Ное 4, 2017

Јолевски: Мора да ја вратиме препараторската дејност

Препараторската дејност во НУ Музеј „Д-р Никола Незлобински“ е замрена. Речиси 15 година под разни изговори оваа дејност како да е подзаборавена за ТВМ открива единствениот препаратор од оваа Установа, Васко Јолески, кој работи во Биолошкото одделение од музејот. Јолески со голем ентузијазам најавува дека подготвен е она што неколку години било прекинато да го возобнови, со цел струшкиот музеј повторно да стане туристичка атракција број еден како што тоа некогаш било во екс Југословенските простории. „Еве сега со нови сили и кадри ви природно научниот музеј се надевам дека ќе прераснеме во…

Окт 30, 2017

Рамиз Мерко е новиот струшки градоначалник

Нов градоначалник на Струга е Рамиз Мерко. По пребрјојувањето на гласачките ливчиња тој порача дека Струга гласала мултиетнички. Сите гласаа за подобриот, за Струга и иднината. При тоа Мерко ги отфрли обвинувањата од Зијадин Села неговиот политички противник на локалните избори. „ Ве уверувам дека се се шпекулации од страна на противникот. Кој губи има право да се лути , но ние го повикуваме да ни се приклучи како партија и поранешен градоначалник и советничката група на Алијансата да поработиме за едно подобро утре“, повика Мерко. Противкандидатот за градоначалник Зијадин Села кој ги заг…

Окт 25, 2017

Рестрикција на вода во Струга

Стружани повторно се соочуваат со проблем околу водоснабдувањето во градот. Тие посочија дека речиси една недела или нема вода или притисокот е слаб. Жителите велат проблемот со водоснабдувањето трае со години и лето и зима како и тоа дека секојдневно бараат од струшката локална самоуправа да изнајде решение, но од таму добивале само празни ветувања. Јонче Докоски, градежен инженер од МЈП „Проаква“ Р.Е. Водовод Струга, вели дека постои проблем, но тоа не е од човек фактор туку од временските услови. Тој кажа дека намалена била издашноста на изворите од кои градот се снабдува со вода. Споре…

Окт 17, 2017

100 милиони евра од ИПА компонентата за прекугранична соработка

Европската Унија за Македонија и Албанија остави на располагање 100 милиони евра од ИПА компонентата за прекугранична соработка. Во Струга денес се одржа Петтиот форум за регионална прекугранична соработка. Министерот за Локална самоуправа Сухејл Фазлиу истакна дека оваа прилика е добра можност за размена на искуства со другите корисници на ИПА компонентата за прекугранична соработка, со што би се подобрил капацитетот и во ресорното министерство, но и во државата како повеќе да се искористат ИПА фондовите од ЕУ. „Очекуваме дека ќе има добри проекти, соработката е одлична освен што ни ги по…

Окт 17, 2017

Каевски: Во Струга можеби ќе биде подобро да се сруши постоечкиот и да се изгради нов затворен базен

Агенцијата за млади и спорт разгледува можности за изградба на затворен пливачки базен во Струга. Првиот човек на агенцијата Дарко Каевски вели дека се разгледуваат сите можни опции за реализација на еден ваков капитален проект, со што би се решил и овој проблем засекогаш, бидејќи добро им било познато во каква состојба се наоѓа некогашниот пливачки базен во Струга. „Знаеме во каква состојба е базенот во Струга во една руинирана состојба…и не знам, можеби ќе биде подобро да се сруши постоечкиот кој што е на маргините на пропаѓање, да се направи нов, но сето тоа ќе биде повторно на разгле…

Окт 16, 2017

Струга оди во втор круг со Села и Мерко

Општина Струга оди во вториот круг од Локалните избори 2017 год. Битката за градоначалничката фотелја ќе ја бијат кандидатот за градоначалник Зијадин Села од Алијансата на Албанците со освоени 9.289 гласови и Рамиз Мерко од ДУИ со освоени 7.916 гласови. Ова е според последните неофицијални податоци од Државната изборна комисија. Кандидатот на СДСМ Васил Ашталкоски има освоено 7.140 гласови, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Сејад Солакоски освои 4.149 гласови. Кандидатот на БЕСА Лавдрим Елмази ја доби довербата на 1.060 гласачи, а независниот кандидат за градоначалник Насто Палиоски осви 177 гласов…

Сеп 26, 2017

Денес пред стружани претставена алатката Локален избор

Струга е една од неколкуте општини кои се дел од проектот „Локален избор“. Се работи за бесплатна онлајн алатка која што им овозможува на гласачите да ги споредат своите позиции со позициите на кандидатите и партиите кои ќе учествуваат на претстојните локални избори. Овој проект го реализира Институтот за истражување, Импакт. Самет Шабани истакна дека граѓаните со оваа алатка ќе имаат можност да одговорат на серија од 20 винимателно селектирани искази по важни прашања. „Во тие 20 искази се определени 8 области како што се планот за урбанизам или пак транспарентност безбедносна политика, жи…

Сеп 25, 2017

„Водни Животни“ – изложба во Струга

Биолошкото одделение од Природно научниот музеј Никола Незлобински од Струга, се вклучи во одбележувњето на Европските денови на културното наследство со изложба насловена „Водни животни“. Таа е дело на Васко Јолески кој работи како препаратор во Приридно научниот Музеј. „Во оваа изложба застапени се неколклу видови водни животни, змии, јагула, мренка, клен карас и краби, Охридското езеро има премногу видови и не може да се презентираат со мала изложба. Ова е моја прва изложба како препаратор во природно научното одделение во музејот во Струга, под менторство од препаратор во пензија Макед…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top