Мар 30, 2009

Кривични пријави за малолетните хулигани

Малолетните средношколци со иницијали О.Г.,  В.С. и  К.Б.  заработија кривични пријави за  иницирање на тепачка во Струга, а во која беа вклучени повеќе лица. Поради основано сомнение дека сториле  кривично дело „Насилство“, полициската станица Струга против нив поднесе кривични пријави. Станува збор за тројца средношколци во втора година од  “Ибрахим Темо“ , а родени 1992 и 1993 година од Велешта. Заработија три кривични пријави за насилство. Тие на 27 март веднаш по завршувањето на часовите , со поголема  група на нивни сооученици ги следеле трите лица со кои имале од порано меѓусебни нер…

Мар 30, 2009

Кој ќе добие подршка од ВМРО ДПМНЕ

Дополнително ќе пресече централната власт. Од партијата очекуваат дека после изборите во Струга ќе добијат влијатено место во политичкиот систем.Подршката на струшкиот огранок на ВМРО ДПМНЕ ќе биде одлучивачки за тоа кој ќе седне на градоначалничката фотеља во Струга. Гласовите кои ги освои оваа партија  во првиот круг ќе бидат од големо значење и за двајцата кандидати, вели Славко Котески. Засега, сеуште нема инструкции од централната власт, каде ќе одат гласовите кои членовите и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ ќе ги дадат во втората изборна трка. Котески вели оти после изборите очекува дека нег…

Мар 30, 2009

Закани за Фијат Цаноски

Првиот човек на ПЕИ, Фијат Цаноски ги потврди информациите на ТВМ за меѓупартиски инциденти во Струга. Активисти на ДУИ им се заканувале на внуците на Цаноски, а неговото семејство постојано било следено од непознати лица со автомобили, информира градоначалничкиот кандидат.Информацијата која ТВМ ексклузивно ја објави во саботата, за меѓупартиски инциденти во Струга, вчера претседателот на ПЕИ официјално ја потврди на прес конференција. Градоначалничкиот кандидат од ПЕИ, Фијат Цаноски, рече дека во изминатиов период врз неговото семејство и партиски членови и симпатизери, постојано се вршеле…

Мар 28, 2009

Инцидент ПЕИ-ДУИ

ТелевизијА ТВМ дознава дека синоќа во Струга имало меѓупартиски инцидент. Извор од струшкиот огранок на партијата ПЕИ го потврди инцидентот и посочи дека активист на ПЕИ бил малтретиран од неколку  активисти на ДУИ. Настанот се случил во доцните вечерни часови, кога нивниот активист бил пресретнат, насилно извлечен од возилото, при што бил вербално навредуван, а возилото било претресувано.Од партијата ПЕИ додаваат и дека случајот веднаш бил пријавен во полиција. Официјално, за случајот ќе се огласат утре на прес конференција.Од СВР Охрид пак, негираат  дека до нив пристигнала пријава за вак…

Мар 28, 2009

Приведени учесниците во вчерашната масовна тепачка во Струга

Разговорите во Полициската станица се обавени во присуство на родителите на учениците. На разговори ОВР Струга дополнително повика  уште две лица со цел расветлување на околностите кои што претходеле на тепачката, рече портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.Дваесет и двајца ученици од втора година од гимназијата „Ибрахим Темо“, биле повикани на информативен разговор во полициската станица во Струга. Според СВР Учениците се сомничат дека учествувале во масовната тепачка што вчера околу пладне се случи на околу 300 метри од училиштето.Во Полициската станица, Струга дополнително повикани се …

Мар 27, 2009

Тројца ученици повредени во тепачка во Струга

Овој пат инволвирани се два класа од гимназијата „Ибрахим Темо“. Засега не е познат мотивот за инцидентот.Повторно конфликти помеѓу ученици во Струга. Тепачката помеѓу ученици албанци  и македонци се случи утринава околу 11часот и  30 минути. Неофцијално конфликтот  бил надвор од училишните дворови на двете средни училишта, односно непосредно до така наречената „Стара Пожарна“. Во неа биле вклучени околу 60-тина ученици од втора година, од гимназијата „Ибрахим Темо“. Епилогот од тепачката се тројца повредени кои се пренесени во хирушкото оделение во Струга. Лицата се надвор од животна опасн…

Мар 27, 2009

ДПА ќе го подржи Рамиз Мерко

Тоа е став и одлука на претседателот на нашата партија, Мендух Тачи, и ние го почитуваме тоа, вели Менди Чура. Испровоцирани од изјавите на  досегашните прес конференции одржани од оваа партија, на кои изнесоа безброј критики за наводно незаконско работење на актуелниот градоначалник, Рамиз Мерко, логично се наметна се наметна прашањето, дали подршката која му ја даваат на Мерко значи подршка и на неговото работење.На денешната прес конференција, градоначалникиот кандидат од ДПА потенцира оти на прв поглед се чини дека изборниот процес помина мирно но вели очигледно е дека истиот не биле де…

Мар 26, 2009

Цаноски порача да се гласа за човек а не политичка партијa

Време е да ги заборавиме етничките делби, да размислуваме што е добро за нас,  а не кој работи за албанците а кој е против македонците. Во вашите раце е судбината на Струга и граѓаните, вие треба да одлучите кој да го води овој град, оваа е пораката од кандидатот за градоначалник Фијат Цаноски упатена до стружани. „Етничките делби се минато, тоа го докажавме во привиот круг гласање, не е важно дали градоначалникот е албанец, турчин или македонец, важно е тој да знае да работи“- додаде Цаноски.Тој на прес конференцијата потенцира оти доколку тој биде прв човек на Струга ќе работи во интерес …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top