Предлог новиот урбанистички план ги вознемири станарите од зградите викани „Кули“. Обвинуваат оти градоначалникот на Струга за свој интерес ќе им наштети на 150-тина жители. Сакал да изгади 4 згради на заедничкиот двор од станарите, кои сами го уредиле. Видот ни се затвара, пристап ќе нема ниту амбулантво возлило, велат станарите. Приговорот од жителите не е стигнат во рацете на надлежните, велат од одделението за урбанизам.Жителите од „Кулите“ застанаа против, како што велат самоволието на градоначалникот Рамиз Мерко. Револтирани од измените на урбанистичкиот план на о.Струга здружени по…
Уште една провалена црква во струшко. За само дестина дена ова е втора кражба на верски објект во струшкиот регион. Овој пат мета на вандалски чин е црквата „Свети Архангел Михаил“ во село Ташмаруништа. Непознатите сторители одзеле девет икони и две царски порти кои биле позлатени. „Ова не е прва кражба во селото, но едиствена е од ваков карактер“- раскажува претседателот на Црковниот Одбор, Петар Филипоски. Често во помалите цркви се случуваше да се украдени парите но не и на икони, додава тој. Во селото сеуште не знаат кога точно се случила кражбата, претпоставуваат дека вандалскиот чин …
„Бумерангот“ неочекувано и во Струга. Утрово околу 8 часот, специјални единици на МВР во рамките на своите активности ја прочешлаа работата на граничкиот премин „Ќафасан“. При акцијата приведени се 15 полицајци, едно лице сеуште недостапно и тројца цариници од граничниот премин. Акцијата траела околу час и половина, кажуваат очевидците, кои биле во близина при спроведување на истата. Приведените 18 лица се осомничени за злоупотреба на својата службена положба. Како што соопшти МВР утврдено е дека полициските службеници вршеле кривични дела – „примање поткуп„ и „злосторничко здружување„ – …
Од црквата во Долна Белица се украдени 10 икони, а не како што првично беше кажано 20-тина. Стручните лица направија увид и констатираa оти од Св. Богородица фалат вредни предмети. Неофицијално, иконите се во вредност од околу 6 илјади евра. Засега, од сторителите нема ни трага ни глас. Ова го потврдија од струшкиот Музеј по увидот кој го направија по втор пат. Установено е дека од црковниот објект фалат 10 драгоцени икони со различни димензии. Испитувањата се вршени според регистарот на заведени икони на Р.Македонија но и по документацијата со која располага струшкиот музеј, направена пред…
И покрај стравувањата економската криза не остави белег во туризмот, велат од таму. Но, не беше така и за останатите туристички работници.Солидна туристичка сезона. Ова е оценката на О.Струга за летото кое е на самиот крај. Економската криза ја почувствуваме и ние, велат од таму. „Евидентно беше дека оваа година, сезоната траеше само триесетина дена. Најмногу гости имавме за време на илинденските празници, само тие денови во градов беа присутни околу 20 илјади гости“, кажува секретарот на о.Струга.„Мислам дека беше средна, нема да кажеме дека беше одлична или лоша сезона. За тоа повлијаеа …
Непознати сторители демолираа три турдиња. Муслиманските гробишта во Струга мета на вандалски чин. Синоќа, засега непознати лица демолирале три објекти, кај муслиманската вероисповед познати како турдиња, места каде се погребани духовни личности. Причината за овој немил настан сеуште не ни е јасна, вели соговорникот кој прв го регистрирал овој настан, инаку задолжен за одржување на муслиманските гробишта. Кога дојдов на работа, непријатно се изненадив, со свои очи видов како објектите без милост се срушени, додаде соговорникот.„Синоќа околу 19 часот од овде поминал градоначалникот Рамиз…
Најдовме решение прифатливо за двете страни, вели директорот. Наставата ќе се следи во мешан состав.Дефинитивно нема етнички делби во „Нико Нестро“. Средношколците од утре настава ќе следат во мешан состав, потврди директорот Никола Затуроски. Учениците албанци од медицинската и економската струка, од прва, втора, трета и четврта година, ќе бидат во иста смена со учениците македонци од сите насоки. Истиот начин на следење настава важи и за учениците македонци од двете струки. И тие ќе бидат во иста смена со албанците од останатите насоки. Вака е организирана наставата поради бројот на учени…
Семејството Петкоски во својот двор доби нов сосед. За само 20-тина дена, додека тие биле на летување, на црешата во нивниот двор, се доселиле рој диви оси. Вретеноидна кошница, со кафеаво бела доја виси на гранките од дрвото, веднаш до домот на Петкоски. Зачудени се што за толку брзо време инсектите го изградиле нивниот дом.„На почетокот кошницата беше мала, но за многу краток период изградија поголема, и со отвор за некој сантиметар поголем од оној кој беше на почетокот“-раскажува Владо Ѓоровиќ. Не не плаши фактот што во нашиот двор има кошница со диви оси, но сепак очекуваме опасност би…