Окт 2, 2009

За еден месец украдени 42 икони

„Сигурно станува збор за организиран криминал, и луѓе кои точно знаат која икона кава вредност има“ вели Гоце Жура историчар на уметност од завод и музеј Охрид.Дваесетина години од црквите во Охрид и Охридско не беше украдена ни една икона. Последната кражба, на која граѓаните се сеќаваат е онаа во црквата Св Наум кој се случи во 1985 год, вели Гоце Ангеличин – Жура, историчар на уметност од заводот за заштита на спомениците на кутурата. „Интензивните кражби кои што се случија во Струшко, ме запрепастија, додава Жура. Не бев повикан на увидот, но за толку кратко време да бидат украдени толк…

Окт 2, 2009

Локацијата кај струшките муслимански горбишта се уредува.

Сакаме овој простор да биде достојно место за погребување, велат иницијаторите на акцијата.  Просторот кај струшките муслимански гробишта интензивно се расчистува. Граѓаните одганизирано по своја воља превземаат активности за расчистување и уредување на просторот околу муслиманските гробишта. Иницијативата ја покрена генералот Адил Газафер, чиј син почина пред два месеци. Сакам неговиот вечен дом да биде уреден и овој простор да наликува на достојно место за погребување на сограѓаните, низ солзи кажува Газафер. Сите активности кои се превземаат ќе бидат покриени со средства на граѓаните на …

Сеп 30, 2009

Новата брошура на О. Струга ги збуни граѓаните

Револтирани се на терминот „Службено прифаќање на христијанската вера“. Ваковј поим не постои, велат свештените лица. Терминот „Службено прифаќање на христијанската вера“ ги збуни експертите, свештените лица но и граѓаните. Пред два дена на веб порталот на ТВМ пристигна коментар од граѓанин на Струга кој побара од нашата информативна редакција да му ја разреши дилемата, Што значи „Службено прифаќање на христијанската вера“?. Инаку, како што стои во коментарот, овој термин може да се види на промотивен материјал издаден од Општина Струга, а е во контекст дека  „Изградбата на христијанските х…

Сеп 29, 2009

Струшките советници денес ја одржаа 4-тата седница

Формирањето паралелки со помал број ученици, ја разгори дискусијата во струшкиот совет. Советниците од ДПА побараа да се овозможат исти услови за учење како за македонците така и за албанците. Нивното внимание беше сконцентрирано на неколкуте предлог Одлуки поврзани со образованието. „Неопходно е сите заедно да ја излгасаме предлог одлуката за формирање паралелки со помал број во средните училишта“- истакна советникот а воедно и директор на „Нико Нестор“, Никола Затуроски.На оваа предлог одлука реагираа и советниците од ДПА. Љуљзиме Зулали  вели, ние бараме сите  ученици да имаат исти услов…

Сеп 28, 2009

Високо ниво на фискализација

За разлика од другите делови од Македонија, во охридско-струшкиот регион фискализацијата на ниво. Сите стопански субјекти го почитуваат законот, набавиле фискален апарат, велат од регионалната дирекција на УЈП.Фискализацијата на високо ниво во Охрид и Струга. Речиси, сите даночни  обврзници набавиле фискални апарати. Зачестените контроли потврдуваат дека обврзниците си ги почитуваат законските одредби и ја спроведуваат фискализацијата во целост, вели Петко Колчакоски, директор на регионалната дирекција на УЈП  во Битола. Негова отценка е дека истата во охридско-струшкиот регион зазема голем…

Сеп 28, 2009

Не запираат кражбите по струшките цркви

Овој пат провалена црквата Св. Никола во Вевчани. Украдени се вредни предмети од верскиот објект.Уште една провалена црква во струшко. Иако неодамна се одржа состанок во кој беа вклучени сите инволвирани страни, за да се зголеми безбедноста на верските објекти, сепак очигледно ниту тоа не помогна да се заштити црквата „Св.Никола“ во Вевчани. Викендов засега непознати сторители извршиле кривично дело „Тешка кражба“ во тој  верскиот објект кој се наоѓа речиси во центарот на Вевчани. Според информациите на СВР Охрид, тоа било направено со тврд предмет,  со насилно отварање на споредната врата …

Сеп 23, 2009

Експонираниот „Закон за јавна чистота“, заборавен

Комуналните инспектори признаваат оти „Законот за Јавна чистоа“ е само на хартија.„Законот за Јавна чистота“ заборавен. Ако фрлите отпушок од цигаре или пак ако ако плукнете на јавно место, треба да платите глоба од 50 евра.  Возилата да  бидат дистанцирани од контејнерите, стои во „Законот за јавна чистота“. Во пракса речиси ниту еден член од „Законот не се почитува“.Минатата година овие законски прописи беа експонирани повеќе од потребното,  за до денес „Законот за јавна чистота“ да биде целосно заборавен.„Факт е дека премногу овој закон беше рекламиран во јавноста иако за тоа реално нема…

Сеп 25, 2009

ЕУ, што е тоа?

Граѓаните на Македонија не се едуцирани што значи да си дел од ЕУ. Незнаат како функционираат членките дел од европското семејтво,  и кои би биле предностите ако нашата земја се вброи меѓу нив. Граѓаните незнаат што  значи да си дел од  семејството на Европската унија. Жителите на Македонија речиси и воопшто да не се информирани кои се предностите  да си членка на овој клуб,  или пак   како се креира политиката во рамки на унијата, велат добро упатените лица. Неинформираноста на граѓаните  се должи пред се на тое што тие повеќе се интересираат за други работи кои ја засегнуваат државата, на…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top