Авг 24, 2009

Убиство во Струга

Неофицијално, поранешните сопружници подолго време имале семејни недоразбирања, а истрагата треба да го утврди мотивот за свирепото убиство.Според првичните неофицијални информации од истрагата, Перо Шулески (1961) ја убил поранешната сопруга Голубинка (1962), која по разводот го променила презимето во Јанеска. Котевски потврдува дека од ОВР Струга многупати против двајцата сопружници  поднесувале  прекршочни пријави за нарушување на јавниот ред и мир.  На осомничениот Шулевски му била и изречена забрана да и се приближува на поранешната сопруга, а против него била поднесена и кривична приј…

Авг 24, 2009

Ќе има ли етнички делби во „Нико Нестор“?

Ќе има ли повторно етнички делби во средното училиште „Нико Нестор“ во Струга? Ова прашање повторно ја разбранува струшката јавност. Очекувањата на Локалната самопуправа од Струга се дека новата учебна година во стручното училиште ќе ги зближи  учениците Албанци и Македонци.„На кој начин од септември ќе се реализира наставата во „Нико Нестор“ – тема на која вчера подолго време се дискутираше во Струга. Министерот за образование и наука Никола Тодоров се сретна со градоначалникот на Струга, директорот на училиштетото и претставници од истото. Иако сеуште неофицијално, се чини дека начелно е …

Авг 22, 2009

Неуморни од струшкиот огранок на ДПА

Серија сериозни обвинувања кон актуелното централно раководство на  Владата на Никола Груевски денеска упатија од струшкиот огранок на ДПА. Образованиот систем во Струга болна точка, за која не гледаат излез од ДПА. Тие се крајно револтирани од посетата на Претседателот на Владата на РМ Никола Груевски во Струга, која ја коментираат дека е почеток на една злонамерна агенда на актуелното партиско водство. Решението кое го понуди Груевски за проблемот во средното образование само ќе ги зголеми меѓуетничките тензии, бидејќи тоа не е ништо друго само борба за добивање поени вели претседателот н…

Авг 21, 2009

Во Струга по 48-ми пат започна да се слави поезијата

Поетите од сите континенти, меѓу кои и годинешниот лауреат словенечкиот поет, Томаж Шаламун, големиот број гости и почитувачи на поезијата, ги поздрави, и вечерите за отворени ги прогласи Министерот за култура Елизабета Канческа Милеска. „Да посакаме сите мали и големи јазици на светот да бидат велесила на уметничкиот збор затоа што само тоа ја брани идејата на човечката надеж и вечност во цивилизациската меморија, истакна  при тоа Милеска. Струшките вечери на поезијата станаа симбол на овој град и голем празник за сите нас, кој ги облагородува нашите души, ги поздрави поетите од светот и с…

Авг 20, 2009

Започнуваат „Струшките вечери на поезијата“

Со традиционално читање на песната Т`га за југ, со концерт на маестро Симон Трпчевски и со меѓународното поетско читање на „Поетски мередијани“, вечерва свечено се отвораат 48те Струшки вечери на поезијата. „Изразувам јавна благодарност до поетот Томаж Шаламун, кој ја прими овогодинешната награда на СВП“, рече поеот Славе Ѓорго Димовски.„ Ова е најважната награда за мене“, изјави Шаламун.„ Стружани секогаш знаеле да направат правилна селекција на вистински поети со висок потенцијал, кои ќе се претстават на оваа престижна манифестација и кои ќе ја заслужат наградата „Златен венец“, констатир…

Авг 19, 2009

Тешка сообраќајна незгода

Вчера се случи тешка сообраќајна несреќа на патниот правец Охрид-Струга. Во неа учествуваа четири возила заради кои синоќа тој дел на патот цели 5 часа беше затворен за сообраќај. Од СВР Охрид портпаролот Стефан Димовски, вели дека направен е увид од страна на стручни лица, и за брзо време ќе се знаат причините до кои дошло до несреќата.Во несреќата 3 лица се здобиле со тешки телесни повреди, при што задржани се во болницата Св Еразмо-Охрид  на понатамошно лекување. Шест лица се полесно повредени од кои само едно било пренесено во општа болница Охрид, врз кое веднаш е реагирано со потребна …

Авг 19, 2009

Партиски ограноци на Нова Демократија го напуштаат Селмани

Потпретседателот на младите Демократи од Струга Блертон Положани, денеска ги прекина своите ангажмани во Нова Демократија. Неговиот изговор за овој потег е дека, ги прифаќа изјавите на Ружди Матоши и Беким Фазлиу. Понатамошната определба, на која партиска опција ќе се приклучи сеуште не се знае, вели Положани.Бившиот потпретседател на Нова Демократија Положани не сакаше да ги коментира причините зошто се решил на ваков чекор. Деновиве, сведоци сме дека повеќе партиски ограноци на Нова демократија го напуштаат Имер Селмани лидерот на оваа опција. Набргу се очекува да се знае причината за вак…

Авг 15, 2009

Македонски културни конаци

Годинава по единаести пат се одржаа Македонски културни конаци во Струга. Овој настан е уште еден доказ дека македонската култура има богата традиција не само кај нас туку и надвор од нашите граници. Камбаните во црквата Св Ѓоргија во Струга денес го најавија почетокот на манифестацијата  „Македонските духовни конаци“. По единаести пат Струга е домаќин на овој значаен настан кој има национален, духовен и културен карактер. Оваа манифестација ја карактертизирааат и наградите „Велја Кутија“ за книга, „Духовен Воин“ за личности од земјата и странство, воини за македонската кауза. Претседателот…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top