Мај 5, 2018

Бектеши: До 2020 година, во нашата земја ќе престојуваат над еден милион туристи

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Струга имаше состанок со претставници на Асоцијацијата на хотели, ресторани, кафетерии и автокампови ХОТАМ, предводени од претседателот Крсте Блажевски. На средбата се разговараше околу подготовките за туристичката сезона и за интересот на граѓаните за користење на мерката на Владата за поддршка на домашниот туризам за работници со ниски приходи, која е со рок за аплицирање до 31.05.2018 година. Министерот Бектеши истакна дека оваа година за месец јануари и февруари во споредба со истиот период минатата година имаме раст на домашни и странс…

Апр 30, 2018

Струшкиот отпад ќе се транспортира во Дрисла

Отпадот од дивата депонија во Струга ќе се транспортира во скопска Дрисла, за 40 дена. Сеуште е отворен јавниот тендер со кој општина Струга избра компании кои ќе се погрижат конечно да се реши овој горлив проблем. Дашмир Насуфи од општина Струга појснува како ќе се одвива целата постапка околу оваа проблематика. „Првиот дел е конструкција на местото монтажа, и за тоа има заинтересирано едан компанија ов Струга, вториот дел е конзервирањето на сметот, тука конкурираа две компании и третиот дел е транспорт за Дрисла, каде конкурираше само една компанија“ Вкупната сума која е предвидена за …

Мар 7, 2018

Неколку населби во Струга деновиве се под водa

Неколку населби во Струга деновиве се под вода. Тоа е последица од обилните врнежи кои деновиве беа зачестени но и од наглото топење на снегот. Овој проблем во Струга е децениски, велат дел од анкетираните граѓани. Тие кажаа дека една од причините е тоа што дел од куќите се изградени под нивото на езерската вода. „Проблемот со водата е со години. Но, мислам дека главниот проблем за овие поплави е во главниот канал кој се наоѓа покрај магистралниот пат кој води за Албанија. Ако тој канал се одржува и се чисти на време, нормално дека водата ќе се влева во реката Црни Дрим и земјиштето ќе бид…

Мар 7, 2018

Стружани донираа за ранливата категорија

Општина Струга денес организираше собирна акција, во која се вклучени струшките ЈП и ОО на Црвен крст и Центарот на заедниците. Секогаш се залагаме за хуманоста која треба да постои, да се негува и секогаш треба да се користи како алатка за помагање на лица кои навистина им треба помош од институциите и граѓаните, исткна градоначалникот на Струга Рамиз Мерко. Тој нагласи дека од 2007 година Локалната самоуправа финансиски го оддржува здружението „Порака“, а новиот совет го зголеми буџетот за нив.. „Ево и денес и во наредните денови и месеци и во целиот мандат, сите ние ќе помагаме на сите …

Фев 21, 2022

Што се гради во пазарот во Струга?

До рубриката „Ти си твојот град“ пристигнаа фотографии за изградба на чуден објект во струшкиот пазар. Граѓаните се љубопитни и сакаат да дознаат за каков објект станува збор и која ќе биде неговата намена.   ТВМ Телевизија деновиве ќе се обиде да најде одговор на ова прашање.

Мар 2, 2018

Неизвесна е градбата на социјални станови во Струга

Граѓаните на Струга сеуште во неизвесност дали ќе се градат социјални станови за ранливата категорија. Бројот на лицата кои немаат покрив над глава или пак живеат во лоши услови во општина Струга од ден на ден расте. Во 2015 година од Агенцијата за стопанисување со стамбен и деловен простор имаше најава дека и во оваа општина треба да започнат со изградба на социјална зграда, дури беше позната и локацијата, во населбата Плитишта, но за жал тогаш не нашле заеднички јазик со поранешниот градоначалник Зијадин Села, околу реализација на овој проект. Актуелниот градоначалник Рамиз Мерко открива …

Фев 26, 2018

Едно возило за цела болница во Струга

Општа болница Струга располага само со едно болничко возило. Тоа е за потребите на сите одделенија во оваа медицинска установа. Не ретко посебно во летниот период се случува да има потреба и по неколку пати во текот на денот ургентно да треба да се транспортираат пациенти до Државната болница во Скопје, открива директорот на болницата д-р Асим Муса. Тој додава дека често и тоа возило и покрај тоа што е функционално, има дефекти. „Вистина е дека имаме само едно возило. Истото е од 2007 година и има поминато 400 илјади километри. Цела болница го користи само тоа возило. Често имаме потреба д…

Фев 22, 2018

Тевдовски: Целосно транспарентен процес во јавните набавки

Со цел да имаме Закон за јавни набавки кој ќе биде квалитетен, донесуваме нов закон кој ќе биде применлив и прифатлив подолго време, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски на денешната втора дебата за реформите во јавните набавки која се одржа во Струга. Според него значајни промени во насока на надминување на утврдените слабости во системот на јавни набавки предвидува новиот предлог закон, посочувајќи дека наместо „најниска цена“ како единствен критериум за јавните набавки како што беше досега, со една од промените како критериум за најповолна понуда се поставува „економски најпов…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top