Јул 29, 2009

И ова лето лубеници и дињи низ цела Струга

Диви продавачи на овошје има на сите страни. Надлежните со добра координација ќе го решаваат овој проблем.Товарни возила со лубеници и дињи на сите страни во Струга. Со овој проблем граѓаните вообичаено се соочуваат во текот на летната сезона. Наместо на кванташки пазар да бидат сместени сите продавачи на овошје, тие распространети се низ сите улици по градот. Лубеници и дињи се продаваат на пазарот, но на самиот пат, а не во просторот наменет за тоа. Истиот е даден под закуп, информира директорот на Комуналното претпријатие, Петко Кутаноски. Вели едена од приоритетните работи е повторно Ко…

Јул 28, 2009

Продолжува сторијата за семејството Узуноски

Нема крај на маките на семејството Узуноски. Соседот или пак како што тие го нарекуваат купецот на долниот кат, овој пат им направи друг проблем. На секој можен начин се обидува да ни ги скрати основните услови за живеење. Соговорникот тврди дека купецот дошол и насилно им ја исклучил водата. Веќе 10-тина дена нема капка вода на вториот кат, каде живеат тие.„Јас болен човек морам да имам дома вода. Сега одиме до црквата да полниме вода за да донесеме тука“-кажува соговорникот Љубен Узуноски.Тој  и неговото семејство реагираат што соседот, досега не ја поставил вратата која неодамна ја откор…

Јул 27, 2009

Мамографијата е императив!

Во Струга во ренген оделението расте бројот на пациентки кои вршат превентивни прегледи. Кампањата која се спроведува уште од 2007 година позитивно се одразува во средината во која живееме. Во струшкиот регион, од тогаш па се до денес бројот на пацинети кои направиле мамографија изнесува 1 447. Се прегледуваат жени од различни возасти, информираат стручните лица. Како и секоја болест така и карциномот на дојка, може да се излечи доколку превентивно и навреме се делува. Освен првиот преглед, пациентите мора задолжително  да се придржуваат на нашите препораки.  Доколку има потреба од дополнит…

Јул 27, 2009

Октишани добија вода

Проектот за новото водоснабдување свечено го пуштија во употреба Цаноски и Фератоски. Жителите на село Октиси конечно добија вода. По подолг период го решија проблемот со водоснабдувањето. Октишани од раните утрински часови, повеќе нема да чекаат ред на селската чешма. Дефинитивно и за секогаш добија квалитетна вода за пиење. ТВМ точно пред една година го актуелизира ова прашање, тогаш институциите молчеа, но граѓаните јавно проговорија за горливиот проблем.Стартот на новото водоснабдување симболично се означи со пуштање на вода од чешмата на сред село. На свеченоста беше најавено присуство…

Јул 25, 2009

70 лица дополнително ќе ја чистат Струга

Само за краток период, ефектот е на завидно ниво. Струга блеска, велат граѓаните. Струга во наредниве 6 месеци ќе заблеска. Освен вработените во комуналното претпријатие, за време на летниот и есенскиот период, за хигиената на градот ќе се грижат уште 70 лица. Граѓаните велат дека на Струга и тоа како и  треба засилување со лица кои ќе се грижат за јавната хигиена.Според анализите направени минатата година за невработените лица во Струга, утврдивме дека во градот има 2 800 луѓе кои долгорочно не се работно ангажирани, информира Владисслав Жупан од Локалната Самоуправа. Токму затоа аплицирав…

Јул 24, 2009

“Cinemania” по втор пат во Струга

Овој пат, со ново име и различна содржина.Посетеноста ги надмина очекувањата на организаторите.Во Струга по втор пат филмски фестивал. Наместо ланскиот американски филм ноар, годинава се одржува истиот фестивал, но под име “Cinemania”. Измената е направена бидејќи на тој начин  имаме поголема слобода во изборот на филмови, појаснуваат организаторите. Фестивалот се одржува на отворено, во некогашната Кино бавча, при Дом на Култура. За разлика од лани, годинава измени има во изборот на филмови и траењето на фестивалот. Ќе се одржува  16 дена, а секоја вечер од 21 часот се прикажува различен ф…

Јул 24, 2009

Дрвениот мост во Струга, јасна и присутна опасност

Дрвениот мост во Струга забранета зона. Од сите страни деновиве се поставени табли со кои се предупредуваат граѓаните дека истиот е опасен за минување и оти може да се сруши во секој момент. По многу години надлежните баш  пред туристичката сезона се одлучија да забранат комуникација по дрвениот мост.Граѓаните велат дека информативните табли не се пожелни среде туристичка сезона. Лошо време одбрале надлежните од Локалната самоуправа, коментираат граѓаните.Стручните лица пак со поинаков став. Велат дека подобро дрвениот мост да се затвори за употреба за време на сезоната од колку да се сруши…

Јул 23, 2009

Жените во Македонија се најактивни

Со 30% се присутни во Собранието на РМ, а речиси исто толку ги има и во локалните совети.Жените во Македонија се доволно вклучени во телата на одлучување. „Со добра организација успеавме да бидеме вклучени во сите сфери, посебно во оние кои имаат големо влијание врз нашиот живот. Во парламентот 32% од  пратениците се од женскиот пол, додека во локалните совети се вклучени приближно  30%. За жал, во Македонија нема ниту една жена на градоначалничка функција“ вели пратеничката Лилјана Попоска, претседател на комисијата за еднакви можности при Собранието на Р. Македонија, и додава „Сепак, раду…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top