќе да се ангажираат. Меѓу другото, забележаа дека недостасува поголема евиденција на приватното сместување.Денешната седница на советот на општина Струга помина со малку дискусија. Се расправаше за тоа колку од угостителите платиле за користење на јавната површина за време на летната сезона. Претседателот на комисијата за комунални дејности јавно кажа дека не бил задоволен од извештајот и правилникот за користење на градежното уредено земјиште на подрачјето на општина Струга, кој до советот го доставиле комуналните инспектори. Според него, не бил комп…
Зборува за тројца великани, кои во нејзиниот живот имаат посебно место. Нејзиниот татко Нико Нестор, очувот Петар Чајкар и нејзината мајка Вера. Имав детство различно од моите другарчиња, роднини и пријатели, со овие зборови ќерката на Нико Нестор, Уранија Попоска зборува за својот живот, кој е опишан во нејзината прва книга „Талисман“. Во неа ги преувеличува трите најзначајни личности кои оставија белег на нејзиниот живот, таткото, мајката и очувот. Попоска беше 10-месечно бебе кога почина татко Нико Нестор. Иако од тогаш се поминати 65 години, сепак чувствувам дека сеуште во мене живе…
Угостителите кои летово го користеја кејот на реката Црн Дрим, немаат платен надоместок за тоа. Ова се однесува на само еден дел од сопствениците, велат комуналните инспектори. Маси и столчиња имаше речиси по целиот кеј на дримот, истите беа поставени легално, со зелено светло од советниците, но и на таков начин требаа угостителите да си ја подмират својата обврска, истакна инспекторт Агни Даути. Во одлуката се предвидува на долните кејови да се плаќа надоместок од 500 денари по метар квадратен додека на горните, 360 денари. Овие средства ќе бидеме приморани насилно да го наплатиме, вели…