„Ден на водни спортови“. Втора година по ред градот на две води, Струга, го организира овој настан, кој прераснува во традиција. Ентузијазмот на младите е посилен од сите проблеми со кои последниве години се соочуваат водните спортови на нашиве простори, вели претставникот на организациониот одбор Иван Андрески, додавајќи дека енергијата, целта и успехот на младите спортисти веќе ја мапирааат Струга на Европската карта на водени спортови. Но Андреески открива дека ниту Локалната самоуправа на градот, ниту Агенцијата за спорт и млади не партиципира со никаква помош за поддршка на овој значае…
Остатоците на некогашниот затворен пливачки базен во ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга останува нерешен проблем, за градот но и државата. Сликата на овој своевремено репрезентативен објект каде се калеа многу пливачки имиња не само од Струга и Охрид туку и пошироко во моментов е најгрдата слика во туристичка Струга, место на наркозависници и депонија. Но најновo директорот на училиштето Шкелким Алиу предупредува дека овој објект е опасност за учениците.
„ Веќе 4 години се обраќаме до Локалната и Централната Власт со цел да се најде решение за базенот, кој е ризичен и може да се случи нешто …
Вчера во просториите Општина Дебрца Градоначалникот Игор Трајкоски имаше средба со најмладите првачиња во Општина Дебрца.
Како и претходните години така и оваа година благодарение на г-дин Драган Капинков од фондацијата „Капинков“ на првачињата во Општина Дебрца им беа доделени чанти и училишен прибор.
Воедно Градоналникот Игор Трајкоски им посака успешна учебна година и успешен образовен процес.
Деновиве КУД „Дримкол“ од Вевчани учествува на фестивал во градот San Giovani in Galdo во Италија. Во своето гостување друштвото оддржа 3 целовечерни концерти пред многубројна публика во градовите Ripalimosani и San Giovani in Galdo каде ги претстави богатата македонска народна носија, изворните инструменти како и изворните кореографски постановки. Во рамките на турнејата ќе се оствари и посета на вечниот град Рим.
Како национално богатство на Република Македонија, ова Вевчнаско здружение се афирмира себеси и ја афирмира нашата држава , а преку реализирањето оваа турнеја уште еднаш го потв…
Сеуште има слободни места во Средното општинско училиште Нико Нестор од Струга. Голем е бројот на ученици кои не се запишани во јунскиот и августовскиот уписен рок во струките кои се застапени во ова училиште открива новиот директор на оваа установа Миле Попоски. Тој додава дека сите тие имаат уште една шанса во слободниот упис кој ќе биде на почетокот на месец септември.
„Имаме геодетска струка, техничар и архитектонска струка што се застапени само во нашево училиште од регионов и повеќето ученици се запишуваат од нашиов регион, малку доаѓаат од соседните општини, имаме неколку од Охрид, …
Михаил Ренџов е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2017 за книгата „Јас. Елегии“. Од вкупно 38 изданија на Конкурскот распишан од СВП, членовите на жири комисијата се одлучија за делото на Ренџов по претходно направените критичко – аналитички согледби, изјави претседателот на комисијата Глигор Стојковски.
„Новата поетска објава на Ренџов изобилува со извонредни креативни решенија што успешно составуваат формално стилска синергија. Високата, строга и ригорозна парадигма се гради на сите нивоа што доведуваат до одлични резултати чиј идеал е софицистирана и рафинирана поезија која у…
Проблемот долгорочно ќе се реши само со изградба на нова училишна зграда, вели директорот.Се обезбедуваат дополнителни простории во средното училиште „Ибрахим Темо“. Во тек се градежните зафати за доградба на уште 4 училници во склоп на гимназијата. Новите простории се прават над сегашната спортска сала. Со изградба на доплнителните простории „Ибрахим Темо“ ќе има вкупно 25 училници. Доколку се извршат јазични делби училиштето нема да ги реши проблемот со недостиг на простории. Поради тоа првиот човек на гимназијата ги потврди информациите кои ТВМ неодамна ги објави дека ученици од ова учил…
Тие беа предмет на истрагите што ги водеа Јавното обвинителство и Дирекцијата за спречување на перењето пари во врска со промената на сопственичката структура на струшкиот хотел „Изгрев“.Министерството за внатрешни работи денеска, поднесе кривична пријава на 70 страници, против 16 лица од кои двајца сосопственици и еден поранешен управител на фирмата „Миладинов“ ДОО.Покрај браќата Миладинови се покренато е обвинение и против двајца адвокати и нотари, тројца судии, еден поранешен раководител и еден референт во катастар-Струга, стечаен управник, двајца сопственици на приватни фирми и едно фи…