Нема конкретни готови проекти кои треба да се достават до министерството за економија, со цел предвреме да се изработи годишниот буџет на општината.Економскиот развој на општина Струга доведен до прашање. Министерството за економија воведе нов начин за изготвување на општинскиот буџет. Ресорното министерство бара од секоја општина да достави план и програма со конкретни проекти за развој на градот за наредната година. Рокот до кога треба да се аплицира во ресорното министерство е 15-ти Ноември. Ова е речиси невозможен термин за доставување на потребната докумнетација, вели секретарот на…
За разлика од Охрид, советот на о.Струга едвај носи предлог одлуки за урбанистички планови. Додека во Охрид експресно се носан предлог одлуките на урбанистичките планови, во Струга тоа не е пракса. Општинскиот совет одамна нема изгласано одлука за детални урбанистички планови. Општина Струга има сериозен проблем со напредокот во оваа област. За споредба во текот на оваа година во Охрид се донесени над 40-тина урбанистички планови што не е случај со Струга, која нема донесено ниту половина. Градоначалникот на Струга, отценува дека урбанизмот во Струга не може да го постигне зацртаното ни…
Културно уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани по 7 – ми пат е организатор и домаќин на фестивалот за народна култура „ПОБРАЖЕЊЕ“ кој од вечерва и во наредните три дена ќе се одржи во Вевчани. И оваа година на големата летна сцена во центарот на Вевчани својот фолклор ќе го презентираат фолклорни ансамбли од Македонија и странство. На свеченото отворање ќе му предходи големо дефиле низ Вевчанските улици предводено од Вевчанските зурли и тапани.
Од денеска Вевчани слави. Секој Вевчански дом се подготвува и во деновите кој престојат го прославува Преображението Христово, нашата Вевчанска …
Официјалната веб страна на советот на О.Струга речиси и да не се користи.Тешко остварлив контакт помеѓу стружани и општинскиот совет. И по една година од воведувањето на новиот начин на комуникација, електронскиот контакт речиси и да не функционира. На граѓаните подобро им е да шетаат од канцеларија во канцеларија, од колку по електронски пат да стапат во контакт со советниците. Дека не се применува современиот начин на контактирање на релација советници -граѓани, покажува фактичката ситуација на официјалната веб страна „Одговорност преку транспарентност“. Стружани речиси и воопшто не з…
Сопстевниците на трговските објекти ги применуваат стандардите кои им ги диктира законот. Ова го потврдија и пазарните инспектори.Алкохолот после 19 часот под клуч. Веќе втор месец откако се спроведува новиот начин на продажба на вакви пијалоци. Во Струга, речиси сите поголеми маркети имаат лиценца за вршење на продажба на вакви алкохолни пијалоци. Во секој продажен објект, има одредено посебно место наменето за ваквите видови пијалоци. Со тоа се докажува оти сопствениците се придржуваат на прописите кои им ги диктира законот. За тоа потврдуваат и самите потрошувачи кои велат дека во сите м…
Граѓаните реагираат дека никој не превзема мерки. Ниту сопствениците ниту локлната самоуправа. Старите градби во Струга ризични за минувачите. Поради тоа, сериозен проблем имаат жителите на улицата „Нико Нестор“ која се наоѓа во срцето на градот. Во тој дел има неколку руинирани куќи стари над 50-тина години, кои претставуваат потенцијална опасност за граѓаните кои живеат тука но и оние случајните минувачи. Жителите предупредуваат, доколку наскоро не се презвемат било какви мерки, можно е да има посериозни последици.„Ние со комшијата поставивме потпирачи на куќата, барем малку да го зашти…
Родителите најавија, доколку не се реши овој проблем ќе ги испишат своите деца од училиштата. Средношколците од прва година од руралните средини и денес ги испуштија првите часови, поради проблемите со бесплатниот превоз. За овој проблем јавно прозбореа родителите на учениците од село Лабуништа. Родителите крајно изреволтирани, кажуваат дека бесплатниот превоз воопшто не функционира. Сенада Башкими, родител на ученик од прва година кажува дека превозникот кој има лиценца за вршење таков превоз ги однел децата во училиште но не ги вратил дома. „Децата губат часови сега кога треба да се став…
Трпението попушта и кај линиските превозници и кај учениците. Овој начин на превоз неможе да се спроведе поради несогласувањата помеѓу превозниците.Бесплатниот превоз за средношколците од прва година во Струга, предизвика кавга помеѓу линиските превозници и учениците. Овој начин на превоз не се применува бидејќи сопствениците на комби возилата нема да ги превезуваат учениците, се додека училиштата не платат надоместок за тоа. Велат за таа намена министерството досега нема префрлено ниту денар на нивната сметка. ТВМ неофицијално дознава дека денес учениците од село Лабуништа ги исп…