Пријавениот А.Б роден 1989 година, на ден 13.10 0ваа година започнал со градежни работи-ископ на горниот дел од од кејот на реката „Црн Дрим“. Поради тоа е пореметено нормалното движење по горниот кеј на дримот. Пријавениот од градежниот инспекторат при општина Струга добил согласност за изведување зафати но само за санирање односно поставување изолација на зидот од објектот поради заштита од влага на истиот, но под услов после санацијата кејот да се врати во првобитна состојба. Како што стои во соопштението од СВР Охрид, наместо тоа пријавениот воедно и сопственик на хотелот, започнал …
Во тек е анкетирање за потенцијални кандидати за градоначалник. Ќе се бара лице во кое имаат доверба сите македонци. Само на тој начин во Струга ќе се постави градоначалник македонец, сметаат од партијата.По победата на парламентарните избори, Вмро Дпмне во Струга со полна пареа работи за претстојните локални. Општинскиот огранок на партијата веќе подолг период интензивно ја подготвува предизборната кампања. Во јавоста веќе кружат имиња на потенцијални кандидат за градоначалник на Струга од оваа партија. Неофицијално се споменуваат имињата на Атанас Миладинов, Д-р Момо Аврамоски, д-р Сло…
„Надмудри го ракот биди среќна жена“ под ова мото ќе се едуцираат жените од Струга, со цел да се спречи ваквата појава. За да се намали опасноста од оваа болес, здружението на жени „Езерка“ од Стуга, и годинава ќе организира трибини на оваа тема.Бројот на заболени жени од рак на дојката се повеќе расте. Причината за тоа е недоволната едуцираност и пред се финансиската состојба, која е една од причините поради која жените не вршат редовни контроли. Раното откривање на ракот на дојка е од големо значење за секоја жена, но тоа за жал многу малку се практикува, велат од здружението на жени „Езе…
Ова е еден од начините за унапредување на туризмот во Струга. Со заеднички сили со централанта власт, Мерко очекува уште поголем развој во туризмот. Струга реално треба уште многу да поработи за развој на туризмот. Иако овој град веќе неколку години на назад има голем напредок во оваа област, сепак изостануваат уште многу приоритети од кои туризмот директно зависи. Во Струга, приоритет е поголемата евиденција на приватното сместување која сеуште е горлив проблем за надлежните од Локалната самоуправа.Мерко истакна дека во моментов се работи на решавање на оваа проблематика, со што се форм…
Против сопственикот Дилавер Бојку се води истражна постапка за кривично дело, бесправно градење. Градоначалникот Рамиз Мерко ги уверува граѓаните дека се работи за санација на пукнат цевовод.Основниот суд од Струга, на Дилавер Бојку, сопственикот на хотелот Блу скај, му изрече времена мерка за забрана за натамошно изведување градежни зафати, откако дел од горниот кеј на реката Црн Дрим е ископан до темел. Судот ја изрече оваа мерка по барање на државниот правобранител, и против Бојку се води истражна постапка за кривично дело, бесправно градење. Ова произлезе откако струшката јавност реаг…
Слабиот притисок на водата за употреба или воопшто немање вода дури и по десет часови на ден е реален пробем со кој се соочуваат стружани години наназад. Проблемот за жал е присутен и оваа сезона, посебно во третиот и четвртиот реон на општина Струга, односно на потегот од Основниот Суд до факултетот ФОН. Од Р.Е. Водовод Струга, со оправдување, но не и со конкретно решение дека проблемот може да се надмине.
„Изворите се драстично намалени посебно изворот во Шум и Горна Белица. Втор проблем е ненаменски користење на водата за поливање на зелени површини и миење возила, а најголем проблем е …
Токму на истото место лани насолзени очи му упатуваа пораки на Проески, и му се лутеа на господ зошто кај себе да го зеде ангелот со божји глас. Во паркот на поезијата се палеа свеќи, во знак на почит за Тоше Проески. Како да беше вчера, денес на истото место, една година без Тоше на мирен и достоинсвен начин, ја одбележаа децата од градинаката 8-ми март.„Го одбравме ова место пред Св.Никола за секое дете да запали свеќа во чест на Тоше, беше наша иницијатива со цел да кажеме колкава е нашата љубов кон него“ вели Симонка Јаканоска, директор на детска градинка 8-ми март во Струга.Од него н…
Вработените алармираат на последиците кои им се закануваат на земјоделците. Од владата смируваат, ќе се реши и тој проблем.Струшките земјоделци ја испуштија можноста да бидат советувани на кој начин треба да се засее плодната површина. Оваа но и другите активности кои се предвидени во есенскиот период не може да бидат реализирни од страна на Ангенцијата за развој на земјоделетво, бидејќи четврти месец на нивната сметка не е префрлен ниту денар. Ваква е ситуацијата во сите агенции низ Македонија, но за овој проблем јавно проговорија претставниците од струшкиот регион. По разрешувањето на…