Дек 30, 2021

Во Струга нема да има организиран дочек на Нова година

Во Струга нема да има организиран дочек на Нова година на градскиот плоштад. Градските власти одлучија да не трошат пари на музичка програма.  Парите ќе ги пренаменат за потребите на јавните претпријатија. Ваквата одлука е донесена поради пандемијата и кризната состојба во енергетскиот сектор. Туристичките работници сметаат дека градот како туристички центар треба да организира новогодишна забава за привлекување на што поголем број туристи. Сигурно дека локалната власт мора да организира. Не би рекол дека оваа година поради ситуацијата, разбираме за оваа година, но наредните години би…

Дек 20, 2017

Пречистителната станица за третман на отпадни и фекални води во колапс

Сериозна е состојбата со пречистителната станица во Враништа. Дел од фекалиите директно се влеваат во реката Црн Дрим во Струга, односно во Охридското Езеро. Пречистителната станица веќе 6 месеци е во колапс вели директорот на МЈП „Проаква“ Р.Е. Струга, Ваит Ајро. Според него механичките дефекти кои што настанале изминатиов период и не биле решени се причина поради вакавата состојба „Конкретно дневно се прелеваат 700-800 литри во секунда непречистени фекалии во реката Дрим, а делумно и во Охридското езеро, тоа е вистинска еколошка бомба, реално системот предизвикува еколошки проблеми и ала…

Дек 20, 2017

Стружани покажаа голем интерес за јавната дебата за буџетот и развојните прогрми на општинатa

Општина Струга го слуша гласот на своите граѓани истакна првиот човек на градот Рамиз Мерко. Денес во хотел Дрим Струга беше презентиран концептот на граѓанскиот буџетски форум, кој се одржува трета година по ред во организација на Центарот на заедницата на општина Струга. Мерко во оваа пригода истакна дека како општина сакаат да бидат транспарентни и отворени пред граѓаните што всушност на граѓаните тоа им било и ветено во изборната кампања. „Тоа и го правиме да ги слушнеме граѓаните за нивните потреби односно за нашите мислења за развојот на градот поточно за инвестициите каде ќе ги насо…

Дек 13, 2017

Струга, прави напори да го врати пливањето

Подобри денови за пливањето во Струга очекува Ацо Ѓуроски, тренерот на ПК. Тој смета дека мора да се врати епитетот на „пливачака Струга“ некогашната лулка на овој спорт. Значењето на пливањето е огромно не само како спорт, туку и во превентивното делување врз деформитетите кои се јавуваат кај децата со рбетниот столб, но огромна е примената на пливањето и за рехабилитацијата појаснува Ѓуроски. „За едно општество најбитен е правилниот развој на децата. Тоа е за подобра иднина на сите. Затоа централната и локалната власт е многу заинтересирана за децата, за нашата иднина да имаме правилен р…

Дек 7, 2017

Конечно ќе се реконструира затворениот пливачки базен во Струга

Ќе се реновира некогашниот затворен пливачки базен во Струга. После едена деценија, за прв пат сигурни сме во намерата на Агенцијата за млади и спорт, која во буџетската програма за 2018 год предвиде средства за обнова на некогашниот репрезентативен објект, вели Ацо Ѓуроски, спортски работник од Струга. Тој пренесува дека во тек била постапката на докомплетирање на потребната документација која општина Струга треба да ја достави до Агенцијата. Ѓуроски истакна дека овој пат голема поддршка имале и од струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. „Пред неколку дена и официјално добивме потврда од Аге…

Ное 24, 2017

Ограбена експозитурата на ТТК банка во Струга?

ТВМ Телевизија неофицијално дознава дека утрово се случил грабеж во експозитурата на ТТК банка на влезот во Струга. Од СВР Охрид сеуште не ја потврдуваат инормацијата. Повеќе информации следуваат во изданијата на дневникот на ТВМ ТелевизијА.

Ное 21, 2017

Состојбата со квалитетот на водата од градскиот водовод во Струга е нормализирана

Од Центарот за јавно здравје информираат дека Состојбата со квалитетот на водата од градскиот водовод во Струга е нормализирана. Објаснуваат дека вредноста на матноста е во граници на пропишаната и законски дозволена. Состојбата со квалитетот на водата од градскиот водовод во Струга по однос на параметарот матност е нормализирана, односно последните три последователни мерења на 6 мерни места во Струга и околината покажуваат дека вредноста на матноста е во граници на пропишаната и законски дозволена. Во тек е комплетна микробиолоска и хемиска анализа на сите параметри во водата, по што, соо…

Ное 20, 2017

Водата во Струга сеуште небезбедна за пиење

И вчерашните (19.10.2017 г.) контролни анализи на водата за пиење од градската водоводна мреза во Струга, по однос на параметарот резидуален хлор (дезинфекционо средство) и матност, што ги ивзрши Центар за јавно здравје Охрид (последната вчера-19.10.2017,во 14:15 мин.) покажаа дека водата од градскиот водовод содржи доволно количество на дезинфекционо средство (резидуален хлор), но матноста е сеусте над законски дозволената и прописана вредност. Тоа значи дека водата од градскиот водовод во Струга сеуште не е здравствено безбедна за пиење. Состојбата постојано се следи и јавноста ке биде и…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top